Македонија
Се одбележува денот на Европа
Македонија го одбележува 9-ти мај- Денот на Европа, во знак на сеќавање на 1950 година кога тогашниот министер за надворешни работи на Франција, Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање организирана Европа, како опција за одржување на мирот на со војните разурнатиот и поделен континент.
Предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што го денес го знаеме како Европска унија.
Роденденот на Европската унија – 9-ти мај во Македонија се одбележува со серија активности преку кои се приближува пораката на ЕУ до македонските граѓани и се запознаваат со приближувањето на земјата кон полноправно членство во Унијата.
Делегацијата на Европската унија во Скопје по тој повод организира конференција на тема „Како да ги зајакнеме граѓаните во Европа“, прием по повод Денот на Европа.
Град Скопје и Младинскиот културен центар ќе организираат повеќечасовна забава во Градскиот парк. Општина Центар во соработка за Делегацијата на ЕУ во Скопје на плоштадот „Македонија“ организира Европски хепенинг и трка на келнери и келнерки, додека општина Гази Баба ќе го одбележи Денот на Европа со полагање цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто во паркот во истоимената наслеба.
Во Битола по повод Денот на Европа ќе бидат поставени штандови на државите-членки на ЕУ на плоштадот „Магнолија“ и ќе се одржи детскиот фудбалски хепенинг „Спортот не знае за граници – спортот обединува“.
Манифестација по повод Денот на Европа во организација на невладината организација Open Gate ќе се одржи и на Државниот универзитет во Тетово.
Прослави насловени „Да ја истражиме Европа“ ќе организираат и Инфо точките на ЕУ во Куманово, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Велес, Битола и Кочани.
Денот на Европа го симболизира објавувањето на декларацијата на Шумјан со која тогашниот министер за надворешни работи на Франција, Роберт Шуман, им предложи на довчерашните непријатели – Германија и Франција да воспсотават заедничка организација за управување со индустријата за јаглен и челик.
ЕУ на Советот во Милано во 1985 година одлучи 9 -ти мај од тогаш официјално секоја година да се одбележува какао Ден на Европа. /крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.