Македонија
Позитивна оценка за работата на Иванов на прашањето за името
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов е доволно присутен меѓу граѓаните, позитивно работи на прашањето за името и чесно ја извршува својата работа, покажа анкетата на ИПИС.
Дека претседателот Иванов позитивно работи во однос на прашањето за името сметаат 61,3 отсто од испитаниците, 31,0 рекле `негативно`, а 6,8 отсто немаат одговор. Покажа анкетата на ИПИС.
Политиката и работата на Иванов во однос на надворешната политика 58,7 отсто од испитаните ја оцениле како позитивна, наспроти 30,7 што негативно гледаат на тоа, а 10,6 отсто немаат одговор.
Дека е доволно присутен меѓу граѓаните мислат 54,5 отсто од испитаните, наспроти 41,9 отсто кои не мислат така и 3,6 кои немаат мислење.
Исто така, граѓаните се запознати со „Школата на млади лидери“, што се води под покровителство на претседателот Иванов, (31,9 отсто), што е во пораст од речиси 20 отсто, затоа што тој процент во декември 2010 изнесувал 13,1 отсто.
Комплетните резултати од истражувањето ги презентира Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.Како што претходно објавивме речиси 60 отсто од граѓаните на Македонија имаат позитивно мислење за претседателот на државата ѓорге Иванов, покажа истражувањето на ИПИС.Имено, на прашањето: Какво е вашето мислење за Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов? – 58,4 отсто се изјасниле позитивно, 23,2 отсто негативно, додека 18,4 отсто одговориле со незнам / немам одговор.
Во однос на прашањето: Дали сметате дека Претседателот Иванов чесно ја извршува својата функција? – 73,1 отсто одговориле позитивно, 15,5 отсто одговориле негативно и 11,4 отсто немале одговор или одговориле со незнам.Истражувањето е направено во периодот меѓу 24-27 октомври 2012 година, од Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), на барање на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
Анкетата е спроведена телефонски на 1.115 испитаници како дел од редовните мерења на ставовите на граѓаните во однос на нивната доверба и перцепции за работата на Претседателот на Република Македонија.
Истражувањето на јавно мислење е спроведено според стандардизирани прашалник и врз основа на стратификуван примерок кој е репрезентативен за населението во Република Македонија.
Во примерокот беа запазени сите релевантни демографски специфики на населението (полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност), а беше направена и соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење (урбана или рурална средина, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности).
Во примерокот се застапени испитаници од сите изборни региони во Македонија.
Сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 отсто. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Економскиот факултет – Скопје и Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје
Денес во просториите на Економскиот факултет – Скопје, деканот проф. д-р Предраг Трпески одржа состанок со г-дин Александар Манев-генерален директор на Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје и со претставници од истата институција.
Во рамки на остварената средба, се одвиваше плодна дискусија во насока на унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете институции како и обезбедување достапност на професионална размена на искуства заради остварување на заеднички цели. Во таа насока, состанокот се заокружи со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете страни со кој се официјализираше соработоката помеѓу Економскиот факултет – Скопје и Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје.
Со ова, двете институции се согласија да соработуваат во реализација на широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес за едукација и подобрување на знаењето и стручноста преку најразлични активности и проекти од взаемен и општествен интерес, реализирање на практична настава за студентите од Факултетот, презентирање на практични проблеми, решенија, предизвици и можности за студентите на Факултетот, организирање работилници и конференции, и други активности.
За време на посетата, генералниот директор, г-дин Александар Манев и останатите претставници, во придружба на деканот и продеканите на Економскиот факултет – Скопје, ги разгледаа капацитетите со кои располага Економскиот факултет – Скопје.
ПР
Македонија
Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на матичниот лекар во скопска Железара, кој беше најден со девет убодни рани.
„Во согласност со моите информации приведено е уште едно лице. Приведени се вкупно три лица. Претресот е завршен во текот на доцните часови. Се продолжува со други истражни дејства сè со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Штом имаме дополнителни нови информации, јавноста ќе биде дополнително известена“, рече Тошковски.
Тој не сакаше да ги коментира обвинувањата од СДСМ дека откога е дојден на местото министер за внатрешни работи, работите не одат на подобро.
„Вакви изјави не заслужуваат сериозен одговор затоа што се несериозни изјави. Тотално не би ги коментирал“, рече Тошковски и додаде дека македонскиот народ се смее на она што се обидуваат да го тераат како приказна и повика да завршат ваквите паушални обвинувања.
Македонија
Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, за декларацијата на Собранието по повод четири години од членството во НАТО истакна дека Нато не носи демократија.
Нато, според него, е кршач на меѓународното право и повелбата на Обединетите Нации.
„Без дозвола на Совет за безбедност НАТО ја нападна Југославија во 1999 година, ја нападна Либија, го нападна Ирак и редици други држави.
Последниот пункт е дека народот сакал во НАТО. Не е точно. Не е испочитуван член 120 од уставот кој што вели: Одлуката за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена ако на референдум за неа гласало мнозинство од вкупниот број на избирачи. Референдумот во 2018 беше неуспешен и немаше цензус и оттука уставниот услов за да влеземе во НАТО не е испочитуван, што значи противуставно и против волјата на народот сме влезени во НАТО”, додава Апасиев.