Контакт

Македонија

Чикаго – реприза на Букурешт

Објавено пред

Надминувањето на спорот со името со Грција останува услов за Македонија за приклучување во НАТО, содржан во декларацијата објавена од шефовите на влади и држави на алијансата на самитот во Чикаго.

dobivaj vesti na viber

Алијансата повикува на изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот во рамки на Обединетите Нации и го нотира придонесот на земјата во операциите предводени од нејзина страна.

„Го повторуваме договорот од нашиот самит во Букурешт во 2008 година, како што направивме на последователните самити, да и врачиме покана на поранешната југословенска Република Македонија да и се приклучи на алијансата штом се постигне взамно прифатливо решение за спорот со името во рамки на Обединетите Нации и силно охрабруваме интензивни напори во тој правец. Што поскоро решение и последователно членство ќе придонесе за безбедност и стабилност во регионот. Охрабруваме преговорите да се водат без понатамошно одложување и очекуваме да бидат завршени што е можно поскоро. Ги поздравуваме и продолжуваме да ги поддржуваме континуираните реформски напори во поранешната југословенска Република Македонија и охрабруваме нивна континуирана имплементација. Исто така и охрабруваме нејзините напори за натамошна изградба на мулти-етничко општество. Го цениме значајниот придонес на поранешната југолсовенска Република Македонија за нашите операции, како и за нејзината активна улога во регионалната соработка. Ја цениме дологрочната посветеност на поранешната југословенска Република Македонија на пристапниот процес“, се вели во точката 26 од Декларацијата на шефовите на држави и влади на земјите-членки на НАТО. /крај/со/ач

Македонија

Време денес повремено со пороен дожд и грмежи, температурата ќе достигне 14 степени

Објавено пред

Вренето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено пороен и проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени, јавува УХМР.

Ветерот долж Повардарието ќе продолжи да засилува и во среда. Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и услови за грмежи. Потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Важно е разликата помеѓу Гордана и Стево да биде огромна, за да се спречат сите завери кои ги коваат Али и Ковачевски

Објавено пред

е повикувам на мобилизација. Излезете и гласајте против оваа завера што и се прави на Македонија. Ние резервна татковина немаме и одговорот ќе го дадеме преку заокружување на бројот 2 и изборот за професорката Гордана Силјановска Давков, да и посакаме добредојде на идната претседателка Гордана Силјановска Давкова, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Штип.

dobivaj vesti na viber

„Запомнете, задутре за два дена од денес е важно како никогаш досега историски е важно разликата помеѓу идниот претседателка Гордана Силјановска Давкова и чиракот на Али, измеќарот на Али, Стево Пендаровски да биде што е можно поголема. Излезете и гласајте“, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски упати порака и до младите и додаде:

„Не ја прифаќам тезата дека сте незаинтересирани за политиката, туку многу повеќе ја прифаќам тезата дека сте разочарани од факторите кои треба преку политиката да ја креираат вашата иднина. Ја имате младешката пркост, но допрва ќе го стекнете искуството и способноста да распознавате што е манипулација, а што реална понуда. Поддржете не и јас ви ветувам дека нема да ве разочараме. Дајте шанса на енергијата што носи промени и нов начин на работа. Ви велам и да приклучете се и заедно од внатре да ги менуваме заедно работите“, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски упати порака до неопределените и до огромното тивко мнозинство на Македонија.

„Тоа се оние луѓе на чии плеќи се носи и гради Македонија, но никогаш не биле во фокусот на оваа држава, а системот ги потргнувал на страна. Тоа се луѓето со извонредни капацитети, кои никогаш вистински не добиле шанса. Тоа се нашите чесни и лојални сограѓани. Земјоделецот на нивата, продавачот во маркетите, наставниците, учителите, работниците, невработените, пензионерите, но и младите кои се како што кажав можеби и незаинтересирани од политиката затоа што чувствуваат горчина поради сите неправди и сите порази. Сите вие кренете ја главата горе високо. Доаѓаат подобри времиња, а овие избори се вашата шанса да ги промените работите. Излезете и гласајте и поддржете ја опцијата која ви велам дека ќе ја направиме Македонија повторно твоја, Македонија повторно горда“, дециден е Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Објавено пред

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во Битола го одржа завршниот митинг од кампањата за првиот круг на изборите, од каде испрати порака до ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател.

dobivaj vesti na viber

„Денеска ја чув и најновата иновација на главната противкандидатка од ВМРО-ДПМНЕ која спомнува дека времето на овој Устав поминало, дека имаме потреба од нов Устав и вели дека особено во делот на односите меѓу етничките заедници дека тоа биле транзициони решенија и дека треба да ги менуваме. Не можам да верувам дека универзитетски професор, 23 години по Рамковниот договор, го оспорува договорот кој прво ни донесе мир а потоа ги постави основите на една мултиетничка држава и општество, договор заради кој не примија во НАТО и заради кој преговараме за влез во ЕУ со перспектива за неколку години да станеме членка. Мојата порака до нив е Немојте да си играте со судбината на Македонија. Тие договори се во основата на безбедноста на државата“ рече Пендаровски.

Пендаровски повика на масовна излезност и поддршка на 24 април, затоа што тогаш ќе се решава кој ќе победи во вториот круг, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ лажно се претставуваат како најголеми македонски патриоти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија13 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија14 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија15 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија17 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија17 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија18 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија19 часа

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија19 часа

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија19 часа

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија20 часа

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа20 часа

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа21 час

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...

Свет24 часа

Нетанјаху планира да го нападне Рафа: „Ќе му нанесеме нови тешки удари на Хамас“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера им вети на Израелците дека ќе го засили „воениот притисок“ врз Хамас „во наредните денови“,...

Европа24 часа

(Видео) Украина: Погодивме руски спасувачки брод на Крим

Војската на Украина вчера соопшти дека погодила и оштетила еден од најстарите руски спасувачки бродови во Севастопол, базата на руската...

Свет1 ден

Пет ракети лансирани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Пет ракети биле истрелани вчера од ирачкиот град Зумар кон базата на американската армија во североисточна Сирија, соопштија два ирачки...

Свет1 ден

(Видео) На Шри Ланка автомобил влета во гледачите за време на трка, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа, а 21 се повредени кога автомобил влета во гледачи за време на автомото трка организирана од...

Македонија1 ден

Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини

Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да...

Свет2 дена

Бремена жена е убиена денеска во израелски напад во Газа, бебето спасено со царски рез

Девојче се роди денес по итен царски рез на нејзината мајка, која беше убиена во израелски напад врз градот Рафа...

Свет2 дена

Русија и се заканува на Америка поради историска одлука: Ова ќе заврши со понижувачко фијаско

Русија денеска соопшти дека поддршката на американските претставници за нова помош за Украина во износ од 60,84 милијарди американски долари покажува...