Македонија
Регионална конференција „Вистински импакт за подобро образование“
Регионална конференција „Вистински импакт за подобро образование“, ќе се одржи во среда во Скопје.
Конференцијата е во организација на Мајкрософт Централна и Источна Европа (МЦИЕ), со поддршка на Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Целта на оваа регионална конференција е согледување на можностите за поголема искористеност на технологијата за подобрување на образованието и учењето. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – за приватните специјализанти деградирачка е изјавата на Демири за политичка позадина на штрајкот
Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не бидат на писмено од Владата дека нивните барања ќе бидат прифатени.
Специјализантите се залаат за покачување на платите од 26.000 на 44.000 денари и решавање на нивниот статус, односно да имаат здравствено о пензиско осигурување.
„Се уште не се исполнети нашите барања, ветувањето на Илир Демири беше дека тој има разбирање за нашите проблеми, но еден месец не беа предложени на седница на Влада“, изјави д-р Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина трета година.
Таа рече дека лично нема партиска книшка, туку единствената што ја има е крводарителската, надоврзувајќи се на изјавата на министерот за здравство, Илир Демири кој рече дека штрајкот имал политичка позадина што специјализантите ја оценуваат како деградирачка.
Демири вчера изјави дека ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би можел да ги преземе до завршување на изборите за да им ги исполни барањата.
Министерот најави дека по изборите ќе се заложи да има ребаланс на буџетот и примањата на приватните специјализанти да се изедначат со примањата на специјализантите, кои се вработени во јавните здравствени установи.
Македонија
Ковачки: Граѓаните да не очекуваат извинување од Пендаровски до Давкова, бидејќи човекот свесно премолчи сексуално вознемирување во Армијата
Втор ден како Пендаровски Стево молчи за навредите кон Гордана Силјановска Давкова, навреди за сексистичка основа, навреди на мизогиниска основа. Но, што да очекува јавноста од човекот кој што го премолче секс сканадалот во Армијата, ќе го премолче и овој, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ме изненадува тоа што молчи и Ковачевски, меѓутоа молчи и Сања Лукаревска, носителот на изборна единица број 3 која како жена треба да знае и треба да застане позади сите жени. Ова е напад на сите жени истовремено“, додава Ковачки.
Ги повикува Пендаровски, Ковачевски и Лукаревска веднаш да се оградат од овој настан.
„Овој настан само покажува колкав е стравот кај истите, покажува дека се исплашени од поразот и се свесни дека Гордана Силјановска Давкова ќе му го визира пасошот на Стево Пендаровски да се исели од Република Македонија. На 24 Април да излеземе масовно и да го поразиме Пендаровски и Ковачевски“, завршува Ковачки.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски
Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДСМ. Пендаровски е демократ само на хартија, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Пендаровски не се извини за говорот на омраза кон професорката Гордана Силјановска Давкова, со тоа поттикнува таквото однесување да продолжи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
„Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДСМ. Пендаровски е демократ само на хартија. Во реалноста е политичар кој за главна алатка го има говорот на омраза. Пендаровски со самиот факт што не сакаше да се извини кон професорката Силјановска дава сигнал кон своите активисти да продолжат да ја навредуваат и омаловажуваат на полова и старосна основа. Пендаровски со ова свое однесување само уште еднаш покажа зошто Македонија изминативе години со него и СДСМ стагнираше на секое поле од владеење на правото до економија. Време е народот да си ја врати државата. Време е Македонија повторно да биде горда“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.