Македонија
Вељановски во сабота ќе ги распише претседателските избори
Вељановски најави дека во сабота ќе ги распише петтите по ред претседателски избори кои ќе треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај.
„Уставна надлежност и обврска на претседателот на Собранието е да ги распише изборите. Во конкретниот случај имаме редовни претседателски избори кои треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај и јас во сабота на 1 февруари ќе ги распишам и ќе го одредам датумот на одржување на претседателските избори“, рече Вељановски во интервју за МИА.
Собранието, според него, во моментов нормално работи, а доколку има само претседателски избори, Собранието нема да одржува седници нешто повеќе од еден месец пред првиот круг.
„Во периодот пред претседателските избори не држиме пленарни седници за да не се претвори салата во место за кампања“, истакнува Вељановски.
Тој во интервјуто изразил задоволство од донесувањето на измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои беа усогласени и од власта и од опозицијата, но исто така и очекување учесниците да ги применат на изборите.
Кандидатите за претседател сé уште се непознати за јавноста, иако меѓу граѓаните и политичките партии наголемо за зборува за претстојните претседателски избори кои треба да се одржат годинава.
Политичките партии тактизираат и не ги откриваат своите кандидати, сите чекаат другиот да го направи првиот чекор.
Услов за кандидат за претседател исполнува секое лице кое до денот на изборите наполнило најмалку 40 години и истото живеело во Македонија десет во последниве 15 години.
Кандидатите за претседател за да го добијат мандатот треба да ја добијат довербата од мнозинството гласачи од вкупниот број избирачи.
Со измените на уставот во 2009 година кои пратениците ги изгласаа со 86 глаза „за“ и ниту еден „против“ беше намален цензусот за избор на шеф на државата кој претходно изнесуваше 50 проценти излезеност на гласачкото тело. Со овие измени се предвидува во вториот круг да биде избран претседател доколку кандидатот го освои мнозинството гласови при излезеност на избирачите од 40 отсто.
Доколку повторно се разгледува можноста за евентуално олеснување на процедурата за избор на претседател и намалување на потребниот цензус, тогаш пратениците ќе треба да постигнат политички консензус и во парламентот да обезбедат двотретинско мнозинство.
На последните претседателски избори претседател Ѓорге Иванов го доби мандатот со околу 454 илјади гласа или доверба која изнесуваше 42,6 проценти. Актуелниот претседател сé уште не се изјаснил дали ќе се бори за доверба за уште еден мандат.
Владата од Буџетот за 2014 година за избори обезбеди близу пет милиони евра, пари од државната каса со кои треба да се создадат високи стандарди за успешно спроведување на изборите на претседател.
Кампањата за претседател ќе трае дваесет дена пред изборите со тоа што последниот ден е ден на предизборен молк./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг
Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.
„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.
На противкандидатите им честиташе за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот кој е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.
Рече дека е горд на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.
„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоивме повеќе од 80.000 гласови. Регистриравме субјект кој постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблираше на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади членови, а да освоите над 80.000 гласови. Искрено сум горд на секој тој еден глас што дојде, како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.
Порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој освои повеќе 100.000 гласови помалку од Гордана Сиљановска-Давкова.
„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.
Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.
Македонија
ДИК: Сиљановска Давкова освои 324 177, Пендаровски 161 393 гласа по обработени 89,97 отсто
Стево Пендаровски освои 161 393 гласа, 19,90 отсто, Гордана Сиљановска Давкова 324 177 односно 39,97 отсто од гласовите, Стевчо Јакимовски освои 7.499 односно 0,92 отсто од вкупниот број на гласовите.
Кандидатот Бујар Османи освои 110 903, односно 13, 68 отсто, Билјана Ванковска 35.949 односно 4,43 отсто од гласовите, Арбен Таравари 78.110 илјади односно 9,63 отсто, Максим Димитриевски 70,996, односно 8,75 отсто од гласовите се резултатите од обработените 89,97 отсто од гласовите, извести претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Тој додаде дека изборниот процес поминал мирно и достоинствено и смета дека 99 отсто работите поминале како што треба.
Македонија
Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови
„Влен“ е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците, изјави Билал Касами на прес конференција.
„Добитници на овие избори сме ние, коалицијата „Влен“. ДУИ има купено гласови од загрозените гласачи кои имаат потреби од пари. „Влен“ ги доби гласовите на Албанците, вели Касами.
„ДУИ го загуби последниот легитимитет да зборува во име на Албанците, затоа на 8 мај ние ќе победиме. Овој резултат и во мандати не е голема разлика со ДУИ и на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза. ДУИ успеа да ја загуби последната можност, еден кандидат Албанец да биде избран на директни избори во 2024 година. Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија. Ако биле заинтересирани Албанец да оди во вториот круг сигурно ќе беа координирани со нас и ќе беше возможно да биде избран Албанец. Затоа мислиме дека вредеше оваа борба“, рече Касами.
Тој се заблагодари на сите што го гласаа кандидатот Арбен Таравари и додаде дека ДУИ има изгубено гласови од помалите етнички заедници и од загрозените граѓани.
Таравари кажа дека коалицијата подоцна ќе разговара за тоа кому ќе ги даде гласовите во вториот круг на претседателските избори.