Контакт

Македонија

Осум активни пожари на територијата на Македонија

Објавено пред

Вкупно осум пожари до 11 часот во вторник се активни на територијата на Македонија, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

dobivaj vesti na viber

Сеуште гори во општина Желино кај селото Ларце, во општина Македонски Брод на планината Добра вода како и кај селото Волче на место викано Црквица на падините на Сува Гора. Сеуште активни се пожарите во општина Јегуновце на планина Љуботен и кај селото Вратница кон Беловиште, општина Тетово кај селото Вејце кон село Селце. Активни пожари има и во општина Новаци кај селата Добровени и Совиќ како и во општина Гевгелија каде пожарот е активен.

Локализирани се пожарите во Чашка кај селото Ораше на место викано Орашка Чука и кај селото Горно Јаболчиште на место викано Дибров Камен во општина Студеничани кај селото Рамни Габер, потоа во НП „Јасен“, во општина Сопиште кај селата Патишка река и Дражилово.

Ликвидирани се пожарите во општина Пробиштип во атар на селото Трипатанци, во општина Кочани кај селото Полаќи кон Вранинци како и во општина Центар Жупа меѓу селата Брештани и Житинени на место викано Кочишта и општина Тетово кај селото Лавце.

Пожарот во општина Желино кај селото Ларце е активен. Зафатена е ниско стеблеста шума и сува трева. Ангажирани се 15 лица од месното население.

Пожарот во општина Македонски Брод на планина Добра вода на тромеѓе со општина Гостивар и Општина Кичево е активен. Пожарот го има зафатено врвот на планината при што е зафатена сува трева и пасишта.

Активен е пожарот во општина Македонски Брод кај селото Волче на место викано Црквица во подножјето на Сува Гора. Со истиот е зафатена површина од 20 хектари деградирана шума, ниско стеблеста шума и сува трева. На местото на пожарот ангажирани се двајца пожарникари како и 15 лица од ЈП „Македонски шуми“ 7 лица од месното население.

Пожарот во општина Јегуновце на планина Љуботен е активен. Зафатена е ниско стеблеста шума и сува трева на потег помеѓу селата Јажинце и селото Рогачево.

Пожарот во Општина Јегуновце кај селото Вратница кон Беловиште со кој е зафатена високо стеблеста шума, костен и бука на напристапен терен е активен со намален интензитет. Ангажирани се 5 лица од ЈП „Македонски шуми“. Противпожарен авион на Дирекцијата за заштита и спасуавање е ангажиран за гасење на пожарот.

Пожарот во општина Тетово кај селото Вејце кон село Селце е активен. Со истиот е зафатена букова шума и пасишта.

Пожарот во општина Новаци помеѓу селата Добровени и Совиќ на место викано Крстот е активен, но приземјен. Со пожарот е зафатена површина од 2500 хектари борова и деградирана шума на непристапен терен. За гасење на пожарот ангажирани се тројца пожарникари и 6 лица од ЈП „Македонски шуми“.

Пожарот во општина Гевгелија помеѓу селата Коњско и Серменин на место викано Оков рид е активен. Со истиот е зафатена површина од 1500 хектари мешана, борова, дабова и ниско стеблета шума. За негово гасење се ангажирани двајца пожарникари, 30 лица од ЈП „Македонски шуми“ како и 1 хелихоптер на АРМ.

Пожарот во општина Чашка кај селата Ораше на место викано Орашка Чука е локализиран. Со пожарот е зафатена површина од 200 хектари млада борова шума, даб и бука. За негово гасење се ангажирани 12 лица од ЈП „Македонски шуми“.

Пожар појавен во општина Чашка кај селото Горно Јаболчиште на место викано Дибров Камен е локализиран. Зафатена е даб, бука и габер. Ангажирани се лица од ЈП „Македонски шуми“.

Локаизиран е и пожарот во општина Студеничани кај селото Рамни Габер. Со пожарот зафатена е високо стеблеста шума. На местото на пожарот се лица од ЈП „Македонски шуми“.

Пожарот кој се појави на 20.08.2012 година во кај НП „Јасен“ кон селото Брезница и општина Македонски Брод е локализиран. Зафатена е површина од 5000 хектари мешана шума. Противпожарен авион на Дирекцијата за заштита и спасување е ангажиран за гасење на пожарот.

Пожарот во општина Сопиште кај селата Патишка река и Дражилово е локализиран. Со истиот е зафатена смрека и сува трева. На местото на пожарот се лица од ЈП „Македонски шуми“.

Пожар појавен во општина Пробиштип во атар на селото Трипатанци. Зафатена е сува трева и грмушки. Ангажирани се 8 лица од ТППЕ Кочани и Пробиштип. Пожарот е ликвидиран.

Пожарот во општина Центар Жупа меѓу селата Брештани и Житинени на место викано Кочишта е ликвидиран. Со пожарот беше зафатена ниско стеблеста шума. За гасење на истиот беа ангажирани 5 лица од ЈП „Македонски шуми“ и 7 лица од месното население.

Пожарот во општина Кочани кај селото Полаќи кон Вранинци на место викано Бочвенец е ликвидиран. Со истиот е зафатена дабова шума, смрека и габер. Ангажирани се 4 лица од ЈП „Македонски шуми“ за следење на состојбата со пожарот.

Пожар има и кај селото Лавце. Со истиот е зафатена дива депонија. Пожарот е ликвидиран. /крај/мф/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Објавено пред

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните парламентарни избори.

dobivaj vesti na viber

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој ги соопшти имињата, листите ги опиша како победнички и изрази надеж дека ќе добијат мнозинска поддршка од граѓаните.

„Ова се победнички пратенички листи, а при нивното составување се водеше сметка за гласот на народот, нивните барања и потреби. Носителите на овие победнички листи се: Во првата изборна единица е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски каде очекуваме огромна поддршка и огромна победа; Втората изборна е мојот колега и пријател Владо Мисајловски; Третата изборна единица е Драган Ковачки; Четвртата изборна единица е потпретседателот Александар Николоски; Петата изборна единица генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски. Шестата изборна единица каде очекуваме исто така убедлива доминација во однос на СДС е Дафина Стојановска“, рече Муцунски.

Како што додаде, станува збор за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични.

„Тоа се луѓе кои и требаат на Македонија, луѓе кои ќе се борат за решенија, за решавање на проблемите. Имаме тешка задача пред нас да ја кренеме Македонија и да ја вратиме надежта. Само заедно ќе успееме“, рече Муцунски.

Во продолжение листите во целост:

ИЕ 1
1. Христијан Мицкоски
2. Гордана Кочовска Димитриевска
3. Коалиција
4. Синиша Стојановски
5. Бети Стаменковска
6. Тони Јаревски
7. Иван Живковски
8. Љупчо Пренџов
9. Марија Митева
10. Иванка Василевска
11. Коалиција
12. Велика Стојкова Серафимовска
13. Сергеј Попов
14. Јане Мицески
15. Бисера Златеска
16. Катерина Димитровска
17. Игор Никовски
18. Мартин Стојановски
19. Александра Николовска
20. Тодор Коневски

ИЕ 2
1. Владо Мисајловски
2. Жаклина Пешевска
3. Коалиција
4. Бобан Николовски
5. Бојан Стојановски
6. Каролина Насковска
7. Зоран Коцевски
8. Бране Петрушевски
9. Дијана Илиевска
10. Емилија Ангелова
11. Коалиција
12. Ерџан Демири
13. Весна Додевска
14. Зоран Бајовски
15. Ивица Димковски
16. Дени Милевски
17. Габи Калкова
18. Никола Стојковски
19. Мартина Ристовска
20. Валентина Петровска

ИЕ 3
1. Драган Ковачки
2. Никола Мицевски
3. Рашела Мизрахи
4. Игор Здравковски
5. Коалиција
6. Благица Ласовска
7. Миле Лефков
8. Даниела Христова
9. Марија Петрушевска
10. Душко Иванов
11. Александар Јамалов
12. Драгана Бојковска
13. Емил Спасовски
14. Драгана Арсова
15. Столе Кракутовски
16. Љупчо Спиров
17. Гордана Барбашка
18. Јорданчо Костадинов
19. Мартин Ефремовски
20. Анкица Анакиева

ИЕ 4
1. Александар Николоски
2. Антонијо Милошоски
3. Ели Панова
4. Дејан Проданоски
5. Зоран Јованчев
6. Ангелинка Петкова
7. Петар Ристески
8. Златко Пенков
9. Моника Ристеска
10. Јулија Тушева
11. Жан Дрвошанов
12. Петар Марков
13. Билјана Кузмановска
14. Весна Ѓорѓиева
15. Мито Андонов
16. Јадранка Поцкова
17. Наталија Димитриева
18. Гоце Дединец
19. Сашо Граороски
20. Никола Златески

ИЕ5
1. Ѓорѓија Сајкоски
2.Олга Лозановска
3.Сашо Донев
4. Пеце Милевски
5. Јован Јаулески
6. Лидија Петковска
7. Мевмед Џафери
8.Кире Божиновски
9. Силвана Ангелевска
10. Грација Бакрачевска
11. Лазе Јакимовски
12. Ѓорѓи Влајкиновски
13. Благица Крстеска
14. Никола Дранговски
15. Леон Мерсовски
16. Менче Марковска Андреева
17. Билјана Стефановска
18. Жанета Петреска
19. Мартин Иваноски
20. Ѓорѓи Шопоски

ИЕ 6
1. Дафина Стојаноска
2. Александар Велјановски
3. Валентина Марчевска
4. Коалиција
5. Верица Апостоловска
6. Ванчо Милевски
7. Алишериф Синани
8. Анета Ќироска
9. Анита Бошкоска Јованоска
10. Мишо Маринковски
11. Бране Стојчевски
12. Верица Тофиловска
13. Ивана Савеска
14. Даниела Апостоловска
15. Деан Трпески
16. Марина Петровска
17. Горан Зафировски
18. Тања Сибиновска
19. Лилјана Спиревска
20. Александра Спироска

Прикажи повеќе...

Македонија

Села оди во коалиција со Ахмети

Објавено пред

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со Европскиот фронт – коалицијата предводена од ДУИ.

dobivaj vesti na viber

Зијадин Села изјави дека одлуката била донесена едногласно, односно само еден делегат бил против, а четворица воздржани.

Очекуваат да добијат најмалку пет пратенички мандати.

„Европскиот фронт ќе биде апсолутен победник на изборите. Алијансата ќе има минимум парламентарна група“, рече Села.

Алијансата се подели на две крила, кога партискиот лидер Арбен Таравари објави дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе настапи заедно со опозицискиот блок на Албанците – Беса, Алтернатива и Демократско движење, додека Села објави дека ќе одат на избори самостојно. Потоа следеа одделни партиски конгреси, а во судот веќе се води спор.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ во коалиција со Унијата на Ромите

Објавено пред

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПA на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ДЕП на Аријан Хоџа и Демократска партија на Турците (ТДП), претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети одржа конференција за медиумите, каде што беше потпишан коалицискиот договор со Фатма Османоска, претседател на партијата Унија на ромите.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Демократската унија за интеграција , Али Ахмети ја истакна важноста на коалицијата помеѓу двете заедници, онаа на Ромите и Албанците и силата што ќе ја има Европскиот фронт во борбата против дискриминацијата и маргинализацијата на секоја заедница.

„Општина Шуто Оризари е единствената општина во Европа на ромската заедница и тоа е навистина за радување и за поддршка во сите сфери на животот. Почитувана претседателка на партијата, на средба со градоначалникот на општината, му реков, почитуван градоначалнче, немавте претставници за време на Охридскиот договор, јас ги претставував сите заедници кои немаа претставници таму, Роми, Турци, Власи, Бошњаци како и Трајковски чија евангелиска вера не ја признаваа. Г-ѓо претседателке, нема потреба да поставувате барања, ја имате нашата поддршка, јас доаѓам од народ кој бил дискриминиран, надгласуван и маргинализиран, затоа сите заедно ќе се бориме против дискриминацијата и маргинализацијата. Ромската заедница рамноправна со сите на истиот фронт. Сакам да му честитам на градоначалникот на Шуто Оризари за работата и соработката, кој оствари извонредна соработка со Албанците и советниците кои работат заедно, бидејќи градоначалникот е тој што доближува. Зборувам со голема одговорност, ќе не испробате и ќе видите какви партнери сме. Не само со зборови, туку и со дела. Ќе бидеме заедно на нашето патување, ќе ја направиме нашата земја членка на ЕУ, во нашата земја мора да владее правото, во нашата земја мора да владее вистинска демократија, а ние, Европскиот фронт, сме тие кои ќе ги градиме овие вредности. Вака како што сме заедно, на 24-ти април, да извојуваме убедлива победа и на 8-ми мај, неспорна победа. ДУИ ќе го направи невозможното, во овој мандат мора да има пратеничка Ромка, и таа ќе биде Фатма. Честитки, здравје и успех! Без дилеми, Европскиот фронт е победник на овие избори“, рече Ахмети.

Претседателката на Партијата на Унијата на Ромите, Фатма Османоска, рече дека денес единствен начин ромската заедница да најде поддршка и потпора е да се приклучи на еден единствен фронт каков што е Европскиот фронт.

„Почитуван премиере, почитуван господине Ахмети, почитувани сопартијци, советници и граѓани. Во кој фронт да се вклучи нашата партија, ако не во Европскиот фронт? Кого да избереме ако не оние со кои имаме иста визија. Ни рекоа, немате политичка сила, немате образован кадар, немате партија. Сега сме тука пред вратата на Европа, за да влеземе во ЕУ како рамноправни. Овој сојуз ќе ни даде можност да бидеме рамноправни. Како претседател, а и како партија гарантираме дека оваа соработка ќе успее“, рече Османовска.

Исто така, за важноста на Фронтот зборуваше и градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој истакна дека со овој фронт Ромите ќе почнат да го живеат сонот кој требаше одамна пред многу години, додавајќи дека фронтот ќе добие повеќе од 20 пратенички мандати.

„Ова што се случува во наше време, жалам што претходните ромски политичари не ја сфатија оваа можност, за да го искористат Рамковниот договор како што денес браќата Албанци ја искористија да бидат рамноправен народ со Македонците, но велам дека никогаш не е доцна. Оваа коалиција ќе донесе голема победа со плус 20 пратеници“, изјави градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија5 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија7 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија8 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија9 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија11 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ12 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија12 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија12 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија15 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет15 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет15 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија16 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион16 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет16 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет16 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...