Македонија
Груевски: Илинден е спомен и патоказ како се дејствува за татковината
Илинден живее и ќе живее во сите народи кои живеат тука, во душите на Македонците кои се насекаде низ светот, рече премиерот Никола Груевски во петокот на Мечкин Камен, на централната прослава на државниот и национален празник 2-ри Август – Илинден, нагласувајќи го примерот на оние за коишто се чествува празникот за кои идеалот и татковината вредеа повеќе од животот.
„Илинден живее и ќе живее во сите народи кои живеат тука, во душите на Македонците кои се насекаде низ светот. Во карактерот на секој човек е да живее и опстои насекаде во светот. Но од секое правило има исклучоци. Денешниот ден и големиот празник Илинден се поврзани со исклучок од правилото дека секој пробува да живее што повеќе. Исклучокот е во нашите предци кои со здрава совест и свест, го заложија животот во името на идеалот за кој се бореа. Идеалот и татковината за некого вредат повеќе од животот“, рече премиерот Груевски на Мечкин Камен крај Крушево, местото на епопејата на востаниците од Крушевската република во 1903 година.
Претходно во своето обраќање, прв се поклони и положи цвеќе на местото што е симболот на македонската историја и борба за самостојна држава пред бројните делегации од земјата и странство, Груевски се осврна на актуелниот миг и посочи дека сега во самостојна Македонија сите нејзини граѓани имаат право и обврска да ја чуваат земјата и да дејствуваат за да го направиме животот во неа подобар.
Груевски со нескриени емоции се осврна кон историјата, еден по еден споменувајќи ги борците и македонските херои.
„Наследниците на македонскиот род, по 110 години ќе го споменува. Цела Македонија го гледа подвигот на овие луѓе и она што тие го направија пред 110 години кога ја бранеа Македонија. Сто идесет години потоа, ние сме тука да им дадеме почит, да ги славиме, да се заблагодариме на нивната чест“, рече Груевски.
„Вие не паднавте попусто, вие паднавте чесно за вашата идеја. Крушево падна, но не беше поразено. Тој ден се роди идејата, која живееше и не можеше да се згасне ни во балканските војни која и покрај неправдите почна да се населува под крилата на ВМРО, под закрилата на слободната држава. Таа идеја придонесе на 11-октомври Македонија да се крене против фашизмот и на крај да победи. Македонскиот народ ја запечати заслужената победа. Денес кога македонскиот народ се наоѓа пред борба за националната слобода, споменот на Илинден треба да е пред лицето на сите чесни и слободољубиви Македонци кои ја сакаат својата земја и слобода“, истакна Груевски оддавајќи им почит на сите што ги положиле своите животи за слободата и самостојноста на македонската држава./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања
Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест и половина години многу криминал грабеж на институциите на Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска е во Охрид, а коментирајќи каква кампања ќе води партијата и каква кампања очекува воопшто.
Мицкоски рече дека идејата е да се води кампања со која ќе им се врати надежта на граѓаните.
„Малкумина се граѓани од прв ред, тука пред се мислам на неколкумина од ДУИ и малкумина измеќари од раководството СДСМ, сите други имаат чувство дека се граѓани од втор ред“, вели Мицкоски.
Според Мицкоски тоа е работа која мора да се смени во наредниот период.
„Тоа мора да се смени и по 8 мај да има и одговорност. Желни сме да го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија“, кажа Мицкоски.
Македонија
Левицата: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”
Вработените во јавното претпријатие ,,Македонски шуми” три месеци безуспешно се борат да ги добијат своите плати, задолжителните придонеси од плата, теренските додатоци и униформи за работа, реагираат од Левица.
„Тие прво штрајкуваа со присуство на работното место, па денес пред просториите на нивната дирекција, а трет чекор ќе биде да излезат пред Владата. Генералниот директор, Валентин Груевски од ЛДП и менаџерите на ова претпријатие не понесуваат никаква одговорност за неефикасното работење на ова претпријатие кое тоне во долгови. Додека безмилосно се касапат, македонските шуми и се богати зелената мафија, затоа што претпријатието не инвестира во нова опрема, сите пари се трошат за создавање неефикасен административен кадар од партиските редови на власта. ,,Македонски шуми” немаат доволно средства за шумски полицајци, додека претпријатието прима партиски кадри. За расипничкото менаџирање говори скандалот со купувањето нa луксузни службени возила за раководството, додека нема средства за теренски возила, кои се апсолутно потребни во борбата со шумската мафија“, истакнуваат од оваа партија.
Ова, како што потенцираат, не е изолиран случај само со ова јавно претпријатие, туку стана пракса во изминатите 30 години – јавните претпријатија да бидат најголеми загубари, за да ги задоволат апетитите на клиентелистичката машинерија на секоја власт.
Додаваат дека длабоко вкоренатата партизација ги уништува институциите кои треба да се јавен сервис.
„Но, јасно е дека без партиски вработувања, триото СДС-ДУИ-ДПМНЕ нема како да егзистира на политичката сцена!
Затоа, на престојните избори, македонскиот народ треба, конечно, да стави крај на тридецениското уништувачко владеење на овие партии и, конечно, нови генерации политичари да докажат дека може и мора да се управува поинаку“, истакнуваат од Левица.
Македонија
Мицкоски: СДСМ е измеќар на ДУИ
Тоа е едно исто тело, бидејќи СДСМ во изминативе 2 недели од претседателската кампања не кажа ниту еден лош збор ниту пак ниту една критика за работењето на Демократската унија за интеграција што не е случај обратно, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Охрид одговори на новинарско прашање околу реакцијата на СДСМ за наводната жестока реторика и нивно поистоветување со ДУИ.
Мицкоски исто така додаде дека фактот што ДУИ во кампањата ја критикува работата на СДСМ, а СДСМ нема кажано збор против ДУИ покажува дека СДСМ се само измеќари на ДУИ.
“ДУИ ја критикува работата на СДСМ. Така што, како можам да судам и што можам друго да кажам освен тоа дека тие практично се ништо повеќе од едни обични измеќари на ДУИ?“ потенцираше Мицкоски.