Македонија
Рилковски:Политички договор можно решение за настанатите проблеми од поклопувањето на роковите на изборите
Претседателот на Државната Изборна Комисија, Никола Рилковски смета дека е спорно поклопувањето на изборниот молк на претседателските избори со кампањата на предвремените парламентарни избори.
Проблемот е во тоа што кога на сила ќе биде денот на молк за претседателските избори, веќе во полн ек ќе тече кампањата за предвремените парламентарни избори, со што може да настане нарушување на изборниот молк кај изборот за претседател.
„Изборниот законик е тазе донесен, не предвидел течење на рокови последователно првин за претседателски, а по нив, не истовремено, и на предвремени парламентарни избори. Апелирам до Владата и до Министерството за правда, или до политичките партии во Парламентот, во овие два дена, додека не се самораспушти законодавниот дом, да иницираат законски измени или дополнување на Изборниот законик и да ги изгласаат измените за да се решат серијата дилеми кои ќе се појават поради преклопувањето на роковите за претседателските и за парламентарните избори. ДИК е тука да го спроведе Законикот и донесените измени”, апелираше претседателот на Државната изборна комисија Никола Рилкоски за политички компромис.
Според него ДИК не е таа која треба да ги реши пат позициите што ќе произлезат од преклопувањето на изборите, туку дека треба итно законодавецот да реагира, за да бидат изборите легални.
Рилковски, вели дека во моментов нема одговор како би се решила ваквата ситуација истакнувајќи дека комисијата немала состанок на кој би разговарала за овие новонастанати проблеми. Она што до сега е направено се само меѓусебни консултации по кои со своите колеги размислувале за една варијанта на решение на проблемот, а тоа е инволвираните политички страни да изнајдат меѓусебно политичко решение, односно договор со што би се надминала ваквата ситуација бидејќи сега нема веќе време за нови измени на изборниот законик.
Според Рилковски ваквото преклопување на роковите со себе повлекува уште еден проблем, а тоа е медиумската кампања која ќе тече за предвремените парламентарни избори, а од друга страна не смее да се објавуваат политичките активности, посебно политичките анкети и рејтинзи на партиите, бидејќи паралелно ќе биде предизборен молк за претседателските избори.
„Ние како ДИК се надеваме дека Министерството за правда, Владата и Собранието имаат предвид за настанатата ситуација бидејќи ние единствено што можеме да направиме е да се држиме до законот и да го спроведуваме.”, истакна Рилковски.
Тој признава дека доколку дојде до ситуација на кршење на законот можно е да биде покрената и иницијатива за поништување на изборите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.