Македонија
Македонија – земја на можности, но и непозната дестинација
Земја на можности“, вака претседателот и извршен директор на Стопанската комора на Мајами. Бери Џонсон за Гласот на Америка резимираше како американските бизниси гледаат на Македонија.
„Магазинот Можност ја рангираше меѓу една од шесте држави во светот каде најлесно може да почнете бизнис. Гледам големи можности во оваа земја“, вели Џонсон.
За првиот човек на Комората на Мајами, Балканот повеќе од кога и да е порано е подготвен економски да застане на свои нозе. Очекува мудрите бизнисмени да ја искористат можноста „уште денес, а не утре“.
Олга Рамундо, сопственичката на туристичката фирма „Експрес травел“ од Мајами, мисли дека за Македонија како туристичка дестинација нема доволно информации во САД.
„Потребна е малку поголема промоција на она што Македонија има да го понуди. Се работи за прекрасна дестинација, но непозната за многумина туристи кои не знаат што нуди земјата“, вели Рамундо у додава дека американските туристи сакаат да ја посетат Македонија затоа што се заинтересирани за нејзината историја.
Бизнисменот од секторот на финансиски корпорации Шик Ал-Калифа од Тринидад и Тобаго, кој самиот се опишува како човек кој „инвестира во банкротирани компании и повторно ги прави профитабилни“, објаснува зошто е заинтересиран за Македонија: „Македонија е портата на Европа. Таму ги нема компликациите, проблемите и бирократијата со кои се соочувате во Европа. Од Македонија може да ги покриете соседните земји, а ќе имате и брз пристап до ЕУ. Размислувам и за други земји во регионот, но засега Македонија ми е во фокусот“./крај/воа/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ: Мицкоски сака враќање на државата пред 2001 година, Македонија без Албанци
Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци. Тој дури отворено ги повикува сите Македонци да се обединат против Али Ахмети и ДУИ, се вели во партиското соопштение од ДУИ.
– Мицковски на митингот во Кратово побара обединување на сите Македонци за Албанците да не добијат ниту еден пратеник во третата изборна зона. Вокабуларот на Мицкоски не е само против Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, туку и против Охридскиот рамковен договор, барајќи конкретно враќање на државата пред 23 години, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека „ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за националистичкиот и антиевропскиот речник на ВРМО, кој чувствувајќи го поразот на 24 април и 8 мај, поттикнува меѓуетничка и антиевропска омраза во Северна Македонија“.
Исто така, тие ја повикаа албанската опозиција „да се вразуми и да не стане алатка на руската агенда што ја прокламира ВМРО и нивните гласноговорници“.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.