Македонија
Адеми-Бушати: Нема конкретен проект за реката Радика
Нема проект за реката Радика. Идејниот проект зависи од студијата која ќе се реализира во врска влијанието врз животната средина.
Ова го изјави во петок во Тирана на средбата со новинарите министерот за животна средина во Владата на Македонија Абдуаќим Адеми, по средбата што се одржа со министри во владата на Албанија.
„Во врска со идејниот проектот Луково Поле нема да превземеме ниту еден чекор без да се консултураме во соседите, бидејки така стои и во меѓународните Конвенции“, истакна министерот Адеми и додаде дека нема потреба од вознемирување бидејќи ќе има целосна транспаретност за јавноста.
Министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати рече дека Албанија околу овој проект ќе бара да се применат меѓународните конвенции.
Тој додаде дека актуелната албанска опозиција шпекулира во врска со овој проект, заради што тој порача на албанската јавност дека ќе има целосна транспаретност во врска со активностите на официјална Тирана за македонскиот проект кој претставниците на Владата на Македонија рекоа дека е идеен проект. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.