Македонија
Јанкулоска: Сè потешко е да се расветли обидот за атентат врз Глигоров
И по седумнаесет години од неуспешниот атентат врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, Министерството за внатрешни работи сè уште не ги открило извршителите и причините за атентатот.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека не можат да излезат со различни податоци, во однос на она што го кажале досега.
Според неа, штета е што кога се случил атентатот не се одговорило на нивото на задачата и сега колку повеќе одминува времето, потешко се доаѓа до податоци.
„Колку што одминува времето потешко е да се дојде до вистинските податоци. Навистина е штета што во моментот кога се случил атентатот не се одговорило на нивото на задачата, односно не биле максимално професионално преземени сите полициски активности кои е неопходно да бидат преземени за стручно вршење на увид за потоа соодветните служби да можат да ги анализираат податоците и евентуално да излезат со одговор, за тоа што точно се случило и кои се извршителите“ изјави Јанкулоска.
Но сепак, како што рече Јанкулоска, МВР не се откажува од истрагата и за нив овој предмет е сè уште отворен.
„Секоја нова информација или секое ново сознание кое што може да води кон откривање на сторителите со максимално внимание ќе биде анализирано сè со цел да дојдеме до извршителите на атентатот. Инаку во изминатиот период вие сте сведоци дека имаше спектакуларни најави од страна на лица кои во тоа време требало и можеле да направат нешто, но од сите тие работи освен желбата за себепромоција или поголемо влијание во јавноста на овие поединци не излезе ништо конкретно“ додаде Јанкулоска.
Обидот да биде убиен Глигоров се случи пред хотел Бристол на 3 октомври 1995 година, во 9 часот и 50 минути при вообичаеното упатување на Глигоров од резиденцијата кон Собранието.
Бомба поставена во автомобил АМИ 8, експлодира кога автомобилот на тогашниот претседател минувал покрај паркираното возило.
Глигоров беше тешко повреден, а на местото на атентатот загина неговиот возач и уште три други лица беа повредени. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.
Македонија
Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците
Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места.
Денеска ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.
Гласањето за претседател започна во саботата, први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат наши граѓани кои живеат во странство а кои се пријавиле за гласање.
Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)