Македонија
АППТ потпиша меморандум со земјите од ЦЈИЕ и Кина за подобра туристичка промоција
На конференцијата во Будимпешта, македонската Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) потпиша меморандум со земјите од централна и југоисточна Европа и Кина за подобра туристичка промоција.
Кина преставува најголем светски растечки пазар во сегментот на потрошувачката и туристичките патувања. Во 2013 година 7,5 милиони туристи од Кина ја посетиле Европа од кои 2,5 милиони во земјите од централна и југоисточна Европа што преставува 33,5 проценти од вкупниот број туристи од оваа земја.
Туристичките аранжмани од кинеските туристи за европските земји во континуитет се зголемува, додека престојот на туристите од Кина станува се подолг. Се предвидува дека до 2018 година земјите од централна и југоисточна Еврота ќе бидат посетувани од 3,7 милиони кинески туристи годишно,потврдувајки го големиот потенцијал од Кинескиот туристички пазар.
Државите од централна и југоисточна Европа(Албанија,Македонија,Бугарија,Босна и херцеговина,Хрватска,Чешка,Естонија,Унгарија,Латвија,Летонија,Црна Гора,Србија) се промовираат како една туристичка дестинација на кинескиот пазар што овозможува разновидност на туристичката понуда,поголема и попривлечна туристичка дестинација.
Во насока на зајакнување и продлабочување на собаротката во туризмот во Ноември 2013 година директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Кристијан Џамбазовски оствари посета на Народна Република Кина со господинот Сао Кивеи од националната туристичка администрација.
На овие средби беше потврдена поптолната подршка во насока на Македонското присуство на кинескиот туристички пазар за кој веќе се изготвени промотивни материјали на Кинески и актуелното прашање на усогласен визен режим кон кинеските туристи во земјите на централна и југоисточна Европа.
Директорот на АППТ, Кристијан Џамбазовски изрази подготвеност следната година Македонија да биде организатор и домаќин на средбите на исто ниво со кој ќе се овозможи обединување на туристичката понуда на земјуте од ЦЈИЕ на кинескиот пазар./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите
Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски соопшти дека гласале 801.074 граѓани.
„Според податоците за излезност кои се пристигнати досега најголемата излезност, како и досега, е забележана во Новаци од 71,07 отсто, додека најмалата излезност е во Центар Жупа од 16,90 отсто. Во текот на денот гласањето се одвиваше мирно и без поголеми инциденти на гласачките места“, рече Даштевски.
Уважени се 134 приговори и на граѓаните им е овозможено избирачкото право. На бесплатната телефонска линија 0800 555 44, која беше активна во текот на целиот ден има 10 јавувања, а преку видеоповик на телефонската линија 074 488 360 информации побарале осум лица со оштетен слух.
Гласањето ќе се продолжи онаму каде што е прекинато повеќе од еден час. Такви се едно место во Демир Хисар, едно место во Липково, едно место во Делчево и едно место во Могила.
На три места во Куманово имало прекин на гласањето подолг од три часа поради што гласањето било прекинато. Претседателот Даштевски објасни дека за овие три места во Куманово ќе има прегласување само доколку се утврди дека можат да влијаат на конечниот резултат.
Македонија
Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт
Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува за правецот во кој треба да се развива нашата татковина, онаква каква што сакаме да ја видиме напредна земја со европски стандарди во правото, здравството, образованието, земјоделието и сите други области значајни за граѓаните, кажа Тимчо Муцунски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Од аспект на изборниот процес, според него, тој поминал како што рече, генерално во фер и демократска атмосфета, со низа помали прекршувања, пред се предизвикани од партиите на власт и нивните активисти.
„Имено од досегашните податоци за нерегуларности кои ги имаме добиено од набљудувачите, забележано е вршење на притисок врз гласачи во општина Сарај, но и импровизиран штаб во непосредна близина на гласачко место во училиштето Гоце Делчев во Гостивар. Исто така забележани се случаи на семејно и колективно гласање, за кое истите лица биле предупредувани од страна на избирачките одбори и акредитираните набљудувачи.
На неколку избирачки места во втората изборна единица, поточно во Куманово, нотирани се нерегуларности од типот на нефункционалност на убиг апаратите или немање на печат. Во едно избирачко место бидејќи немале печат избирачкиот одбор добил насоки од ОИК гласањето да продолжи, па после гласањето да се стави печат. При примопредавањето на изборниот материјал не биле потпишани сите субјекти“, информира Муцунски.
За сите забелешки, како што рече како партија ќе постапат пред надлежните институции.
„Затоа што во наш, но и во интерес на Македонија е да имаме кристално чист изборен процес, процес кој според нас треба да заврши со победа на Македонија и визијата за реформи, правда.
Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт и враќањето на Македонија повторно на народот, процес кој повторно Македонија ќе ја направи горда“, истакна Муцунски.
Македонија
Европскиот фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен
„Народот го кажа своето, имавме мирен изборен ден и слободни избори“, изјавија веднаш по изборниот молк од Европскиот фронт.
„Покажавме демократска зрелост како што и доликува на земја членка на НАТО и земја преговарач со ЕУ. Денес граѓаните го кажаа својот збор а на нас е да ја преточиме таа волја во акција. Имавме исклучителна кампања, напорна и вредна, беше европска на која треба сите да се гордееме“, посочија од Европскиот фронт.
На прашањето колку се задоволни од одзивот на гласачите и за првичните партиски пресметки Арбер Адеми од ДУИ истакна дека очекуваат голема победа за нивниот кандидат Бујар Османи.
„Сите информации од терен тоа го потврдуваат. Очекуваме победата да биде голема, историска“, рече Адеми.