Македонија
Трета меѓународна конференција „Управување со отпад и климатски промени“
Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми во четврток ќе се обрати на свеченото отварање на Третата меѓународна конференција „Управување со отпад и климатски промени“.
Конференцијата, под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање ја организираат: АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги на Република Македонија, ЈП Комунална хигиена – Скопје, Дрисла ДОО- Скопје, а со финансиска поддршка на АТРИК – Љубљана, ПАКОМАК Скопје и GIZ-Германско друштво за интернационална соработка.
Во рамките на четири сесисии ќе се дискутара и ќе се разменуваат искуства на темите: Управување со отпад во насока на негово искористување за енергетски цели, Влијание на отпадот врз климатските промени, Институционални аспекти и инфраструктура за имплементирање на системи за управување со отпад и Современи пристапи во изградба на „безбедни“ депонии и одлагање на комунален и индустриски отпад
Покрај министерот Адеми, обраќања ќе имаат и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседател на АДКОМ, Зоран Илиоски директорот на ЈП Комунална хигиена Скопје, Ракип Дочи и директорот на Дрисла Горан Ангелов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Државјанин на Турција приложил фалсификуван пасош на Ќафасан
Денеска, на граничниот премин Ќафасан полициски службеници го привеле Т. С. Т. (48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Известен бил јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Македонија
Тошковски се сретна со амбасадорот на Турција: врвен приоритет е склучување билатерален договор за соработка во областа на безбедноста
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на Министерството за внатрешни работи за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.
Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот договор за соработка во областа на безбедноста, кој е во фаза на заемно усогласување.
Скопје
Едукативен мото-настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото-настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори ќе им бидат презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Преку дружење со претставници и членови од мото-клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење електрични превозни средства“, велат од Општина Кисела Вода.