Македонија
Предлог Законот за стечајни постапки ќе оди на второ читање

Предлог Законот за стечајни постапки го помина првото читање во Собранието на Република Македонија. Со него се предвидува решавање на 300 стечајни случаи а ги опфаќа сите стечајни постапка од 1989 до 2011 година со цел да се стави крај на оние кои траат по 15-20 години.
Заменик министерот за економија истакна дека со изгласувањето на овој предлог Закон ќе се стави крај на темната криминална приватизација за време на која безброј луѓе останаа на улица без работа, а која се случувала за време на владеењето на СДСМ.
„Со новиот закон за затворање на стечајните постапки, работниците, кои ги чекаат своите пари 15 години, конечно ќе бидат намирени“, истакна Делев додавајќи дека информациите за стечајните постапките се јавно достапни , и во секој суд и во Министерството за економија.
Според него имотот на фирмите кои се под стечај мора да се легализира, бидејќи во спротивно нема никогаш да се продаде. Целта е како што вели со легализацијата е да се загарантираат повеќе средства за поранешните вработени.
„Ја поздравуваме идејата на Владата да ги реши стечајните постапки зашто со нив се најзасегнати работниците. Но, законот не остава простор работниците да се надеваат дека ќе им се исплатат платите. Намерно се крие податокот кои се тие стечајни постапки, за кои компании се работи, колку вработени имало во нив и за колкав имот се води спор“, рече Николов од СДСМ.
Собранието го поддржа Предлог законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација и Законот за стечај, за вонсудско спогодување, и одлучи да се даде на натамошно, второ читање./крај/мф.ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На 27 декември пресуда за ексдиректорот на ЕЛЕМ во предметот „Тарифа“

Во кривичниот суд на 27 декември ќе биде објавена пресудата за случајот „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. На денешното рочиште беа изведени завршните зборови на двајца бранители и обвинетите.
Обвинети во предметот „Тарифа“ се ексгенералниот директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорѓовски. Предметот го суди судијката Софче Гаврилова-Ефремова.
Според СЈО, тие незаконски набавиле софтвер за потребите на компанијата во вредност од четири милиони евра. Обвинетите со неизвршување службена должност овозможиле правното лице „ЕРП систем“ да се квалификува во втората фаза на јавната набавка иако немало доставено комплетна документација.
Сите обвинети на почетокот на судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинителот Трајче Пеливанов во воведните говори за предметот рече дека обвинетите ја злоупотребиле службената положба за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на АД „ЕЛЕМ“ со што ѝ причиниле имотна штета на компанијата од 456.560 евра.
Судењето почна на 19 декември 2017 година и траеше точно две години, а на обвинетите, доколку бидат осудени, им се заканува казна затвор од најмалку пет години.
Македонија
(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени во изборниот законик, претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, открива дека објаснувањето на пратениците дека не биле навреме информирани за измените во изборниот законик и затоа не сакаат набрзина да се расправа за овие закони е само начин да блокираат а за измените биле поканети да разговараат уште во септември. Морачанин вели дека на сите три расправи на кои биле поканети лидерите од најголемите партии, присуствувале само СДСМ, така што овој бојкот е очекуван, но не е оправдан. Со промените, според Морачанин, би се намалила доминацијата на партиите врз своите членови и би се зголемила одговорноста на поединците на пратеничките листи.
„Со имените во изборниот законик ништо сушптинско не се менува во функцинирањето на партиите, а ќе добие општеството и граѓаните. Измената која треба да донесе една изборна единица, без праг, отворени листи и 50% жени на листите и со тоа малите партии да бидат ставени во рамоправна позиција и за да се зајакне демократијата во изборниот процес, очигледно не им оди во прилог на двете големи опозициски партии. Не знам зошто тие не сакаат да дојде до расправа и дебата во Собранието и ова личи само на инатење кое оди на штета на граѓаните“, вели Морачанин.
За можноста изборите да бидат одложени ако измените на законите не бидат изгласани, зошто пратеничките на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да се постигне родова еднаквост на гласачките листи, но и за заложбите на ДОМ за чистиот воздух и отворената поддршка на екоактивистите што се борат против рудниците, разговаравме со Маја Морачанин, претседателка на ДОМ.
Македонија
(Видео) Заев: Со реконструкција на „Пластичарска“ граѓаните ќе добијат модерно и ефикасно сообраќајно решение

Претседателот на Владата, Зоран Заев, изврши увид во градежните работи за реконструкција на една од најпознатите сообраќајници во Скопје – булеварот Никола Карев, познат како Пластичарска улица, која поврзува четири општини – Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош.
Премиерот истакна дека продолжуваат интензивните градежни работи за реконструкција на голем број булевари, улици и главни градски сообраќајници во сите десет скопски општини и додаде дека примерот на Град Скопје е поттик и за другите општини во државата целосно да им излезат во пресрет на потребите на граѓаните за изградба и за одржување на модерни сообраќајни решенија за одржлива урбана мобилност, и за поголема ефикасност на градскиот сообраќај.
„Овој булевар дневно го користат десетици илјади возила, а овој потег особено е значаен поради огромниот број стопански субјекти со огромна фреквенција на граѓани како потрошувачи или како деловни соработници и добавувачи на компаниите што тука имаат продажни и други објекти. Со реконструкцијата ќе бидат опфатени 1.400 метри, на потегот од клучката кај Бит-пазар до касарната Илинден“, рече премиерот Заев.
Тој дополни дека булеварот Никола Карев“истовремено е врската на источната и западната порта на Скопје. Тоа, како што рече Заев, ја прави уште позначајна оваа градска сообраќајница од посебен интерес на граѓаните на главниот град, како и на граѓаните од Републиката кои во огромен број го користат овој булевар.
„Кога ќе биде завршена реконструкцијата, булеварот ќе добие 4 коловозни ленти со полна функционалност, велосипедски патеки во двете насоки и тротоари за пешаци. Проектирана е и нова атмосферска канализациска и водоводна инфраструктура, како и ново осветлување и значајното зеленило“, истакна премиерот Заев.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, истакна дека првата фаза од проширување на булеварот Никола Карев го опфаќа делот од клучката кај Бит-пазар до касарна Илинден и целосно ќе биде изведена непостоечка атмосферска канализација, реконструкција на подземните инсталации, со што ќе се добие современа сообраќајница и апелираше до граѓаните за трпение додека траат градежните работи.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија4 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми