Македонија
Легендата Крижај на отворањето на 36.Шарпланински куп
Традиционалниот Шарпланински куп ќе настапат скијачи од Македонија и неколку други европски земји, свечено ќе биде отворен денеска.
Традиционалниот Шарпланински куп ќе настапат скијачи од Македонија и неколку други европски земји, свечено ќе биде отворен денеска.
Специјален гостин на отворањето на годишното 36 издание на оваа спортска манифестација ќе биде скијачката легенда Бојан Крижај од Словенија.
Годинешниов квалитет на скијачи кои ќе дојдат на Шарпланинскиот куп се гаранција за успешна спортска приредба, со што се отвора вратата идната сезона Шарпланинскиот куп да влезе во системот на Европски куп, а во догледно време и во Светскиот Куп на ФИС, соопшти Агенцијата за млади и спорт./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја дел од општина Ѓорче Петров
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе остане дел од општината Ѓорче Петров.
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од село Кучково, поточно викендиците во селото кон крстот ќе немаат струја.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен) грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени.
Под влијание на серија на влажни бранови, до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 литри на метар квадратен за краток период.
Македонија
ДУИ е загрижена од апстиненцијата на ВМРО за членство на Косово во Советот на Европа
ВМРО-ДПМНЕ, освен што планира изолација од Европската Унија, истото го сака и со соседните земји на Северна Македонија.
По замрзнатите односи со соседна Бугарија, ВМРО и Мицкоски сакаат да ја вратат државата во состојбата од пред 2008 година, велат од ДУИ.
„Конкретно, денеска пратеникот, воедно потпретседател на ВМРО, Александар Николовски, ниту неговиот заменик Владо Мисајловски, не отпатуваа во Стразбург на состанокот на Парламентарното собрание на Европскиот совет, каде што беше објавена препораката за Косово да се приклучи на Советот на Европа“.
Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост за политиката на поделби и изолација на ВМРО и Мицкоски, притоа отворено прокламирајќи ја руската и српската политика во однос на Република Косово и Албанците воопшто.
Тие со повик и до албанската опозиција.
„Да ги поддржaт политиките и ставовите на нашите меѓународни партнери и да не промовира проруски политики кои сакаат да ја дестабилизираат Северна Македонија и регионот во целина.
Во оваа прилика ги повикуваме граѓаните масовно да ја поддржат кандидатурата на д-р Бујар Османи за претседател на државата и Европскиот фронт како единствена изборна коалиција која го продолжува патот за брзо членство во Европската Унија и за блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан“, велат од ДУИ.