Македонија
41 починат и 303 новозаразени со Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 195, Прилеп – 28, Куманово – 17, Гостивар – 14, Тетово – 8, Кавадарци – 7, Велес, Штип и Неготино – по 6, Струга и Кичево – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш, Дебар и Пробиштип – по 1 лице.
Регистрирани се 1169 оздравени пациенти од: Скопје – 532, Прилеп – 78, Кавадарци – 63, Куманово – 58, Неготино – 47, Велес – 44, Гостивар – 42, Штип – 36, Тетово и Битола – по 34, Кочани – 22, Гевгелија – 21, Крива Паланка – 19, Делчево и Берово – по 14, Струмица – 13, Свети Николе, Валандово и Богданци – по 11, Ресен – 9, Дебар – 8, Кичево, Радовиш и Македонски Брод – по 7, Крушево и Демир Хисар – по 5, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 4, Кратово и Дојран – по 2, Охрид – 1.
Пријавени се вкупно 41 починато лице: 16 од Скопје (34г,41г,50г,60г,64г,65г, 3 лица на 67г., 69г,70г, 71г,72г, 77г, 80г и 86г), по 5 пациенти од Прилеп (43г, 2 лица на 67г, 71г и 78г) и Велес (44г,66г,70г,74г и 81г), по 3 пациенти од Куманово (2 лица на 78г и 79г), и Неготино (60г, 74г и 79г), по еден пациент од Струга (22г), Берово (50г), Гевгелија (60г), Виница (62г), Штип (63 г), Струмица (64г), Гостивар (72г), Кочани (80г), и Дебар (85г). Од починатите лица, сите се починати во болнички услови, освен еден кој е во домашни услови.
Направени се 1.405 тестови преку: ИЈЗ-207, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-33, Жан Митрев (Филип Втори)-208, Авицена-0, Биотек-190, Систина-360, лабораторија Лаор–0, Синлаб-30, Ремедика-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.
Досега во земјата се направени вкупно 616.862 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 56944, активни 9143
Прилеп 6933, активни 1030
Куманово 6683, активни 773
Тетово 6223, активни 545
Гостивар 4475, активни 452
Велес 4379, активни 650
Кавадарци 4367, активни 685
Битола 4258, активни 622
Штип 4195, активни 398
Охрид 4052, активни 732
Струмица 3193, активни 313
Струга 2644, активни 208
Кочани 2207, активни 217
Кичево 1962, активни 150
Неготино 1892, активни 397
Гевгелија 1777, активни 373
Свети Николе 1248, активни 105
Крива Паланка 1044, активни 92
Ресен 982, активни 148
Радовиш 877, активни 104
Дебар 848, активни 44
Делчево 835, активни 85
Берово 811, активни 98
Пробиштип 672, активни 87
Виница 592, активни 59
Валандово 494, активни 66
Крушево 430, активни 133
Богданци 399, активни 70
Демир Капија 349, активни 78
Кратово 326, активни 29
Демир Хисар 320, активни 41
Македонски Брод 292, активни 30
Пехчево 226, активни 26
Македонска Каменица 201, активни 8
Дојран 110, активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
Стевчо им се заблагодари на сите коишто гласаа за него… поединечно
— Dimano (@dimanovski) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.