Македонија
81 лице хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје, се лекуваaт вкупно 613 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 81 нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 613 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 46 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 7 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти и 5 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.
Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 55 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 295 пациенти, велат од МЗ.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 лица. На Клиниката за детски болести има 20 пациенти позитивни на Ковид-19 вирусот и 7 на ГАК .
Според ресорното министерство голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Од таму додаваат дека бројот на приеми во изминативе денови е зголемен, но и дека на сите инфективни одделенија има довод на кислород и болниците можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Институциите темелно да ги истражат обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата

Факт е дека Христијан Мицкоски, со јавно објавување на информации, се обиде да саботира сложена полициска акција, која се водеше подолг период и во чии рамки се преземаа дејствија кои имаат и меѓународни импликации, велат од СДСМ во врска со истрагата за лажните македонски пасоши кои им биле дадени на 200 криминалци.
„Ова не може да го сокрие ниту еден обид за извртување на вистината од белата палата, каде расте нервозата, откако Мицкоски уште еднаш не успеа да го одбрани криминалот, а акцијата на полицијата против фалсификатори на пасоши заврши успешно.
Обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата, мора темелно да се истражат од страна на надлежните институции.
Особено што Министерството за внатрешни работи јасно соопшти дека токму Христијан Мицкоски имал контакти и бил во тесна врска со еден од сега веќе приведените во оваа полициска акција.
ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, а Мицкоски е бранител на криминалот.
Токму затоа граѓаните шест пати по ред на избори ги казнија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа тие уште долго ќе останат во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Утре ќе се вакцинираат новинарите над 40 години

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација ќе се спроведе в понеделник наутро од 08:20 до 10:30 часот во А1 Арената во Скопје.
Во оваа група се лицата над 40 години или оние кои имаат хронична болест.
Сите 631 новинари и медиумски работници имаат добиено информација за точниот термин за вакцинацијата на нивните електронски адреси кои беа доставени од редакциите до ЗНМ и ССНМ при пријавувањето.
Лицата кои се пријавија на првиот повик, а кои не ги исполнија условите за оваа фаза од вакцинацијата, како и сите останати заинтересирани новинари и медиумски работници, ќе бидат земени предвид за следниот круг на вакцинација кој се очекува да биде наскоро.
Истото важи и за сите оние кои се пријавија после истекот на рокот за пријавување во оваа фаза од вакцинацијата. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) им препорачуваат на одговорните лица во медиумите на денот на вакцинацијата, како и наредниот ден да ги ослободат новинарите и медиумските работници од работните обврски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Трајче Заев избегал во Дубаи, а неговиот шофер е уапсен

Кланот Заеви прерасна во картел Заеви и тоа го потврди МВР, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„После цел ден молк, МВР на Спасовски призна дека во текот на акција за спречување на шверц на дрога предводена од американската ДЕА, уапсен бил личниот шофер на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев. Личниот шофер на Заеви Александар Ушилковски, заедно со командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски – Чипсио, директно поставен од Оливер Спасовски, го предводеле транспортот на нарко пратката во белото комбе со грчки таблици. Во комбето имало марихуана, омилениот бизнис на Заеви, во вредност од 800 илјади евра. Пратката со марихуана тргнала од Фирмата Медика 420 од Битола. Патем оваа фирма се поврзува директно со фамилијата Заеви. Братучедите на Зоран Заев, Трајче и Вице“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата прашува дали и кога братучедите на Заеви ќе бидат испитани за овој нарко криминал кој го прекина американската ДЕА? Исто така треба да одговорат дали Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев е во Македонија или избегал во Дубаи? Криминалот на власта излегува на виделина, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ништо веќе не може да го сокрие сојузот на власта и криминалот.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет4 недели
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш