Контакт

Македонија

Состанок на Јадранската група следната недела во Скопје

Објавено пред

Македонија на 28-ми и 29-ти март ќе биде домаќин на Конференцијата на министрите за одбрана на Јадранската Група (Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и БиХ) и преставници на САД, информираат од Министерството за одбрана.

Македонија на 28-ми и 29-ти март ќе биде домаќин на Конференцијата на министрите за одбрана на Јадранската Група (Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и БиХ) и преставници на САД, информираат од Министерството за одбрана.

Од американска страна се очекува присуство на заменик-помошникот државен секретар за одбрана Селесте Валандер.

Целта на конференцијата, како што информираат од одбрана, е да го поттикне дијалогот и размената на мислења. Учесниците ќе ги разгледуваат предизвиците со кои се соочува регионот, особено земјите на западен Балкан.

Предвидено е на состанок да се разговара за Глобалната економска криза и нејзините импликации врз регионалната безбедност и развој, енергетската безбедност, како и можностите за примена на НАТО концептот на „паметна одбрана“ во рамките на регионалната безбедносна соработка пред мајскиот Самит на НАТО во Чикаго.

На конференцијата се поканети и амбасадорите и воените аташеа од земјите-членки на НАТО, претставници на невладиниот сектор, експерти од Женевскиот центар за безбедносна политика, НАТО, Советодавниот тим на НАТО во Македонија, претставници на Без Ален Хамилтон, дипломати, истражувачи и експерти во доменот на одбраната. /крај/ач

Македонија

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година

Објавено пред

Важноста на пасошите со истечен рок се продолжува до 31 декември 2021 година, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од 01.07.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2021 година, се продолжува до 31 декември 2021 година“, велат од МВР.

Од таму појаснуваат дека измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Објавено пред

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските новински агенции.

Покрај нашата држава, Европската комисија предложи додавање и на Србија, Албанија, САД, Хонг Конг, Тајван, Макао, Саудиска Арабија и Либан на списокот со земји безбедни за патување.

На состанокот утрово во Брисел амбасадорите на земјите членки го поддржале ставот дека во овие земји има „задоволителна епидемиолошка состојба“, што им овозможува на нивните граѓани да патуваат во земјите членки, без ограничувања, пишуваат агенциите

Оваа проширена листа треба официјално да стапи во сила в петок, 18 јуни, пренесуваат медиумите.

Тие потсетуваат дека од 1 јули минатата година, поради избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, ЕУ воведе список на таканаречените безбедни трети земји, на кои границите на ЕУ ќе останат отворени.

Досега на списокот се најдоа осум земји: Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.

Списокот се заснова врз голем број епидемиолошки критериуми вклучувајќи го и степенот на вакцинација, а со најновото ажурирање вклучува 15 земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев, Димитров и Османи утре во Бугарија

Објавено пред

Премиерот, Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот, Никола Димитров, и од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе заминат во посета на Софија, Бугарија.

Како што соопштија од Владата, целта на посетата е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија.

Премиерот и владината делегација ќе имаат средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет2 часа

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион2 часа

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија2 часа

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет3 часа

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија3 часа

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет4 часа

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ19 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија21 час

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија22 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија23 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет24 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија24 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија1 ден

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет1 ден

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија1 ден

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет1 ден

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет1 ден

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет1 ден

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија2 дена

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Досие