Македонија
Дванаесет деца во Охрид инфицирани со „стрептококус“
Во последните неколку денови, зголемен е бројот на пациенти кои ја имаат бактеријата „стрептококус пиогенес“, јавува Охридњус.
Иако заклучно со 25-ти декември кај 12 лица е констатирано ова бактериско заболување, медицинските стручњаци сметаат дека поголем е бројот на заразени.
Најпогодена група од стретптококусот се децата, а утврдено е дека овие 12 случаи, всушност се најмладите кои престојуваат во охридските градинки. Станува збор за инфекција, која се пренесува преку плунката при гласно зборување, кашлање, кивање и пеење. Според специјалистот по епидемиологија од Центарот за јавно здравје, д-р Јованка Стурлакова – Коровешовска, раното откривање и правилно лекување, придонесуваат за побрзо опоравување од ова заразно заболување.
„Првите информации ни стигнаа од матичните доктори, кои утврдиле повеќе случаи на заразени деца со стрептокока. Посетени се градинките, при што е констатирано дека децата кои престојувале во овие установи се инфицирани“ вели д-р Стурлакова-Коровешовска.
Со цел спречување на евентуална епидемија, преземни се низа активности во установите каде што престојуваат најмладите. Во утринските часови, децата се проверуваат од страна на воспитувачките и медицинскиот персонал. Доколку постои сомнение за некои заболувања, децата се испраќаат кај матичните доктори.
„Доколку децата имаат повишена температура, кашлица или излачуваат секрет од нос, се упатуваат кај матичните служби, кои ја одредуваат терапијата. Во групите каде што се најдени децата инфицирани со стрептокока, се прават контролни брисеви. Наша препорака е сите оние кои имале непосреден контакт со инфицирано лице, да ги направат брисевите. Исто така, се препорачува засилена хигиена и вонредна дезинфекција во занималните, просториите со играчки и санитарните јазли каде што се приготвува храната“ додава д-р Стурлакова – Коровешовска.
Симптомите на оваа бактерија, се манифестираат како различни заболувања. Можат да бидат како ангина, пневмонија, бронхитис и други болести.
Инкубацијата трае околу три дена, а потребно е лекување од најмалку 10 дена. „Потребно е редовно и правилно лекување. Успехот зависи од самите пациенти. Откако ќе поминат 10 дена од терапијата, се вршат повторно контролни брисеви. Неправилното и долготрајно лекување, може само да остави последици по здравјето на децата“ – завршува Стурлакова – Коровешовска./крај/охридњус/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
Македонија
Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми
Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици ќе ги претстават своите платформи пред граѓаните во повеќе делови од државата. Во исто време продолжува и кампањата за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи в среда, на 24 април, додека вториот круг треба да се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.
Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван денеска ќе ги посети жителите на Ново Село, Босилово, Василево, а митинзи ќе одржи во Радовиш и во Струмица.
Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе одржат митинг во скопската населба Карпош, а кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Ресен, Претор, Новаци и во Битола.
Во рамки на третиот ден од кампањата за парламентарни избори, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе биде меѓу граѓаните на Брвеница и на Тетово.
Македонија
Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.
„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски.