Контакт

Македонија

Без реакции на изјавата на Ахмети во Софија околу предлогот на Нимиц

Објавено пред

Молк на државните институции по вчерашното обелоденување на предлогот „Горна Република Македонија“ од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети во Софија.

Засега нема одговор од Министерството за надворешни работи, а единствената реакција досега Макфакс ја доби од пратеникот и претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието, Антонио Милошоски, кој потврди дека не го видел предлогот, а преку својот твитер профил подоцна објави дека „Јавното обзнанување на предлозите на посредникот Нимиц ниту ќе помогне на Нимиц, ниту на Република Македонија во однос на Грција“.

Макфакс побара и одговор од грчкото МНР, но и оттаму молк во однос на изјавата на лидерот на ДУИ.

Ахмети вчера за време на посетата на Бугарија, на предавање во Софија нагласи дека „досега имало средби на ниво на преставници меѓу Македонија и Грција и немаше конкретен предлог за името на Македонија, но сега постои еден предлог тоа да биде Горна Република Македонија“./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Објавено пред

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес конференција од лани кога исто така лажеше дека ја разбрал пораката, а продолжи да се однесува арогантно и криминално. Jа повтори и прес конференцијата од годината претходно кога истото го велеше, и повторно разочара. Зоран Заев доби и метла со која ништо не измете, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ И ќе потсетам дека на овие избори арогантно ни велеа дека се најдобри, a прашањето е кога лажеа, кога го тврдеа тоа цела кампања, или сега кога по трет пат викаат дека ја разбрале пораката?

Вистината е дека Заев не кажа ништо ново освен тоа што повторно зборуваше за минатото, за некаков режим, за истите флоскули во кои никој не му верува. Сака да заборавите дека 5 години е на власт и пробува повторно да го потцени народот.

Кога зборува Заев за режим нека си погледне во сопствениот дом, во Куманово, притисоците за гласање во Прилеп, Велес, Сарај, Битола, за односот кон луѓето и нивните гласови како да се негова сопственост.

Заев ќе ти кажам дека народот, ние самите сме господари над сопствените судбини и дека никој ја нема нашата волја во џеб за да си поигрува со нејзе.

Народот е веќе обединет, но против тебе и се она што ти преставуваш во политиката. Надежта е родена, и таа ќе победи!

П.С Бидејќи гледам дека Заев има некои дилеми да одговорам, Скопје ќе работи многу подобро без централната власт на Заев затоа што ќе биде ослободено од притисоци за тендери и кражби на парите од граѓаните кои по смената ќе завршуваат за проекти и ќе бидат одлично менаџирани од Градот Скопје и новите градоначалници. А по смената на централната власт заедно со локалната, државата заеднички ќе ја внесеме во ЕУ каде и припаѓаме. На чекор од заедничката и нова иднина!“ порача Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов: Нема да има кафуле на падините на Водно

Објавено пред

Додека сум јас градоначалник, Водно ќе биде третирано како светост за скопјани. Толку напори вложивме да го ослободиме од возила, да пробиеме велосипедски патеки, да изградиме противпожарни системи, да воведеме бесплатен јавен превоз и да ги означиме планинарските патеки и нема да дозволиме градежната линија да биде качена уште нагоре, како што се правеше во минатото. Впрочем, ГУП-от што во моментов се изработува не предвидува никакво поместување на таа линија, а и целосно ја брише јужната сообраќајна обиколница што требаше да се гради на Водно според претходните планови“, потенцираше градоначаланикот Шилегов.

Викендов се отвора новата надолна патека за велосипедисти којашто нуди неповторлив 20 минутен адреналин и таа завршува во непосредна близина на овие израмнети ниви. Тука поминува и најфреквентната планинарска патека на Водно (полициска патека) и граѓаните ќе можат да сведочат со свои очи дека багери и градежна механизација нема да се вратат на ова место.

„Денес местото го посетив со главниот градски инспектор Мирослав Богдановски. Драго ми е што добрата соработка со инспекторатот на Општина Центар осуети уште еден напад врз Водно и што брзата реакција беше иницирана од медиумите, односно планинарите“, кажа Шилегов.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Објавено пред

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа повика во вториот круг на изборите, да се гласа за нив, а не за ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека тој и неговите партиски кадри сфатиле каде се грешките, па затоа повика на обединување. Тој додаде: „Јас можам и Владата, ако скопјани не дадат поддршка со мнозинство гласови на тие кои веднаш ќе не скараат со Албанија, Грција, Србија и остатокот“.

Заев рече дека понатаму може ако се одлучи за нова инфраструктура, а не, како што рече, шмизли, галии и нов кичерај.

„Во овие моменти навистина значи јасно и јавно кажаната определба да бидеме обединета за обезбедувањето на подобра иднина на нашиот народ. Се разобличија лажните наводи за ново мнозинство. Имаме владина коалиција која е стабилна. Продолжуваме да работиме посветено за граѓаните. Пред себе имаме друг предизвик, граѓаните ни упатија казна, критика. Тој глас го слушаме, разбираме и уважуваме. Свесни сме дека јас и партијата, дека нема толеранција за повторување на грешките. СДСМ учи, се менува и ги поправа грешките за брз напредок на државата. Ова е демократска, отворена и приземјена опција која се корегира и менува по критика“ рече Заев.

Тој побара сплотување и обединување на сите сили, во име на се што е постигнато досега. Пораката на Заев за обединување за да не се врати земјата, како што рече, во криза и неизвесност.

„СДСМ е влезена во процес на редефинирање и унапредување за комуникација со граѓаните. Преземаме чекори за побрзо разбирање на граѓаните. СДСМ станува подостапна за народот. Оваа опомена ќе се рефлектира и на работата на општинските институции. Ние нема што друго да кажеме, освен благодариме, примено. Од овој момент СДСМ постапува по насоката која ја даде граѓаните. Првата порака е до партиските граѓани, ние добивме жолт картон од граѓаните. Колку ќе ги послушаме граѓаните, од тоа зависи дали ќе добиеме црвен“, истакна тој.

Заев повика граѓаните да гласаат за СДСМ, бидејќи тие градат гасоводи, градинки, инфраструктура, а не, како што рече, Шпански скали, барокни фасади од стиропор, врби.

„Нема напредок ако Скопје продолжи надвор. 31 октомври не е само избор за решавање на комуналните проблеми, туку избор за тоа каде оди државата. Може да оди државата напред ако државата има нови галии, врби и нов кичерај? Може државата напред ако Скопје оди напред. Да се обединиме и гласаме, за власт која обединува и влече напред“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес конференција од лани кога исто така лажеше дека...

Македонија33 минути

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ2 часа

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија3 часа

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија4 часа

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија4 часа

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет5 часа

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија6 часа

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Македонија6 часа

Пендаровски: Извештајот на ЕК претставува објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот...

Македонија7 часа

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на...

Спорт9 часа

Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира....

Македонија23 часа

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија23 часа

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија1 ден

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија1 ден

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија1 ден

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија1 ден

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија1 ден

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија1 ден

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Досие