Контакт

Македонија

296 нови случаи на Ковид-19, починаа 8 лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.480 тестирањa, а регистрирани се 296 нови случаи на Ковид-19 од кои во Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип по 2 и по еден во Велес, Кавадарци, Виница и Кратово.

Во изминатото деноноќие регистрирани се 8 починати лица: тројца од Гостивар (54, 69 и 78 години), по двајца од Струга (69 и 74 години) и Тетово (44 и 51 година) и едно лице од Кочани (74). Сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 109 оздравени пациенти од: Тетово – 42, Скопје – 33, Гостивар – 12, Куманово – 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, по двајца во Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево и еден во Велес.

Направените 3.480 тестови се преку: ИЈЗ-22, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-1, ЦЈЗ Куманово–2, УК Пулмологија со алергологија – 1, Институт за микробиологија–101, Жан Митрев (Филип Втори)-121, Авицена-86, Биотек-94, Систина-94, Синлаб-27, Никоб лаб-796, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-42, Ројал Медика – 30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.997.

Досега во земјата се направени вкупно 1.065.772 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 162.457, бројката на оздравени пациенти е 150.960, на починати е 5.560, а бројот на активни случаи изнесува 5.937.

Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 70938, Активни 2001
Куманово 9310, Активни 363
Тетово 8628, Активни 1172
Прилеп 8385, Активни 51
Битола 6453, Активни 124
Гостивар 6116, Активни 820
Велес 5535, Активни 55
Кавадарци 5216, Активни 50
Охрид 5176, Активни 155
Штип 5020, Активни 52
Струмица 4393, Активни 249
Струга 3116, Активни 131
Кичево 2951, Активни 330
Кочани 2844, Активни 42
Гевгелија 2200, Активни 3
Неготино 2188, Активни 4
Свети Николе 1546, Активни 18
Ресен 1268, Активни 34
Крива Паланка 1232, Активни 5
Радовиш 1201, Активни 34
Дебар 1088, Активни 123
Берово 1065, Активни 27
Делчево 985, Активни 11
Виница 909, Активни 21
Пробиштип 793, Активни 4
Валандово 689, Активни 19
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 402, Активни 2
Демир Капија 399, Активни 3
Македонски Брод 383, Активни 23
Кратово 379, Активни 2
Пехчево 282, Активни 7
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 133, Активни 1

 

Македонија

Шилегов: Со велопатеки и над 12.000 нови велосипеди, Скопје е подготвено за Европската недела на мобилност

Објавено пред

Градоначлникот Шилегов ја потпиша пристапницата кон Европската недела на мобилност 2021, со што и официјално започна ЕНМ 2021, под мотото „Движи се одржливо, остани здрав“.

„ Град Скопје по 11-ти пат се вклучува во редот на градовите кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста со богата агенда исполнета со квалитетни содржини во насока на промоција на пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот превоз како одржливи форми на урбана мобилност. Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Безбедно и здраво со одржлива мобилност“, и во нејзиното одбележување ќе се вклучат над 2.700 градови од над 50 држави од Европа и од светот. Овогодинешната кампања организирана под мотото „Движи се одржливо, остани здрав“ има за цел да оддаде почит на справувањето со пандемијата на Ковид-19 и да фрли едно поинакво светло на можностите кои произлегоа од оваа досега невидена здравствена криза. Градовите ширум светот воспоставија креативни, еластични одговори на пандемијата заради што оваа година, Европската недела на мобилноста ја слави издржливоста на градовите и нивните достигнувања во обид да ја пребродат кризата што е можно побезболно. Во тие рамки ќе се одржат повеќе онлајн работилници со ученици од основното и средното образование во насока на промоција на мерките за постигнување на одржливата урбана мобилност. Предвидени се и повеќе активности преку кои ќе се промовира развојот на мрежата на велосипедски и пешачки патеки во градот која се зголемува во просек за околу 14 километри годишно, со што велосипедската мрежа во нашиот град годинава надмина 110 километри“, кажа Шилегов.

Додаде дека изминатите години Градот се посвети на градењето на т.н. конектори кои ги поврзуваат главните велосипедски рути во Скопје, и го спои со велосипедски патеки и Големиот Ринг.

„Сите патеки се изведени согласно со стандардите кои предвидуваат слеани рабници, заобиколувања на автобуските станици, соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација и заштита од столпчиња. Оваа година работиме на нова вело патека на бул. Видое Смилевски Бато, продолжување на вело патеката на бул. Александар Македонски, а нови вело-ленти ќе добијат и Рузвелтова, Христо Татарчев и Митрополит Теодосиј Гологанов. Велосипедски патеки се предвидени и на новиот дел од ул. Васко Карангелески, продолжението на бул. АСНОМ преку мостот до Керамидница, бул. Никола Карев и клучката кај Момин Поток. Изминативе 4 години Скопје е побогато за над 12.000 нови велосипеди и над 600 нови тротинети само благодарение на субвенциите кои Град Скопје ги доделуваше секоја година“, рече Шилегов.

Дополни и дека администрацијата е посветена на развојот на велосипедската мрежа во Скопје од причина што тоа е еден од начините да се мотивираат што е можно повеќе граѓани да го одберат велосипедот за превозно средство што во голема мера ја зголемува одржливоста на урбаната мобилност во нашиот град.

Според него, сите преземени мерки и менувањето на навиките на скопјани директно ќе придонесaт не само за намалување на сообраќајниот метеж во градот, за одржувањето на сопственото добро здравје во добра кондиција, туку и за почиста животна средина во градот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Народниот правобранител со апел до оние што сакаат да патуваат да се информираат за условите за патување

Објавено пред

Народниот правобранител упатува апел до граѓаните пред планираните патувања да се информираат за условите за патување што важат при излез и напуштање на државата, како и за условите и правилата што важат во земјата што е нивна конечна дестинација.

Од канцеларијата на народниоот правобранител укажуваат дека доколку граѓаните ги исполнуваат условите за соодветната земја, а не им биде овозможено патување, односно бидат вратени назад, да се обратат во канцеларијата на народниот правобранител со поднесување претставка заедно со документацијата што ја поседуваат како потврда за исполнетост на условите.

Претставката може да се поднесе лично во главната канцеларија во Скопје или по електронски пат, како и во подрачните канцеларии во Тетово, Кичево, Битола, Струмица, Штип и во Куманово.

Овој апел и реакција на народниот правобранител, како што информираат од таму, се по добиени сознанија за постоење индиции за незаконско и дискриминаторско постапување на вработените службеници на „ТАВ аеродроми“, кои неосновано не им дозволуваат на граѓаните Роми да си го чекираат багажот и да им биде издаден бординг-пас за летот за кои имаат купено билети.

Имено, според информациите од народниот правобранител, станува збор за наводна појава на дискриминација во областа на пристапот до добра и услуги по основ на етничка припадност, боја на кожа и расна основа кон етничките Роми, кои се државјани на РСМ и кои имаат уредна документација за патување (патна исправа, сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан Ковид-19 или, пак, потврда за негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или брз антиген-тест не постар од 48 часа) поради нееднаквиот третман со другите граѓани на државата што патуваат со авион во странство.

„Доколку добиените сознанија се точни, народниот правобранител го оценува овој чин како срамна дискриминација кон нашите сограѓани Роми поради што го повикува менаџментот на ‘ТАВ аеродроми’ и нивните вработени веднаш и неодложно да го променат нивниот однос кон оваа група патници воспоставувајќи еднаков третман кон сите граѓани на Република Северна Македонија што се упатуваат кон одредена детстинација, а располагаат со сите потребни документи“, стои во писмениот допис од оваа институција.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски во посета на семејство на една од жртвите во пожарот: „Случајот се забошотува“

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше во Тетовско, каде што во селото Нераште оствари посета на семејство на една од жртвите во изгорената модуларна болница.

Како што објасни тој, разговарал со двајца синови на мајка која што е жртва на настанот.

„Сега само забошотуваат, не бил крив овој, па кој е крив? Немале дозвола за градба, ни противпожарна заштита, ништо…“, рече Мицкоски во разговорот со роднините.

Еден од роднините му кажува на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека во соба во модуларната болница наводно имало проблем со струјата, една недела пред пожарот.

На социјалните мрежи, каде што е објавено кратко видео од посетата, Мицкоски напиша дека болката е огромна поради трагедијата што се случи во Тетово.

„Мое најдлабоко сочувство до семејството. Она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го ветиме и да се обврземе и јас како човек е дека оваа работа, порано или подоцна ќе ја истуркаме до крај и виновниците мора за ова да сносат одговорност, без разлика дали таа е функционална или морална“, нагласува партискиот лидер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет2 часа

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија3 часа

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет4 часа

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија4 часа

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион16 часа

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија18 часа

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ21 час

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа1 ден

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ1 ден

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Македонија1 ден

Заев: Демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, ние ја градиме на еднаквоста на сите

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по...

Европа1 ден

Меркел од Албанија: Кој и да биде нов германски канцелар, ќе го задржи интересот за овој регион

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбите во Тирана го потврди интересот на Германија за земјите од Западен Балкан. „Без оглед...

Свет1 ден

Тепачки и расправии – внатрешни конфликти за новата влада го разнишаа талибанското раководство во Авганистан

На врвот на талибанското движење дошло до голем внатрешен конфликт за составот на новата влада. Конфликтот помеѓу коосновачот на талибанското...

Европа1 ден

Борел: Русија сака да нѐ подели, не им е грижа за Европската Унија

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, тврди дека Русија сака да ја подели Европската Унија преговарајќи само со одредени членки,...

Свет1 ден

Северна Кореја лансира две балистички ракети

Северна Кореја лансирала две балистички ракети во морето, тврди Генералштабот на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека...

Регион1 ден

Два земјотреса утрово во Албанија, почувствувани и во Црна Гора

Два земјотреса, од кои едниот над 4 степени според Рихтеровата скала, ја погодија граничната област меѓу Црна Гора и Албанија...

Македонија1 ден

Во Солун конференција за Западен Балкан и европската иднина

Во Солун, Грција, денеска ќе се одржи конференција на тема „Западен Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“. По покана...

Македонија2 дена

Средношколците во Тетово и Гостивар продолжуваат со онлајн настава

Владата донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември...

Македонија2 дена

30 починати и 572 новозаболени со Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 287, Куманово...

Македонија2 дена

(Видео) Заев-Меркел: Македонија треба да ги почне преговорите, проширувањето на ЕУ со Западен Балкан не смее да се одлага

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот...

Досие