Македонија
29 нови случаи на Ковид-19, меѓу шестмината починати и 40-годишник

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.856 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19 од Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Тетово, Битола, Гостивар, Охрид, Виница и Кратово по 2 и по еден случај од Велес, Радовиш, Делчево и Демир Хисар.
Регистрирани се и 50 оздравени пациенти од Скопје – 39, Куманово, Прилеп и Битола по 2 и по еден од Виница, Кочани, Кичево, Гевгелија и Свети Николе.
Пријавени се вкупно 6 починати лица од Скопје (40г), Куманово (78г), Прилеп (95г), Тетово (54г), Штип (61г) и Струмица (73г). Од пријавените едно лице е починато во домашни, а останатите во болнички услови.
Направени се 3.856 тестови преку: ИЈЗ-345, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово–35, ЦЈЗ Куманово–59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-5, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–17, МАНУ-64, Жан Митрев (Филип Втори)-206, Авицена-313, Биотек-444, Систина-137, лабораторија Лаор-615, Синлаб-85, Ремедика-84, Плодност–80, Генеа–83, Никоб лаб-168, ВФВ Медикал-80, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 827.
Досега во земјата се направени вкупно 811.693 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:
Скопје 68563, Активни 395
Куманово 8843, Активни 109
Прилеп 8309, Активни 56
Тетово 7219, Активни 43
Битола 6298, Активни 51
Велес 5469, Активни 11
Гостивар 5179, Активни 28
Кавадарци 5153, Активни 8
Охрид 5008, Активни 53
Штип 4959, Активни 15
Струмица 4111, Активни 36
Струга 2981, Активни 23
Кочани 2789, Активни 12
Кичево 2568, Активни 40
Гевгелија 2194, Активни 9
Неготино 2184, Активни 8
Свети Николе 1523, Активни 9
Ресен 1234, Активни 9
Крива Паланка 1219, Активни 3
Радовиш 1160, Активни 23
Берово 1029, Активни 2
Делчево 972, Активни 10
Дебар 940, Активни 1
Виница 884, Активни 19
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 2
Крушево 490, Активни 4
Демир Хисар 400, Активни 6
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 376, Активни 9
Македонски Брод 359 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 3
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград.
Тој преку својот Фејсбук профил, порача дека очекува во најкраток можен рок, институциите во Република Бугарија да ги најдат сторителите и соодветно да ги казнат.
„Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави. Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија“, пишува во објавата на премиерот Ковачевски.
Македонија
ЦУК: Пожар кај селото Миладиновци

Искрење на бандера, предизвика пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинеријата ОКТА.
Центарот за управување со кризи на својот фејсбук профил објави дека во моментот се интервенира на негово гаснење.
,,Во 19:05 часот на телефонскиот број 112 пријавен е пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинерија ОКТА кој настанал како резултат на искрење на бандера и истиот се проширил на околната сува трева. Во моментот на местото на настанот се екипи на БППЗ на Град Скопје и полиција. Се интервенира на негово целосно гаснење и во моментот нема опасност од негово проширување”, се вели во соопштението од ЦУК.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград: Да запре говорот на омраза кон Македонците во Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград. Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на Македонците во соседството е пред се резултат на поданичкиот однос на власта, која го дозволи и мотивира тој однос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека сега Ковачевски и Пендаровски на дело гледаат кај ја донесоа државата и македонскиот народ. Народот не смее да биде жртва на власта, затоа и ВМРО-ДПМНЕ бара промени. Потребна е власт која ќе се грижи за народот.
Упатуваме апел и до Бугарија и до меѓународните институции во таа земја, што побрзо да се откријат вандалите, истите да се казнат и да се запре со говорот на омраза против Македонците, се вели во соопштението.