Контакт

Македонија

Распишан конкурс за осум воени пилоти

Објавено пред

Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во петокот распиша конкурс за обука на осум пилоти за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Предвидено е стручното оспособување на пилотите да се врши во Центарот за обука на пилоти во Петровец што денеска го посетија министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески.

Согласно условите на конкурост, кандидатите не треба да се постари од 28 години и да имаат исполнето низа услови и критериуми за психофизичка подготвеност.

Предвидено е обуката да се извршува 18 месеци. /крај/мф/ач

Македонија

Андоновска: Ако за вакцинација сте се пријавиле во април, па во јуни, системот го евидентира само последното пријавување

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска на прес-конференција посочи на проблем со системот за пријавување за вакцинација.

Марија Андоновска исакна дека се’ уште луѓе над 60 години и со хронични заболувања чекаат да бидат повикани за вакцинирање иако се уредно пријавени на сајтот vakcinacija.mk

„Ако сте веќе еднаш пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што според кажувањата на одговорното лице од одделот за електронско пријавување, кој како одговор го добивме јавувајќи се на бројот 0215444, се евидентира само датата на вашата последна регистрација на сајтот. Тоа значи дека ако сте се пријавиле во април месец па потоа во јуни, системот ќе го евидентира вашето последно пријавување, односно она што сте го направиле во јуни месец“, рече Андоновска.

Таа нагласи дека никој од надлежните досега ги нема известено за граѓаните за овој проблем, што е крајно несериозен пристап на министерството и министерот за здравство, Венко Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Намален притисокот во болниците, од коронавирус низ целата држава се лекуваат 101 пациент

Објавено пред

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ Македонија е 101 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје има хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Четворицата пациенти биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа, во главниот град,  дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 7 болни, а во Куманово 16 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 2, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Прикажи повеќе...

Македонија

20 мигранти од Бангладеш, од кои 9 деца затекнати во возило кај Куманово

Објавено пред

Дваесет мигранти од Бангладеш, меѓу кои 9 деца биле затекнати вчера во комбе на автопатот Куманово – Табановце, кај место викано „Костурник“.

Со возилото управувал Љ.М.(44) од Скопје, кој е приведен од страна на полицијата.

По наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени на социјален работник од Министерството за труд и социјална политика, а Љ.М. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Намален притисокот во болниците, од коронавирус низ целата држава се лекуваат 101 пациент

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците...

Македонија2 часа

„Кога пилите ќе стивнат“ – утре протест за сечата на дрвја

За утре со почеток во 12 часот, на улицата Орце Николов , најавен е протест против сечата на дрвја. Зад протестот...

Македонија2 часа

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Свет2 часа

Ќе се фрлат спорните серии oд вакцините „Џонсон и Џонсон“

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) соопшти дека фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ ќе мора да фрли повеќе милиони...

Македонија3 часа

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт16 часа

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион19 часа

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија20 часа

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија22 часа

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија22 часа

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Македонија22 часа

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија23 часа

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија24 часа

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија1 ден

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија1 ден

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ1 ден

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Свет1 ден

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Ќе донираме половина милијарда вакцини за сиромашните земји и нема да бараме против-услуга

Американскиот претседател Џо Бајден, кој најави дека САД ќе донираат половина милијарда вакцини против Ковид-19 во 92 земји кои се...

Македонија1 ден

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит

Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит. Гимназијалците и оние од стручното образование, избираа помеѓу предметите...

Македонија1 ден

Успешно извршена четвртата трансплантација на срце

Рано утрово, срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Министерот за здравство,...

Досие