Контакт

Македонија

Тодоров може да кaзнува за починатата родилка од Битола

Објавено пред

Министерот за здравство Никола Тодоров најави санкции, доколку се утврди лекарска грешка во случајот кога родилка почина во битолската Клиничка болница.

Министерот за здравство Никола Тодоров потврди дека е направена обдукцијата и дека по добивањето на резултатите, ќе бидат преземени соодветни мерки.

„Доколку се утврди дека постои лекарска грешка нема да има двоумење од моја страна да бидат преземени чекори кои се пропишани со прописите во Македонија“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

На 19-ти март, 24-годишна родилка почина во битолската болница. Машкото бебе коешто го родила успеа да преживее.

Родилката не се разбудила по царскиот рез што врз неа бил направен. Лекарите од одделението за гинекологија на Клиничката болница во Битола велат дека при акушерско-хируршкиот дел немало проблеми при породувањето, но дека се јавиле кардиоваскуларни и белодробни компликации, а анестезиолозите и покрај обидите не успеале да ја спасат.

За вистинската причина за смртта ќе се чекаат резултатите од обдукцијата./крај/мф/

Македонија

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистриран е четири нови случаи на Ковид-19 од кои три во Скопје и еден во Прилеп.

Регистрирани се и 14 оздравени пациенти од Скопје – 8, Куманово – 3 и по еден од Прилеп, Неготино и Македонска Каменица.

Пријавено е едно починато лице од Скопје на 66-годишна возраст и во болнички услови.

Направени се 1.337 тестови преку: ИЈЗ-28, ЦЈЗ Скопје-27, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Авицена-81, Биотек-157, Систина-115, Синлаб-14, Никоб лаб-141, ВФВ Медикал-49, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 597.

Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.

Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:

Скопје 68614, Активни 183
Куманово 8868, Активни 49
Прилеп 8319, Активни 33
Тетово 7232, Активни 28
Битола 6304, Активни 18
Велес 5471, Активни 3
Гостивар 5180, Активни 14
Кавадарци 5153, Активни 0
Охрид 5011, Активни 19
Штип 4959, Активни 2
Струмица 4113, Активни 6
Струга 2981, Активни 4
Кочани 2791, Активни 4
Кичево 2578, Активни 26
Гевгелија 2195, Активни 3
Неготино 2184, Активни 3
Свети Николе 1523, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1222, Активни 2
Радовиш 1161, Активни 7
Берово 1029, Активни 0
Делчево 972, Активни 4
Дебар 941, Активни 2
Виница 886, Активни 5
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 376, Активни 3
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 1
Дојран 132, Активни 0

Прикажи повеќе...

Македонија

Платите на судиите ќе се зголемат за 15 отсто

Објавено пред

Министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити, изјави дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто.

„ По повеќе години дебати со Здружението на судии дојдовме во фаза каде што постигнавме согласност и сериозен напредок во нашите разговори. Денес на нашата средба се договоривме дека има согласност од Владата и Здружението на судии за зголемување на платите на судиите во вкупен износ од 15%. Тоа зголемувањето ќе се одвиваат постепено, односно 10% оваа и 5% следната година“, изјави Маричиќ.

Според министерот за правда постигната е согласност разговорите да продолжат и согласно можностите да се овозможи дополнително зголемување за 5% во 2023 година, со што ќе се дојде до посакуваната цел за вкупно зголемување на платите на судиите од 20%.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи – Кааг: Холандија го поддржува португалскиот предлог за надминување на проблемот со Бугарија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на лидерскиот НАТО Самит на земјите членки на Алијансата се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Сигрид Кааг, што воедно претставува и нивна прва средба, откако неодамна, Кааг ја презема функцијата министер за надворешни работи на Холандија.

Двајцата министри покрај безбедносните предизвици разговараа и за европското досие на Република Северна Македонија, особено можностите за заокружување на одлуката на Советот за почеток на преговорите за време на португалското претседателство. Министерката Кааг во оваа прилика истакна дека Холандија го поддржува португалскиот предлог за надминување на проблемот со Бугарија.

Османи го поздрави холандскиот „строг и фер“ принцип, што значително помага во спроведување на реформската европска агенда и имплементирање на европските стандарди, во насока на европските амбиции на Република Северна Македонија.

Кааг ги поздрави остварените резултати, со цел зајакнување на демократијата и владеење на правото, при што ја истакна нужноста од континуирана и посветена имплементација на европските стандарди и реформските цели, давајќи поддршка на евроинтегративните перспективи на Република Северна Македонија со верба дека набргу и формално ќе почнат преговорите за пристапување во ЕУ.Холандија се вбројува помеѓу најголемите билатерални донатори на нашата земја што претставува исклучителен придонес за севкупниот напредок, како и за европската перспектива на земјава и во тој контекст, министерот Османи се заблагодари за принципиелната и недвосмислена поддршка од Холандија за европската интеграција на нашата земја, посебно преку поддршка на судството, реформа на јавната администрација и приближувањето кон европското законодавство.

Во продолжение, двајцата министри разменија мислења, предлози и сугестии за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка, ставајќи посебен акцент на интересот и потребата од засилување на економската соработка, преку идентификување на можниот интерес за инвеститорите и за интензивирање на трговската размена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистриран е четири нови случаи на...

Европа23 минути

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени со коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија2 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија2 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион3 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија3 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија5 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет5 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија6 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт18 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт18 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт18 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија1 ден

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа1 ден

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија2 дена

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Досие