Македонија
439 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие во однос на мерката за носење лична заштита на лицето регистрирани се 439 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: И Пендаровски стана дел од пазарџиско-политичката операција наречена попис

И Стево Пендаровски стана дел од пазарџиско-политичката операција наречена попис по стандарди на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера претседателот го потпиша Указот за прогласување на законот за попис на населението.
Според опозицијата, наместо реална статистичка слика, очигледно власта е решена да спроведе попис без јасна методологија и без општествен консензус.
„Целта е јасна, Заев прави политички дил за кој веќе почнаа да се шпекулираат бројот на население, проценти и резултати, на кој само треба да се стават врзаните потписи на директорот и заменикот директорот на Заводот за статистика. Тоа е класична политичка операција. Дека ова е политика, а не статистика говори и фактот што целата операција се прави во време на епидемија, кога голем број земји од регионот и Европа ги одлагаат своите пописи за да ги заштитат пред се своите граѓани, но и да добијат прецизна слика. Власта во Македонија напротив, брза, со цел да го скрие својот политички договор“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Oд партијата велат дека од ваквиот насилен попис во кој биле одбиени сите конструктивни предлози на опозицијата, штета ќе имаат сите граѓани, а најмногу Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека е потребно да биде спроведен попис, но како статистичка а не политичка операција, па затоа, тие ќе отпочнат со собирање на граѓански потписи со цел поништување на Законот.
Македонија
СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е било која етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е било која етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, коментирајќи дека пописот ќе ја регистрира реалноста таква каква што е, а резултатите нема да значат суспендирање нечии права.
СДСМ се децидни дека пописот на населението е од клучно значење за развојот на државата и граѓаните, а по него ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки.
„Немањето попис цели две децении е штетно. ВМРО-ДПМНЕ го прекина последниот обид за попис во 2011 и тоа го направи откако потроши милиони евра народни пари, а сега, како и при сите клучни работи во државата бара причини за блокади и опструкции и се обидува да го саботира целиот процес. Губитникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ делуваат спротивно на интересите на граѓаните и на државата, шират невистини и оспоруваат резултати на уште неспроведен попис и ги повикуваат граѓаните на прекршување на законите“, велат од СДСМ преку соопштение.
Партијата појаснува дека пописот е статистичка операција, која ќе ја реализира Државниот завод за статистика, според сите европски и меѓународни стандарди.
Македонија
Заладување со врнежи од снег и температури до 9 степени

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи, кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат на интензитет. Особено попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.
На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер, ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе преминат во снег, но ќе слабеат. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 5 степени.
В среда ќе дува силен северен ветер и на места сè уште ќе провејува снег. В четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето, но ќе се задржи студено. В петок кон крајот на денот во западните делови се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот