Контакт

Македонија

Груевски: Нема да ја сменам Јанкулоска

Објавено пред

Петкратното убиство што се случи кај езерото Смилковци тектонски ја измести безбедноста на државата и луѓето сé повеќе се затвораат во своите домови.

dobivaj vesti na viber

Ваков став изнесе опозицијата во четвртокот во Собранието чијашто седница беше резервирана за институцијата пратенички прашања, а пратеникот на СДСМ, Игор Ивановски побара од премиерот Никола Груевски да ја смени министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„Како е возможно никој од Управата за безбедност и контраразузнавање, којашто ја води вашиот најблизок човек, да нема информаци за овие страшни криминални активности, за ова страшно петкратно убиство? Како е возможно Агенцијата за разузнавање, која е исто така под ваша контрола поради поданичкиот однос на претседателот Ѓорге Иванов,  да нема никакви информации. Пред само две седмици без објаснување беше сменет директорот на Агенцијата за разузнавање. Како е возможно партиските луѓе во јавната безбедност да дозволуваат вакви безбеднсони киксови. Дали по сé што се случи, ќе ја смените министерката Јанкулоска“, изјави пратеникот на опозицискиот СДСМ, Игор Ивановски и го праша премиерот како можел да појде во црквата Св. Димитрија за 20 минути да го види чудото, а не пошол кај жителите на Радишани кога тие го викале.

Премиерот Груевски изрази сочувство до семејствата на убиените и повтори дека Министерството за внатрешни работи со сите свои сили и со целиот капацитет деноноќно работи на расветлување на овој случај.

По неколку минути објаснување, премиерот директно и категорично одговори дека е задоволен од работата на Јанкулоска и дека нема да ја смени.

„МВР со сите свои сили и со целиот свој капацитет деноноќно работи на расветлување на овој случај. Вчера имав можност да бидам во МВР, досега никогаш не сум видел таква висока мотивираност за што побрзо да се најде строителот на ова дело и да се изнесе пред судот. Јас верувам дека овие луѓе ќе успеат да ги најдат сторителите и да ги изведат пред правдата. Оваа структура на Министерството за внатрешни работи со сите нејзни слабости и пропусти, коишто сите живи луѓе ги имаат, е неспоредливо попрофесионална од службите на  коишто  вие им дадовте довербата кога бевте на власт. Ќе ви одговорам директно – не, нема да ја сменам министерката и нема да дозволиме да се вратат времињата кога криминалот цутеше“, изјави премиерот Никола Груевски.

За петкратното убиство зборуваше и пратеникот на Санџачката лига, Сафет Бишевац, кој, исто така, побара одговорност од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Тој го спомена и црвениот „опел“ којшто е еден од клучните докази во истрагата и рече дека дел од медиумите објавиле дека „опелот“ бил виден и претходно во тој регион. Според него, тоа би можеле да го направат луѓе кои мислат дека се над законот, дека такви луѓе постојат, како оние во Виница и Кочани кои со години го тероризирале тамошното население.

Министерката Гордана Јанкулоска уште еднаш повтори дека убиството е грозморен чин и дека сторителите ќе ги стигне казната неминовно и рече дека и покрај тоа што имаат информации, не можат да ги споделат со јавноста, не затоа што не сакаат туку заради тоа што нивен приоритет е истрагата. Информациите на Бишевац ги нарече извртување на вистината.

„Не исклучуваме ниту едно сценарија, ниту една опција, меѓутоа мора да бидеме внимателни и трпеливи мораме да внимавнеа да не зборува од онолку колку што е неопходно бидејќидо нив може да дојдат до сторителите кои за жал се уште се на слобода и може да значи нивно успешно бегање од правдата.  Г-дине Бишевац барем во делот на информираање, верувам дека успеавте да забележите дека првата информација дојде токму од Министерството за внатрешни работи во текот на критичниот ден во неколку наврати имавме и прес-конференции а јас на самиот ден пред да заврши увидот ја информирав јавноста за оние информации“, реле Јанкулоска.

Опозицијата го критикуваше Министерството за внатрешни работи и за акцијата „Детонатор“, којашто според нив била борба за превласт во владејачката партија, односно борба меѓу агенции за безбедност, а едната од нив, како што рекоа, била на директорот на УБК, Сашо Мијалков.

„Полицијата на една половина на теритотијата на државата не ги штителе граѓаните и не ги гонела криминалците,  туку сама го организирала криминалот и тоа го правеле цели шест години луѓето на министерката. Како е возможно овие шест години да влезат повеќе од илјади покер апарати од странство небаре се чепкалки за заби“, рече Ивановски и праша зошто за ова немаат одговорност министерот за финансии и царина, како и директорот на Управата за јавни приходи.

Според Груевски, додека СДСМ биле  власт не се апселе криминалци и граѓаните не можат да се сетат на ниедна слична акција од тој период.

„Немојте да кажете дека тогаш немаше криминал, но властите го толерираа криминалот и соработуваа со криминалот“, заклучи  Груевски./крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи“, се наведува во извештајот на Стејт департментот

Објавено пред

Министерот за правда ги затвори бугарските културни клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година, со кој се бара од организациите именувани по поддржувачи или соработници на фашизмот да ги променат своите имиња, се наведува во извештајот на Стејт департментот.

dobivaj vesti na viber

„Во февруари, по препорака на Комисијата за антидискриминација, обвинителството во Битола отвори прелиминарна истрага за клубот „Иван (Ванчо) Михајлов“ поради говор на омраза. Претседателот на клубот беше обвинет за поттикнување етничка и расна омраза и нетолеранција и ширење расизам и ксенофобија. Две лица се обвинети за нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, кој се саморегистрирал како Бугарин, по национална и етничка основа на омраза“, се вели во извештајот.

Во однос на слобода на здружување во Бугарија, во извештајот се наведува дека Законот предвидува право на слобода на здружување и владата генерално го почитувала.

„Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите.

Во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден-Пловдив со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, биле насочени кон поделба на нацијата и ќе создадат услови за етнички конфликт. Во мај, Апелацискиот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд“, нотира извештајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ-и заедницата и поткопана слобода на изразување, забележа Стејт департментот во извештајот за човекови права во Македонија

Објавено пред

Сериозна владина корупција, сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, насилство и закани за насилство насочени кон ЛГБТ-и заедницата се само дел од забелешките во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Северна Македонија во 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Извештајот меѓудругото нотира значителни „одложувања во судењата кои вклучуваат сериозна корупција, при што само неколку беа завршени до септември, вклучително и оние против поранешни владини функционери.  Уставот предвидува независно судство, но владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност, вели извештајот.

„Веродостојните извештаи за неоправдано судско несоодветно однесување, непотребен политички и деловен притисок врз судиите, непотизам, клиентелизам, долготрајна правда, несоодветно финансирање, отпор кон користење на законски задолжителна технологија и недоволен кадар, ја попречија судската ефикасност и влијаеше на довербата на јавноста во владеењето на правото“.

Анкетите покажале силна недоверба на јавноста кон судството.

„Унапредување под политичко влијание без заслуга или транспарентност се случи во судството и обвинителството. Во јануари, Судскиот совет утврди дека двајца судии на Апелациониот суд во Скопје свесно ги одложиле одлуките за да ги истуркаат обвинетите да го поминат рокот на застареност. На 26 април, Судскиот совет го разреши својот претседател, потег што критичарите тврдеа дека укажува на политичко мешање. Двајца членови поднесоа оставки од Судскиот совет како одговор, а неколку истакнати граѓански организации побараа целосна оставка на Советот“.

Слободата на изразување била поткопана од неефикасноста на правосудниот систем, недостатокот на транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции, несоодветното однесување во име на јавните службеници во нивната интеракција со новинарите, притисокот врз новинарите кои истражуваат корупција, дезинформациите, говорот на омраза во онлајн и социјалните медиуми, и самоцензура.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Одрони на неколку патни правци

Објавено пред

ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.

dobivaj vesti na viber

За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.

Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.

„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија15 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија17 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија19 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија20 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија21 час

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет22 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија22 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет22 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија22 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет23 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија2 дена

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија2 дена

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија2 дена

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија2 дена

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...