Македонија
Свечена заклетва дадоа 255 македонски граѓани кои доброволно ќе служат воен рок
Во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“, во петок 255 граѓани на Република Македонија, од кои 17 припаднички на понежниот пол, дадоа свечена заклетва за доброволно служење воен рок.
Во своето обраќање пред 21. генерација војници, заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Емил Димитриев, потенцираше дека интегритетот на една личност се определува и преку одржувањето на неговиот збор.
„Верувам дека со високо дисциплиниран однос кон своите инструктори, како и посветеност во исполнување на поставените задачи за време на вашата обука, ќе ги постигнете бараните стандарди и ќе станете подготвени и високо обучени војници според највисоките стандарди“, им порача на војниците заменик-министерот Димитриев.
Пред присутните високи претставници на Министерството, АРМ и локалната самоуправа, меѓу кои и заменик-началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини и државниот секретар во МО, Сашо Стефаноски, заменик-министерот рече дека нашата армија се вбројува во една од најобучените армии во регионот и пошироко, а задача на војниците е да го продолжат токму тој континуитет.
Командантот на Командата за обука и доктрини, полковникот Љупчо Костовски во своето обраќање се осврна и на значењето на давањето заклетва, како традиција која постоела и постои не само во воените формации, туку и во другите институции во кои се бара лојалност и доследно почитување на обврските и должностите.
„Заклетвата како бранители на слободата и независноста на својата татковина е чин достоен на храбрите, на оние кои се подготвени ако е потребно да го жртвуваат и својот живот за татковината“, истакна полковникот Костовски.
Обуката на војниците на доброволно служење воен рок се реализира во период од три месеци во Центарот за индивидуална обука, кој е во рамките на Командата за обука и доктрини на Армијата на Република Македонија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.