Контакт

Македонија

Работа, пензија, стан за бранителите со предложениот закон на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието на Република Македонија, поднесе Предлог за донесување на закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и за членовите на нивните семејства.

dobivaj vesti na viber

Со предлог законот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства ќе им се овозможи бесплатно здравство, вработување, стан под закуп, еднократна парична помош, права во образованието, работен стаж во двојно траење, семејна пензија, сместување во старечки домови и одбележување на местата каде што загинале припадниците на безбедносните сили и одликувања.

Законот кој има за цел регулирање на посебните социјални права кои им се уставно загарантирани на припадниците кои учествуваа во одбраната на суверенитетот на Република Македонија, предвидува остварување на посебните и социјалните права на припадниците на безбедносните сили, што ќе претставува морална и материјална сатисфакција за претрпените страдања и болки од воениот конфликт во 2001 година.

Припадниците на безбедносните сили на Република Македонија, како војник на отслужување на воениот рок, професионален војник, воен старешина и цивилно лице на служба во постојаниот состав на АРМ, униформирано лице во МВР, како и лице со посебни должности и овластувања вработено во Министерството за одбрана и во МВР и воен обврзник во резервниот состав на АРМ и МВР, кои организирано учествувале во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија и во спречување на насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија, сметано од 1 јануари 2000 година до 31 декември 2001 година, се опфатени со овој предлог закон.

За загинат припадник на безбедносните сили, според текстот на предлог законот се смета припадник на безбедносните сили кој загинал во вооружени дејствија против вооружените екстремистички паравоени групации.

Починат припадник на безбедносните сили се сметаат припадници кај кои настапила смрт како директна последица од рана или повреда здобиена во вооружени дејствија против вооружените екстремистички и паравоени групации; смрт како директна последица на појава на болест и влошување на болест заради учество во вооружените дејствија против вооружените екстремистички и паравоени групации, но и извршено самоубиство како последица на психичка болест која се појавила како директна последица на учество во вооружените дејствија против екстремистичките и паравоени групации.

„За воен инвалид во смисла на овој закон се смета припадник на безбедносните сили кој здобил рана, повреда или болест, при одбрана на суверенитетот на Република Македонија, при што настапило оштетување на неговиот организам најмалку за 20% и чиј организам е оштетен најмалку 20% поради болест, а болеста, влошувањето на болеста непосредно е последица во вооружените дејствија против екстремистичките и паравоени групации. За членови на семејство на припадник на безбедносните сили се сметаат: брачниот другар, децата и родителите“, стои во предлог законот.

Лицата кои стекнале или можеле да стекнат права по овој закон, не можат да ги остваруваат тие права ако оштетувањето ги здобиле како припадници, помагачи или соработници на вооружените екстремистички и паравоени групации, односно лица против кои се води кривична постапка или кои се правосилно осудени поради недозволено држење на оружје или распрскувачки материи или за кривични дела против државата или против човечноста и меѓународното право согласно со Кривичниот законик, како и членовите на нивните семејства кои стекнале или можеле да стекнат права по овој закон.

Со предлог законот на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства им се овозможува ослободување од учество со лични средства при користење на здравствени услуги, вработување, стан под закуп – станбено згрижување, еднократен паричен надоместок, права од областа на образованието, работен стаж во двојно траење, семејна пензија, најниска пензија, сместување во старечки домови; одбележување на местата каде што загинале припадниците на безбедносните сили и одликувања.

Законот предлага и Владата и единиците на локалната самоуправа да се должни да обезбедат вработување без јавен оглас во државните органи, јавните претпријатија и јавните установи, на еден невработен член на семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили доколку ги исполнува општите законски услови и условите предвидени за вработување на соодветното работно место.

Право на станбено згрижување, пак, ќе имаат воените инвалиди од I до VII група (100% до 50%) воен инвалидитет и членовите на семејството кои живееле во заедничко домаќинство со загинат или починат припадник на безбедносните сили и кои на територијата на Македонија немаат во сопственост стан или куќа, ниту користат под закуп стан во сопственост на Македонија.

Семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили според предложениот закон, има право на еднократен паричен надоместок за претрпени душевни болки поради смрт на блиско лице, во висина од 50 просечни плати остварени во Македонија во месецот кога настапила смртта на припадникот на безбедносните сили.

Висината, пак на еднократниот паричен надомест се одредува пропорционално според утврдениот процент на воен инвалидитет и просечната плата остварена во Република Македонија во месецот кога настанал воениот инвалидитет:

За права од областа на образованието, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет, имаат предност при запишување во државни средни училишта, под услов да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот за упис.

Припадникот на безбедносните сили, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид, имаат предност при запишување во високо образовни установи без плаќање на партиципација, под услов да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот за упис.

Со законот ќе се регулира и работниот стаж со двојно траење, според кој припадниците на безбедносните сили кои биле вработени или работниот стаж им се пресметувал по друга основа, за периодот од 1 јануари 2000 година до 13 август 2001 година работниот стаж им се засметува со двојно траење.

Воедно, припадниците на безбедносните сили кои не биле вработени или не остварувале работен стаж по друга основа, времето поминато во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија им се смета како посебен работен стаж со двојно траење согласно прописите за одбрана.

Околу семејната пензија, брачниот другар, децата и родителите на загинат или починат припадник на безбедносните сили од членот 2 на овој закон, членовите на семејството според членот 7 на овој закон, кога не се исполнети општите услови за право на семејна пензија, стекнуваат право на семејна пензија според овој закон, доколку ги исполнуваат посебните услови утврдени со прописите за пензиското и инвалидското осигурување.

Членовите на семејството на припадник на безбедносните сили кој загинал или починал пред денот на влегувањето во сила на овој закон, правото од член 12 на овој закон можат да го остварат во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Посебните права утврдени со овој закон се однесуваат и на припадниците на безбедносните сили од Министерството за одбрана кои ги загубиле животите во војните во поранешна СФРЈ, на воените инвалиди и на членовите на нивните семејства, како и на оние кои го загубиле животот во воени или цивилни мисии во странство.

Предлогот ќе влезе во собраниска процедува по почетокот на работата на Собранието по летните од одмори во вторник на 22 август./крај/со/мф

Македонија

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Објавено пред

Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во кој како првообвинет беше осуден на казна затвор од девет години.

dobivaj vesti na viber

Оваа одредба, како што појасни тој, ја користи врз основа на прибавување на нови докази.

Барањето, како што рече, е поднесено поради нови околности и докази кои не биле употребени во доказната постапка.

„Случајот „Рекет“ не е расчистен. Тој случај треба целосно да се расчисти, сите инволвирани да одговараат, а јавноста конечно да дознае што точно се случувало и каде се парите. Затоа, денеска официјално во Основниот кривичен суд поднесувам барање за повторување на кривичната постапка под името „Рекет““, истакна тој.

Кажа дека поседува цврсти докази кои наскоро ќе ги приложи, посочувајќи го експремиерот Зоран Заев дека е човекот кој комуницирал директно со сите лица кои биле кривично засегнати со постапките на СЈО.

„Обвинителката Вилма Русковска презентираше само две-три пораки кои сум ги разменил јас со тогашниот премиер Зоран Заев, а токму од тие две-три пораки излегува дека Зоран Заев знаел за случајот „Рекет“, но во една позитивна афирмативна смисла, односно дека тој е човекот кој го бранел законот. А јас ќе ви кажам дека тој е сè, само не е човекот кој го бранел законот. Значи, Зоран Заев беше човекот кој комуницираше директно со сите лица кои беа кривично засегнати во постапките на Специјалното јавно обвинителство. Зоран Заев беше човекот кој во позиција на моќ имаше реален авторитет и можеше да влијае врз многу постапки и влијаеше врз многу постапки“, кажа Јовановски.

Појасни дека зад случајот „Рекет“ стоела една политичка консталација на притисоци.

„Јас сум единствениот цивилен граѓанин во ова општество кој што е суден за кривично дело кое е предвидено за лица кои вршат службена положба. Досега се судени Сашо Мијалков и Никола Груевски, третиот суден по ова кривично дело сум јас, но разликата е тоа што тие вршеле службена положба а јас сум бил цивилен граѓанин“, изјави тој.

„Барам да ми биде дадена шанса во фер постапка, а не извитоперена и избрзана, да ја докажеме материјалната вистина и фактичката состојба, што навистина со случувало во фамозниот „Рекет“, случај зад кој стоеше една цела констелација на политички притисоци“, додаде Боки 13.

Тој истакна дека притисоци му биле вршени и во пресрет на денешната прес-конференција, но како што рече, воопшто не се плаши и ќе продолжи и понатаму да зборува.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС – прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ

Објавено пред

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, и државната секретарка, Магдалена Несторовска, оствари работна средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ по повод одбележувањето една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија, а со цел промоција на соработката помеѓу претставниците на ФРОНТЕКС во локалниот координативен центар и одговорните старешини од РЦ за ГР ЈУГ, како и промовирање на европскиот пристап на координирање на сите заеднички активности и справување со предизвиците.

dobivaj vesti na viber

„Одбележуваме една година од работата на макеоднската полиција заедно со ФРОНТЕКС, со цел да ги одбраниме нашите и границите на ЕУ од прилив на мигранти. Тоа успешно го правиме од 2015 до денеска. Договорот е од историска важност, тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише со Европската Унија и ја отвори вратата за поинтензивна оперативна соработка заснована на доверба и меѓусебно почитување“, истана Бојмацалиев во изјава за медиумите заблагодарувајќи се до Тасевски и Несторовска за напорите што ги направија договорот да биде на македонски јазик и успешно да функционира во нашата држава.

„Со тоа уште еднаш покажуваме дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции, заедно работиме и од неодамна имаме барање од други полиции да вршиме обуки на нивните службеници како се справуваме со миграцијата. Од земја што бараше помош од другите држави за справување со миграцијата, сега нудиме помош“, рече Бојмацалиев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачки ги повика неопределените да гласаат: „ Да се обединиме за идејата ‘Македонија повторно твоја’“

Објавено пред

Народот е подготвен и обединет за промени, приклучете се кон ВМРО-ДПМНЕ за да ја поразиме оваа ненародна и криминална влада на СДС и ДУИ, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.

dobivaj vesti na viber

„Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани. Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитивната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите“, рече Ковачки.

Како што додаде вчерашниот митинг во Охрид покажал дека народот е подготвен и обединет за промени, а ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во кој како првообвинет...

Македонија2 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Топ3 часа

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка...

Свет3 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет3 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија3 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија3 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет4 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет4 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет4 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија13 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија13 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија14 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија16 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија19 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија23 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија23 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија24 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...