Македонија
Продолжува учеството на македонските војници во вежбата `Брз Лав 14` во Белгија
Припадниците на АРМ, со четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2), продолжува со учество на вежбата „Брз Лав 14″ која се изведува во Кралството Белгија.
На вежбата која официјално беше отворена на петти јуни оваа година, се работат фиктивни сценарија за хуманитарна мисија, поддршка на раселени лица и бегалци и за пронаоѓање и постапка со лица осомничени за воени злосторства.
На самиот почеток на вежбата, припадниците на 4 механизиран пешадиски баталјон, од составот на 1.механизирана пешадиска бригада на АРМ, успешно се справија со суштинските задачи од мисијата кои опфаќаат постапки со пронајдена изгубена муниција, прием и ескорт на ВИП личности, барање за средба со високи претставници и сл.
Нашите војници високата подготвеност ја покажаа и во пронаоѓање на сомнителен предмет, за кој подоцна (во рамките на вежбата) се утврди дека е импровизирана експлозивна направа, која припадниците на белгиската армија ја уништија со употреба на експлозив.
Припадници на АРМ во оваа вежба учествуваат и во штабот на ЕУБГ 2014-2 чија основна задача е исполнување на листата на суштински задачи и способноста на командата на ЕУБГ да одговори на предизвиците во реонот на упатување. Во овој елемент од борбената група составен дел се и тројца штабни офицери и еден подофицер од АРМ.
Учеството во рамките на планирачкиот процес, како и извршувањето на редовните задачи во рамките на штабот на ЕУБГ, за персоналот од АРМ претставува надоградување на веќе стекнатите знаења, а доделената доверба претставува добра можност за промовирање на интероперативноста на штабните постапки и процедури во меѓународно опкружување.
Подготовките за борбената група на Европската унија 2014-2 започнаа во 2012 година и ќе продолжат до 30 јуни 2014 година. Во ноември 2013 година беше реализирана првата голема вежба за ЕУБГ 2014-2 во Холандија на која за прв пат се формира штабот, се оценуваше соработката помеѓу различни секции и реакција на голем број на инциденти.
Борбената група која е под раководство на Кралството Белгија и под команда на полковникот Филип Буке (Philippe Bouckе) од белгиската армија, во која учество земаат шест земји и тоа: Република Македонија, Кралството Холандија, Големото Војводство Луксембург, Кралството Шпанија, СР Германија и лидерот Кралството Белгија.Предизвик на вежбата претставува заедничката работа на припадниците на армиите од шесте различни земји со вкупен персонал од околу 2900 војници./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска го посетија Оперативниот Штаб во МВР во рамки на ОА „Претседателски и парламентарни избори 2024”, на кој присуствуваа и претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, ОБСЕ и ОДИХР.
Во оваа прилика Бојмацалиев ги поздрави гостите од САД, ОБСЕ и ОДИХР и уште еднаш потенцираше дека на колегите во Оперативниот Штаб им посочил да се работи исклучиво согласно законските норми и прописи, а со цел гарантирање на безбедноста на фер, слободни и демократски избори, впрочем како што се работело и досега од 2017 година навака, без забелешки за изборниот процес.
Притоа, Бојмацалиев беше брифиран за текот на изборниот процес, за активностите и мерките кои ги презема МВР во делокругот на своите надлежности.
„Бев информиран дека гласањето не беше започнато на неколку места во предвиденото вре,е, а на неколку е почнато со задоцнување или прекинато, на различни подрачја, сите поради технички проблем со читачот на отпечаток на прст. На подрачје на СВР Скопје во врска со пријава за испукана димна бомба, од страна на тим на антитероризам извршена е проверка, подигната е направата и објектот е предаден на Претседателот на Избирачки одбор. На подрачје на СВР Куманово регистрирани се два настани и тоа пријава за организирано носење на гласање на стари лица и поставен штаб во близина на гласачко место. За време на предизборниот молк, во периодот од 06,00 до 07,00 часот, регистрирани се три настани на подрачје на СВР Скопје за испишани графити”, информираше Бојмацалиев.
Македонија
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.
Македонија
ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери
Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела поврзани со изборите, извести дека се издадени наредби за увид во службената документација на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Делчево.
„Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Делчево е заведен предмет по барање на Министерството за внатрешни работи за кој се побрани наредби за вршење увид во службената документација на Јавното претпријатие ’Комуналец’, со цел да се проверат наводите за евентуално сторено кривично дело поткуп при избори и гласање. Се работи за наводно поставување водомери во поголем број населени места во таа општина. Дадена е наредба за проверка на службената документација во претпријатието. Доколку се утврди дека има елементи за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање, предметот ќе се процесира понатака“, рече обвинителот Бајрами.
Во Основното јавно обвинителство Радовиш денес е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден од набљудувачите од една политичка партија. И за овој настан обвинителот Бајрами рече дека се дадени насоки за проверка на наводите и доколку постојат елементи за сторено кривично дело, и овој предмет ќе се процесира.
Обвинителот Бајрами рече дека од аспект на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.