Македонија
292 санкционирани возачи во Скопје, 100 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 292 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 100 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, извести МВР.
– Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 санкции за користење на мобилен телефон при возење, седум мерки за некористење на сигурносен појас, велат од МВР и додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
