Македонија
Во Битола ќе се гради модуларна болница за Ковид-19

Во Битола ќе се гради модуларна болница за Ковид-19, а за таа намена Општина Битола ќе обезбеди 40.000 евра.
Советот на Општина Битола едногласно ја донесе оваа одлука.
Пред советниците се најде програмата за поставување модуларен ковид-центар во дворот на Клиничката болница во Битола, како и одлуката за давање донација на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ за изградба на центарот.
Од Општина Битола информираат дека досега на сите здравствени установи во градот, по разни основи за помош во ковид-кризата, им се донирани над 80.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мисајловски до Заев: Пактови со мафија не правиме, прво ќе ве поразиме, а потоа ќе одговарате

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на прес-конференција изјави дека Владата на Заев е разнишана, а за тоа најдобар показател била неговата провидна игра и предлогот за широка Влада, во која, како што вели, Заев ќе одбирал кој ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ.
„ Зоран Заев, по криминални и украдени избори, по злоупотреба на вонредна состојба, по извршен масовен поткуп, по притисоци, закани, уцени, по менување изборен законик на пет минути пред почеток на изборна кампања, во услови на пандемија, карантин, поделени пакети, по задолжувањето на државата за повеќе од една милијарда евра, јавни дава некаква понуда за заедничка влада.
Овој негов предлог може единствено да се толкува како сламка на спас на кариерата на Зоран Заев и неколку луѓе околу него. Предлогот за влада дојде само три дена откако лажно се храбреа со тенкото мнозинство, а веќе следниот ден немаше кворум за работа во Собранието“ изјави Мисајловски.
Тој додаде дека од вештачката радост за наводното стабилно мнозинство во Собранието, за три дена стигнала понуда за широка влада зошто Заев знае дека владата е на стаклени нозе и не може да функционира.
„ И Заев и СДСМ и сета јавност треба да знаат дека пактови со мафија нема, ниту пак ќе поддржиме. Прво ќе ве поразиме, а потоа ќе следува одговорност. ВМРО-ДПМНЕ единствено му должи на македонскиот народ, на граѓаните на Македонија, на активистите, симпатизерите што покажаа единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба за подобра Македонија. И затоа се ќе сториме ним да им се оддолжиме и сите заедно да направиме влада која ќе биде сервис на граѓаните. Влада која ќе биде од народот за народот и никако поинаку“ рече тој.
Мисајловски ѝ порача на власта дека ако мислат дека има најмали шанси за пакт тоа нема да се случи.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22 часот и 43 минути бил почувствуван од страна на населението во Дебар, Гостивар и Маврово, соопшти Сеизмолошката опсервација при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Како што се наведува, земјотресот бил регистриран од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар на 60km југозападно од Скопје и со Рихтерова магнитуда ML2.9.
Македонија
Денеска пристигнува првата пратка од руските вакцини

Денеска на Скопскиот аеродром треба да пристигне правата пратка од вакцини против Ковид-19 „Спутник В“, што Владата ги купи од Русија.
Пратката попладнево ќе ја пречекаат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Северна Македонија, Сергеј Баздникин.
Како што информираа здравствените власти, вакцините кои се наменети за три илјади граѓани, се во соодветно пакување, ладен ланец, со запазување на температурите.
„ Ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е спремна. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје“, изјави министерот Филипче.
Тој најави дека очекува од среда да почне вакцинацијата, додавајќи дека се завршени сите административни процедури за вакцината да биде ставена во употреба.
Тој речеч дека се очекуваат 200.000 дози кинески вакцини од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште нема потврда кога. Од „спутник В“, се очекуваат 200.000 дози или со оние од „Астразенека“ вкупно 2 200.000 вакцини треба да стигнат во земјава.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“