Контакт

Македонија

Понуда на недвижности од Македонија во 14 држави

Објавено пред

Македонскиот пазар на недвижности стана непосредно отворен и достапен за 170 милиони лица од 14 земји на централна и источна Европа.

Македонскиот пазар на недвижности стана непосредно отворен и достапен за 170 милиони лица од 14 земји на централна и источна Европа.

Секое заинтересирано лице од Македонија, кое нуди недвижен имот на продажба, или за изнајмување, тоа може без провизија да го стори преку интернет порталот ProdamSam.com, кој денеска беше промовиран во Скопје.   

Истовремено, македонските граѓани преку овој портал ќе можат да ги добијат информациите за недвижности во 13 европски земји.

Порталот му овозможува на просечниот граѓанин, без поголемо информатичко познавање, сам да креира свој оглас, со фотографии, за одреден имот, кој е предмет на продажба или на изнајмување.

 Доволно е огласот да биде напишан на македонски јазик, по што ќе биде веднаш објавен на 12 јазици.

Порталот, чие седиште е во Словенија, е локализиран за секоја држава одделно, а според  сопствениците, најдобра локализираност е изведена во Македонија.

Покрај информации за цената на недвижностите, на порталот може да се најдат и многу други корисни информации, поврзани со оваа дејност.

На порталот може да се најдат услуги за: архитекти, декоратери, инженери, адвокати, осигурителни компании, финансиски советници, добавувачи, занаетчии и останати услуги кои имаат врска со недвижности. /крај/ап/

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Николовска: Лиценца за одгледување на марихуана добила фирма во која сопственик е син на поранешен пратеник од СДСМ

Објавено пред

Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција кажа дека Владата манипулирајќи ги потенцијалните и заинтересирани производители на канабис, создадала нова рекет машина преку која се собираат пари од бизнисмени кои се заинтересирани и сакаат да одгледуваат канабис.

„Денес ќе обелодениме една фирма која има добиено лиценца за канабис, инаку блиска до СДСМ и Заев. Една од лиценците за одгледување канабис ја има добиено фирмата ГРИН МЕДИКАЛС МКД Кочани, каде што еден од сопствениците е синот на поранешниот пратеник на СДСМ, Ванчо Ѓорѓиев познат во јавноста како Ванчо Деликатес. Сопственикот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, син на Ванчо Деликатес, заедно со татко му се едни од најголемите финансиери наназад во годините во СДСМ со огромни суми на пари. Прашањето е многу едноставно, како е можно, токму една од лиценците од оваа хипер продукција на лиценци за канабис, да ја добие токму синот на еден од најголемите финансиери на СДСМ?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Николовска рече дека ова не е единствен случај на доделена лиценца на бизнисмен близок до СДСМ, а деновиве ќе обелоденат уште неколку.

„Низ кулоарите кружи информација дека добивањето лиценца чини од 300.000 до 500.000 евра. Уште еднаш прашуваме, дали е точно дека Заеви доделувале лиценци на нивни блиски фирми без истите да поседуваат соодветен елаборат, па практично сега лиценците им се незаконски? Дали после ова, конечно институциите ќе се охрабрат да реагираат и истражат ваков сериозен случај за кој доколку се утврди дека на незаконски начин се издавани лиценци ќе треба некој да сноси кривична одговорност?“, праша Николовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зајкова: Се очекува да биде усвоен законот за субвенциониран студентски оброк што го предложи ЛДП

Објавено пред

Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк кој го иницираше Либерално демократската партија ја доби неопходната поддршка во Собраниските комисии, и се очекува на почетокот на наредната недела да биде усвоен на пленарна седница на Собранието, вели Моника Зајкова, потпретседателка на ЛДП.

Преку Законот за субвенциониран студентски оброк, кој што тимот на ЛДП го подготви врз основа на сличен проект што веќе со години функционира во Словенија, од партијата велат дека се обезбедува можност студентите за значително пониска цена да можат да се хранат кај регистрирани даватели на услуги, коишто ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк.

Зајкова објаснува дека студентите од Министерството за образование и наука ќе добиваат финансиска поддршка во износ од 120 денари дневно, наменета за купување на приготвена храна. На тој начин се обезбедува финансиска поддршка, но и поквалитетен и поздрав живот за младите во периодот на студенстките денови.

„Согласно предложеното законско решение право на субвенциониран оброк ќе имаат редовните студенти на додипломски студии на државните и на приватните универзитети државјани на Република Северна Македонија, кои се регистрирани во системот, по пат на посебна пријава која студентот ќе ја поднесе при запишување во тековната академска година , а кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по било кој основ поголем од минималната нето плата во Републиката за тековната година“, дополнува Зајкова.

Оваа можност студентите ќе имаат право да ја користат од понеделник до петок од осум часот наутро до 20 часот навечер.

„Морам да истакнам дека значењето на овој проект го препознаа и Владата којашто даде позитивно мислење за ова законско решение, но и пратениците од сите пратенички групи кои на комисиските седници во Собранието го поддржаа предлогот на ЛДП и дадоа свој придонес во подобрување на содржината на истото. ЛДП се грижи за развојот и иднината на нашата младина. Студентите се нашата иднина и заслужуваат да ги имаат истите придобивки и истите услови за студирање како нивните врсници во Европа“, завршува Зајкова.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев со претседателот на Европскиот совет: Силно сме мотивирани да продолжи европскиот пат

Објавено пред

Силно сме мотивирани да продолжи европскиот курс на државата, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој денеска се сретна со Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет.

На средбата стана збор за процесот на реформи, потребата од носење на Законот за Јавно обвинителство, евроинтегративниот процес, како и за новата методологија за проширување на Унијата.

Заев истакна дека сите институции се силно мотивирани да продолжи европскиот курс на државата со цел заокружување на интеграцијата во ЕУ, што е цел на сите граѓани на земјава.

„Уверени сме дека заедно можеме да го задржиме вистинскиот курс на реформи, добрососедство и економски развој. Се надеваме дека сите политички фактори ќе бидат на висина на својот дел од одговорноста, особено кога станува збор за европската иднина на државата“, потенцираше Заев.

Од страна на претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел беше изложен јасен план за натамошно делување во насока на деблокирање на процесот на проширување и обединување на сите држави членки на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ3 часа

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет4 часа

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет4 часа

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет4 часа

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа5 часа

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија5 часа

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Свет5 часа

(Видео) Во земјотресот во Турција загинаа 20, повредени се 920 лица

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски: Посетата на Шарл Мишел уверува дека имаме силна поддршка на европскиот пат

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во работна посета на земјава. На...

Македонија20 часа

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија20 часа

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија21 час

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија21 час

(Видео) Дебата: Како во законот освен производителите, корист да имаат и консументите на канабисот

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија1 ден

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија1 ден

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија1 ден

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет1 ден

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет1 ден

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија1 ден

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Свет2 дена

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Досие