Македонија
37 починати и 365 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.820 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 166, Куманово – 27, Битола – 19, Струмица – 17, Прилеп и Велес по 15, Кавадарци – 12, Тетово – 11, Кичево – 10, Охрид, Свети Николе и Виница по 9, Штип – 8, Ресен – 6, Гостивар – 5, Струга – 4, Кочани, Берово и Македонска Каменица по 3, Крива Паланка, Радовиш и Дебар по 2 и по еден случај во Неготино, Делчево, Пробиштип, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Пехчево.
Регистрирани се 594 оздравени пациенти од Скопје – 240, Битола – 42, Куманово и Велес по 39, Прилеп и Гевгелија по 26, Гостивар и Струмица по 23, Штип – 20, Кочани – 15, Берово – 14, Тетово – 13, Охрид -12, Кичево – 10, Свети Николе – 8, Делчево – 7, Ресен, Дебар, Виница и Македонски Брод по 5, Валандово и Богданци по 3, Струга, Радовиш, Пехчево и Дојран по 2 и по еден во Пробиштип, Демир Капија и Македонска Каменица.
Пријавени се вкупно 37 починати лица – 11 од Скопје (50г, 54г, 57г, 58г, 71г, 74г, 82г, 84г, 85г, 87г и 89г), осум лица од Струмица (63г, 64г, 66г, 70г, 71г, 76г, 76г и 79г), четири лица од Битола (67г, 74г, 82г и 88г), по три лица од Тетово (56г, 60г и 67г) и Штип (63г, 72г и 77г), по две лица од Куманово (75г и 79г), Кавадарци (64г и 73г) и Кочани (77г и 88г) и по едно починато лице од Прилеп (82г) и Свети Николе (58г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 34 се починати во болнички услови. Пријавени се десетмина пациенти кои се починати во периодот од 15 до 25 април годинава.
Направени се 2.820 тестови преку: ИЈЗ-366, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 15, УК Пулмологија со алергологија – 2, ГОБ 8-ми Септември – 11, Институт за микробиологија – 75, МАНУ – 106, Жан Митрев (Филип Втори) – 159, Авицена -242, Биотек – 666, Систина – 148, лабораторија Лаор – 156, Синлаб – 52, Ремедика – 65, Плодност – 48, Генеа – 15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 571.
Досега во земјата се направени вкупно 721.446 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 152.367, бројката на оздравени пациенти е 132.765, на починати е 4.855, а бројот на активни случаи изнесува 14.747.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:
Скопје 67.310, активни 6.657
Куманово 8.527, активни 1.090
Прилеп 8.172, активни 679
Тетово 7.095, активни 549
Битола 6.148, активни 947
Велес 5.402, активни 527
Гостивар 5.117, активни 354
Кавадарци 5.109, активни 363
Штип 4.890, активни 369
Охрид 4.907, активни 464
Струмица 4.007, активни 489
Струга 2.940, активни 160
Кочани 2.721, активни 239
Кичево 2.471, активни 267
Гевгелија 2.176, активни 234
Неготино 2.153, активни 179
Свети Николе 1.488, активни 116
Крива Паланка 1.208, активни 60
Ресен 1.209, активни 192
Радовиш 1.088, активни 99
Берово 1.015, активни 51
Делчево 951, активни 83
Дебар 930, активни 36
Виница 817, активни 124
Пробиштип 772, активни 32
Валандово 660, активни 64
Богданци 489, активни 61
Крушево 480, активни 100
Демир Капија 394, активни 24
Демир Хисар 388, активни 68
Кратово 353, активни 10
Македонски Брод 354, активни 17
Пехчево 262, активни 20
Македонска Каменица 232, активни 15
Дојран 132, активни 8
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лукаревска: Од целосно заборавени, домашните претпријатија ги поддржавме со 100 милиони евра, ќе ја дуплираме поддршката
Се радувам што граѓаните и луѓето од бизнис заедницата се искрени и отворени. Разговараме без задршка, без страв, тоа е придобивка од слободата. Сакаме да создаваме партнерства во градењето на европската иднина. Ќе останеме заедно и заедно ќе ги решаваме предизвиците кои што нема да бидат ниту малку ниту лесни. Европската агенда е напорна, бара вклученост на сите, но тоа е најдобриот и најефикасниот начин секој ден работите да ги подобруваме, за да ги достигнеме европските стандарди, рече Лукаревска, носителката во ИЕ3 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија пред новинарите во Кочани.
-И до сега многу работевме за да бидеме конкурентни. Многу вложивме во зајакнувањето на домашните компании. Од целосно заборавени, без никаква финансиска поддршка, ние ги поддржавме со 100 милиони евра. Ќе продолжиме и во следните четири години, зашто тоа е важно и за компаниите и за сигурноста на вработените. Во наредниот мандат домашните компании ќе ги подржиме со 180 милиони евра. Поддршката ќе биде дуплирана. Заедно, партнерски со нив, ќе продолжиме да ја јакнеме домашната економија со јавни инвестиции од 3,5 милијарди евра.
Лукаревска истакна дека дел од овие средства ќе бидат вложени и во праведна енергетска транзиција и енергетска независност.
-Домашното производство на електрична енергија ќе го зголемиме за 70%. Со тоа државата ќе постигне енергетска независност, и самостојно ќе задоволува 100% од сопствените потреби за струја. И тоа главно од гас и од чисти и обновливи извори. Рековме НЕ за малите хидроцентрали и за сите фосилни технологии кои ни ги загадуваат воздухот и почвата.
Сето ова е продолжување на нашата досегашна работа, зашто тоа е важно за стабилноста и за нашата европска иднина.
Не се откажуваме, ќе го задржиме континуитетот, зашто немаме време за губење. Важни се овие избори за да ја славиме победата за европска Македонија, рече Лукаревска во Кочани
Македонија
Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства, ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка
„Енергетската независност на Македонија е значаен приоритет за СДСМ и за Коалицијата за европска Макединија. И во време на најголемата енергетска криза, граѓаните не го почуствуваа недостатокот на светскиот пазар, затоа што водевме мудри политики и обезбедивме енергија за целата држава. Во наредниот мандат гарантираме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70 проценти во однос на 2019 година, со што ќе бидеме енергетски независни“, изјави Јован Митрески, носител на ИЕ 5 за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.
Тој најави дека во наредниот мандат ќе биде зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија за најмалку 100 проценти, а еден милион граѓани ќе добиваат енергија од обновливи извори.
„Ги зголемуваме субвенциите од 80 илјади на 120 илјади денари за домаќинства, ги зголемуваме мерките за заштита на правата на ранливите потрошувачи на енергија. Воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроцентрали“, додаде тој.
Митрески најави и дека ќе продолжи поддршката на бизнисите, преку 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производството и 3,5 милијарди капитални инвестиции и гарантираме стабилна даночна политика.
„Воведуваме 0 проценти данок на личен доход за минимална плата, како и по 200 евра за во првите 12 месеци за секое прво вработувањ на лица до 26 години. Планираме инвестиции од над 2,7 милијарди евра, за модернизација на инфраструктурата во сите општини, квалитетна инфраструктура е предуслов за растечка економија и повисок животен стандард“, додаде Митрески.
Македонија
Сајкоски: Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција
Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
Исто така, додаде Сајкоски, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид, подобрување на патната инфраструктура кон Ресен, а во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура.
Како што рече Сајкоски, со ова, Битола ќе добие можност за економски раст и развој, можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните.
– Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот, рече Сајкоски.