Македонија
Усвоен правилникот за здравствени пунктови во фирми со над 100 вработени
Еден дефибрилатор и пет обучени лица за негово користење е обврската на организациите со над 100 вработени лица, предвидена во правилникот донесен од Министерството за здравство.
Покрај фирмите, слична обврска ќе имаат и хотелите, кои ќе треба да поседуваат еден преносен дефибрилатор и кутија за прва помош. За време на собири, треба да се обезбеди присуство на едно лице кое ќе знае да ракува со дефибрилаторот и да даде прва помош по потреба.
„Највисок приоритет треба да биде спасување живот. Ова е многу благороден проект и апелирам до сите дека кога се размислува на овој проект се размислува на еден спасен живот“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Проектот ќе се спроведува со помош на Клиниката за кардиологија и Црвениот крст на Македонија.
„Дефибрилацијата во западните земји го прават немедицински лица, не треба да дојде медицинска екипа за да се спаси живот“, изјави Сашко Кедев, директор на Клиниката за кардиологија.
Организирањето здравствени пунктови е предвидено со Законот за здравствена заштита. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Буквално насекаде низ Македонија се чувствува победничката атмосфера
„Во овие 15 дена од кампањата за првиот круг за претседателски избори буквално насекаде низ Македонија се чувствува победничката атмосфера, се чувствува како граѓаните се обединуваат околу желбата за промени“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Ранковце.
„Масовно на 24-ти април да излеземе овде во Ранковце и да го поддржиме идниот претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова. Тоа е многу важно затоа што државата ни е одземена од мала група на луѓе кои што се дел од раководството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ кои што цело време за да добијат некое парче коска од наместените тендери, да добијат некое ситно евро во џебот и да ги задржат своите фотелји упорно и упорно шест и половина години измеќарат на овие од Мала Речица“, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека Македонија ја претворија во еден вид на артаноиден режим. Таква е денеска Македонија поради дел од раководството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ.
„Пред шест и половина години овие што сега се Влада ни ветуваа дека ќе донесат слобода, ќе донесат правда, подобар живот, подостоинствен живот, поквалитетен живот за граѓаните, повеќе пари за граѓаните. А, во суштина што направија? Донесоа цикличен артаноиден хибриден режим“, рече тој.
„Кога велам артаноиден тука мислам и на неговиот ментор, а тоа е Али Ахмети од Зајас, кој што денеска ја доби Македонија на тацна од Ковачевски, Зечевиќ и останатите неколкумина политичари во раководството на СДСМ, кои се покажаа и докажаа како главни измеќари“, укажа Мицкоски.
Тој посочи дека никој не очекуваше една државотворна партија СДСМ да се претвори во гранапче на Али Ахмети, на Артан, на ДУИ и да бидат главни измеќари само за да ги задржат своите позиции.
„Тоа е политичкото мочуриште во кое што ние денеска живееме“, истакна Мицкоски.
Мицкоски укажа дека СДСМ и Стево Пендаровски немаат план, немаат програма. Единствено нешто што научиле е само ЕУ, ЕУ.
„А, од ЕУ им остана само еврото кое што го крадат од вас граѓаните преку наместени тендери“, нагласи тој.
„После осми мај Македонија ќе биде повторно слободна и предводена од Влада на ВМРО-ДПМНЕ. А, сите оние кои што и нанесоа зло, неправда, болка, јас ви ветувам дека ќе одговараат“, порача Мицкоски.
Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ на овие избори се бори за 61 пратеник и за претседател Гордана Силјановска Давкова. Време е граѓаните да живеат достоинствен живот во Македонија каде што ќе има правда, успешен образовен систем, подобар здравствен систем.
Македонија
Тошковски: СВР Охрид треба да биде во поголем објект, на соодветна локација, што ќе овозможи поефикасно работење
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работни посети на Секторот за внатрешни работи Охрид, Езерската и Сообраќајната полиција како и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Свети Наум каде одржа работни состаноци со раководствата на овие организациски единици.
СВР Охрид покрива 7 општини и во првото тромесечие од 2024 година се забележува стабилна безбедносна состојба со намалување од 13.5% на бројот на кривични дела во однос на првото тромесечиче во 2023 година на подрачјето кое го покрива.
„Во делот на спроведувањето на изборите кои ни претстојат, СВР Охрид има изготвено план и е спремен за справување со безбедносните предизвици кои ги носат изборите. Од аспект на човечки ресурси, пополнетоста е на незадоволителни 52%. Имајќи го предвид фактот дека Охрид е популарна туристичка дестинација во летниот период, има потреба од дополнителн број на полициски службеници и проширување на капацитетите, особено на полициската канцеларија во Пештани. Исто така, треба да се размислува за дислоцирање на СВР Охрид во поголем објект кој ќе биде на соодветна локација која ќе овозможи поефикасно работење“, потенцираше министерот Тошковски.
Што се однесува до Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро министерот Тошковски беше информиран дека ја покриваат сината граница во должина од 23.4 километри и постапуваат во делот на илегална миграција, прекуграничен криминал по воден пат на охридското езеро, контрола на внатрешната пловидба како и санкционирање на незаконит риболов. Во тој контекст се соочуваат со недостиг на обучени полициски службеници со соодветни дозволи за управување на пловни објекти, како и немање на договор со економски оператор за сервисирање на пловните објекти.
„Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Свети Наум покрај тековните активности во летниот период врши проверки и на езерскиот сообраќај преку отворање на привремен граничен премин за туристички посети. Се соочуваат со недостаток на човечки ресурси, а ја истакнаа и потребата од подобра едукација и обука на кадрите кои се распоредуваат во организациските единици кои се дел од граничната полиција“, подвлече Тошковски.
Македонија
Ковачки: Во Македонија владее една структура што е на заминување меѓутоа е под директно влијание на Мала Речица
Во изминатиот период во изминатите неколку дена имав можност да посетам многу населени места, градови села се сретнав со многу луѓе со земјоделци со образовни работници со лекари со воени лица со полицајци и секаде каде што одев преовладуваше една иста мисла. Време е за промени време е Македонија да престане да губи време Македонија да почне да победува- кажа Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ3 од митингот во Ранковце.
„Време е Македонија да ја вратиме во рацете на граѓаните, затоа што Македонија ни е одземена, ни е украдена и затоа што Македонија ни е понижена. Во Македонија владее една структура што е на заминување меѓутоа е под директно влијание на Мала Речица. Значи луѓе со 13 пратеници во изминатиот период успеаја да ја девастираат Македонија. Да го уништат системот да ги уништат институциите“, кажа Ковачки и додаде:
Здравството не функционира, земјоделците ни велат немаме загарантирана откупна цена, немаме вода за да си ги наводнуваме нашите ниви, немаме откупни центри епа затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе вложи 800 милиони евра само за земјоделците. Ќе ги реновираме сите водоводни канали. Ќе воведеме откупна загарантирана цена и ќе отвориме нови откупни центри.
Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува 5 000 денари покачување на пензиите за сите. Ветуваме проширување на позитивната листа на лекови. 250 милиони евра директна помош за Општините.
„ВМРО-ДПМНЕ ветува реализација на следните проекти: Изградба на делницата од Страцич (Чатал) до Длабочица како дел од експресниот пат А2, од Ранковце до Крива Паланка од патниот коридор 8 до Република Бугарија. Ќе се работи на изградба на канализациона мрежа за Опила, изградба на патен правец с. Петралица до село Баратлија, изградба на општински пат Радибуп до Средна маала, како и повеќе други проекти кои заедно со Општината Ранковце ќе ги реализираме“, нагласи Ковачки и додаде:
За сето тоа потребна ни е поддршка, масовната излезеност за пет дена од сега ни е многу важна. Поддршка на 24-ти април за г-ѓата Гордана Силјановска Давкова. Потоа на 8-ми мај да славиме голема и убедлива победа, да си ја вратиме Македонија.