Македонија
329 новозаболени од Ковид-19, починале 18 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16, Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – 9, Tетово, Пробиштип и Кочани – по 8, Битола – 7, Кочани и Гевгелија – по 5, Свети Николе – 3, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 200 оздравени пациенти од: Скопје – 103,Куманово – 15, Битола – 12, Штип – 11, Велес и Прилеп – по 9, Крива Паланка – 7, Кичево – 6, Кочани и Свети Николе – по 5, Кавадарци – 4, Берово – 3, Радовиш, Кратово и Богданци – по 2, Пробиштип, Гевгелија, Ресен, Гостивар и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г,69г и 68г), 3 починати лица од Велес (86г, 72г и 57г) ипо едно починато лице од Прилеп (57г), Тетово (64г),Крива Паланка (78г) и Куманово (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово,Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Направени се 3.045 тестови преку: ИЈЗ-203, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-58, ЦЈЗ Тетово–25, ЦЈЗ Куманово-38, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1,лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–303, Жан Митрев (Филип Втори)-47,Авицена-110, Биотек-134, Систина-45, лабораторија Лаор-258, Синлаб-7, Ремедика-0, Плодност–43, Генеа-3,Никоб лаб-238, ВФВ Медикал-27, Ели Медика-35, Ројал Медика –22, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ(рапид тест) – вкупно 1.335.
Досега во земјата се направени вкупно 1.342.870 тестирањана Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.091, бројката на оздравени пациенти е 183.227, на починати е 6.940, а бројот на активни случаи изнесува 6.924.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Температурите во среда и четврток ќе паднат под нулата

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.
Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, – 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива Паланка, – 3 во Битола, -2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а -1 во Скопје и Прилеп.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.
Македонија
Лукаревска со новоизбраните претседатели на партиските комисии: Ветеното го исполнуваме, растат платите и пензиите

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска одржа работен состанок со новоизбраните претседатели на партиските комисии.
На средбата се разговараше за актуелни теми, процесот на комплетирање на составите на комисиите, динамиката на следните активности, како и степенот на реализација на Програмата од изборите во 2020 година по соодветни области.
„Комисиите се важен дел од функционирањето на партијата, особено во креирањето на мерките и политиките за Програмите на СДСМ. Огромен дел од клучните ветувања во Програмата за парламентарните избори во 2020 се веќе реализирани или се во фаза на реализација. Година и половина пред предвиденото минималната плата надмина 20.000 денари, а просечната стигна на 34.000 денари, истовремено го зголемивме и лимитот за поврат на Мој ДДВ на 2.100 денари по тромесечје. Тоа е доказ дека нашите комисии се капацитетни, дека знаат да направат сериозни процени и навистина да креираат остварливи решенија во интерес на граѓаните и државата“ порача Лукаревска.
Пред присутните Лукаревска најави дека во периодот што следи ќе започнат различни активности околу подготовка на новата програма, затоа што како што истакна таа, навременоста и инклузивниот процес се клучот за создавање одржливи решенија.
Македонија
Директорот на ДУИ во Државни патишта за косење трева склучил договор од 2 милиони евра, реагира Николоски и укажува на корупција

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски го обвини директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Ејуп Рустеми дека склучил договор за тендер за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во вредност од над 2 милиони евра.
„Ова е еклатантен пример за криминал и корупција кој што се случуваат во Македонија“, напиша Николовски на својот профил каде го прикажа и договорот за тендерот.