Македонија
Претседателот Иванов на средба со граѓани во Скопје
Претседателот Ѓорге Иванов во среда во Народната канцеларија во Скопје ќе оствари средба со граѓани.
Народните канцеларии во Скопје, Битола и Тетово, како што објаснуваат од кабинетот на Иванов, се резултат на заложбите на македонскиот претседател за непосреден контакт со граѓаните, со цел да можат да ги изложат нивните иницијативи, предлози и сугестии од јавен карактер. Воедно, преку Народните канцеларии граѓаните имаат можност да се запознаат со активностите на Претседателот во вршењето на неговите уставни и законски надлежности, но и да даваат свои оценки и мислења за истите.
Од друга страна, Претседателот на Република Македонија има можност да се запознае со ставовите и мислењата на граѓаните за севкупните состојби во општеството, како и со проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот и начинот на кој бараат заштита или остварување на одредени права и интереси.
Народната канцеларија во Скопје беше отворена во април 2010 година. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Инспектори затекнале диви менувачници на Бит Пазар, но наместо да ги запечатат им дозволиле да си работат
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица – инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ.
Во текот на март и април 2023 година, преземајќи службени дејствија и вршејќи контрола кај три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на Бит Пазар, Скопје, за кои што било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење а подолг временски период работеле како менувачници, пријавените, согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противвредност.
Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници, ниту им издале решение за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите каде што ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту пак им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра.
Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Македонија
Митрески – Бомгартнер: Северна Македонија и Франција имаат одлични односи, меѓусебната соработка и поддршка ќе се продлабочат
Претседателот на Собранието Јован Митрески денес оствари средба со aмбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер.
Изразувајќи задоволство од одржувањето на средбата, Митрески ја констатираше одличната соработка меѓу двете држави и особено соработката на парламентарен план.
Амбасадорот Бомгартнер, честитајќи му го изборот за претседател на Собранието, се сложи со констатациите за интензивираната динамика на меѓусебна соработка. Во тој контекст, ги поздрави средбите на парламентарци од Собранието на Република Северна Македонија и Националното собрание и Сенатот на Француската Република во изминатите години, како позитивен тренд кој треба да продолжи и во иднина.
Информираше за претстојната посета на претседателката на Групата за пријателство од Лилијана Танги на земјата, како дел од набљудувачката мисија на ОБСЕ за претстојните претседателски и парламентарни избори.
Беше посебно поздравено одржувањето на втората едукативна активност во Собранието „Имам став-Млад франкофонски парламент”, во рамките на одбележувањето на март – месец на Франкофонијата, еден исклучителен настан и манифестација која полека прераснува во една убава собраниска традиција.
Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните собраниски активности, текот на изборите и конституирањето на новиот парламентарен состав. Беше изразена општа согласност за потребата од унапредувањето на соработката во доменот на културата, економијата, енергетиката и други области од взаемен интерес за двете земји, како и за потребата од зголемување на бројот на француски инвестиции во земјата.
Македонија
Поништена одредба од Законот за поддршка на социјално ранливи категории која ги ограничуваше повозрасните од 65 години да добијат надоместок
Уставниот суд го поништи член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.
Според член 3 став 1 точка 2) од Законот „корисници на правото на надоместок заради попреченост” се лица со навршена 26 годишна возраст, а најмногу до 65 годишна возраст, со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице, согласно со податоците од евиденцијата на центрите за социјална работа.
Од содржината на погоре наведениот член од Законот произлегува дека во групата корисници на правото на надоместок заради попреченост, не спаѓаат лицата над 65-годишна возраст, а со тоа овие лица се исклучени од финансиската поддршка согласно со Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.
Судот оцени дека со таа одредба e нарушенa темелната вредност на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и принципот на правната сигурност на граѓаните во остварувањето на правата од социјалната сфера.
Со исклучувањето на овие лица од единствената категорија корисници на правото на надоместок заради попреченост, според Судот, создава и нееднаков третман помеѓу лицата кои се наоѓаат во иста правна положба (сите се корисници на правото на надоместок заради попреченост), но едни можат да остварат право на финансиска поддршка, а други не можат, исклучиво заради возраста.
Со оглед дека одлуката на Уставниот суд е поништувачка, се отвора правна можност за граѓаните со попреченост над 65 години кои не добиле надоместок, сега да побараат да им се исплати надоместокот во изминатиот период, од кога Законот е влезен во правна сила.
Во декември 2022 година Уставниот суд го укина став 2 од членот 44 од Законот за социјална заштита, кој оневозможуваше лицата со попреченост над 65 години да остварат право на надоместок поради попреченост.