Македонија
310 нови случаи на Ковид-19 и шестмина починати
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.776 теста, а регистрирани се 310 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 180, Битола – 29, Прилеп – 21, Охрид – 14, Куманово – 10, Кавадарци, Велес, и Делчево – по 9, Гостивар – 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево – по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 2 и по еден заразен од Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово.
Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 48 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 4 починати лица: 2 од Велес (76 и 77) и по од Скопје (77) и Кавадарци (54). Сите лица се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (69) и Кавадарци (62). Пријавените се починати во домашни услови на 26.3.2022 година.
Кај сите починати биле регистрирани коморбидитети.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 355 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 198, Битола – 26, Кавадарци – 19, Охрид – 16, Прилеп – 12, Куманово – 11, Штип – 9, Велес, Делчево и Кичево – по 8, Неготино – 6, Гевгелија, Кочани и Демир Хисар – по 4, Тетово, Струмица и Ресен – по 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Крива Паланка – по 2, Валандово, Кратово, Свети Николе, Виница и Македонска Каменица – по 1.
Направените се 2.776 теста се преку: ИЈЗ – 297, ЦЈЗ Скопје – 92, ЦЈЗ Битола – 53, ЦЈЗ Прилеп – 36, ЦЈЗ Тетово – 1, ЦЈЗ Куманово – 55, Судска медицина – 8, лабораторија во болницата во Козле – 17, Институт за микробиологија – 114, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 65, „Авицена“ – 108, „Биотек“ – 176, „Систина“ – 70, лабораторија „Лаор“ – 65, „Синлаб“ – 9, „Ремедика“ – 18, „Плодност“ – 20, „Генеа“ – 13, „Никоб лаб“ – 202, „ВФВ медикал“ – 33, „Ели медика плус“ – 13, „Ројал медика“ – 15, „Спектра-ММ“ – 7, „Рапид лаб“ – 7, „Жан Митрев Струмица“ – 4, „Нова лаб дијагностика“ – 10, „Рамус“ – 10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.258.
Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а бројот на активни случаи изнесува 1.782.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 143.212, Активни 1.006
Куманово 16.536, Активни 47
Битола 14.741, Активни 157
Прилеп 13.962, Активни 90
Тетово 13.411, Активни 39
Кавадарци 10.456, Активни 78
Велес 9.667, Активни 34
Гостивар 9.529, Активни 18
Охрид 8.707, Активни 65
Струмица 7.991, Активни 22
Штип 7.963, Активни 11
Кичево 5.550, Активни 40
Кочани 5.043, Активни 27
Струга 4.687, Активни 7
Гевгелија 4.361, Активни 21
Неготино 3.655, Активни 11
Ресен 2.670, Активни 11
Свети Николе 2.613, Активни 1
Радовиш 2.514, Активни 11
Крива Паланка 2.403, Активни 0
Делчево 1.937, Активни 30
Дебар 1.668, Активни 10
Берово 1.636, Активни 5
Валандово 1.474, Активни 4
Виница 1.377, Активни 7
Пробиштип 1.263, Активни 5
Богданци 1.019, Активни 7
Кратово 960, Активни 3
Крушево 919, Активни 8
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 2
Пехчево 485, Активни 1
Дојран 343, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
В недела посебен сообраќаен режим во Скопје
Министерството за внатрешни работи известува дека на 31.3.2024 (недела), со почеток во 9 часот, поради одржување атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.
Македонија
Левицата: Решението за градба кај болничкиот комплекс Воена болница да се поништи веднаш
„Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“, истакнуваат од Левица.
Потсетуваат дека политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.
„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.
Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидејќи е информација од јавен карактер“, дообјаснуваат од оваа партија.
Го повикуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи, како што велат, да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“.
Македонија
Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат
Полицијата поднесе кривична пријава против шест инспектори, вработени во Државниот пазарен инспекторат, и тоа: С. Б. (32), Ј. Р. (54), В. М. (47), Б. С. (46), С. С. (61) и Р. Б. (37), сите од Скопје, поради злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Во текот на март и април 2023 година, вршејќи контрола кај три менувачници, лоцирани во близина на Бит-пазар, а за кои било утврдено дека не биле регистрирани како фирми и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење, но подолг временски период работеле како менувачници, инспекторите на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот, како и да им изречат глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра во денарска противвредност.
Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници ниту им издале решение за забрана за вршење нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите во кои ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту, пак, им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра.
Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување вршење нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.