Контакт

Македонија

Почна кампањата – изборите услов за ЕУ

Објавено пред

Изборната кампања за претседателските и локалните избори закажани за 22 март официјално започнува денеска и ќе трае до 20 март, кога настапува изборн

Изборната кампања за претседателските и локалните избори закажани за 22 март официјално започнува денеска и ќе трае до 20 март, кога настапува изборниот молк.

Порака за фер и демократски избори испратија вчера претседателите на четирите најголемите партии. Премиерот Никола Груевски уверува дека се преземени сите мерки на институционален и политички план за Македонија да спроведе фер избори, што е услов интеграција во Европската унија.

Седум кандидати учествуваат во трката за претседател: независниот кандидат Љубе Бошкоски, Агрон Буџаку од ДУИ, Нано Ружин од ЛДП, Мурише Хоџа од ДПА, Љубомир Фрчкоски од СДСМ, Имер Селмани од Нова демократија и Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот веројатно ќе се избере во вториот круг, за чија успешност е потребна излезност од 40% од речиси 1,8-те милиони гласачи. За да биде избран во првиот круг на кандидатот му се потребни мнозинство гласови од вкупниот број избирачи.

На локалните избори во трката за избор на нов градоначалник на Скопје влегоа 11 кандидати, меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ излезе со Коце Трајановски, додека опозициониот блок со Тито Петковски.

Локалната власт – градоначалници и совети ќе се избираат во вкупно 84 општини и Скопје./крај/с/ил



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Дежурни инспекциски екипи утврдуваат зошто е црвена водата на реката Серава

Објавено пред

Министерството за животна средина информира дека екипи излегле на терен за да спроведат вонреден инспекциски надзор по течението на реката во Карпош, откако локалните жители алармирале и пријавиле нејзино загадување.

Денеска на социјалните мрежи корисниците споделија фотографии од реката Серава на кои се гледа дека водата има темно црвена боја.

Од надлежното министерство велат дека дополнителни информации за причините за ваквата појава ќе бидат објавени откако ќе биде изготвен извештајот од вонредниот инспекциски надзор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев повика на одговорност од партиите за законот за Јавно обвинителство

Објавено пред

„Да седнеме како одговорни политичари и да преземеме одговорност за системско решение за Законот за Јавно обвинителство, бидејќи тоа е аргумент плус за европската интеграција“, порача претседателот Зоран Заев во одговори на новинарски прашања.

„Треба сите да понесеме одговорно, да преземеме чекори и да го донесеме Законот за јавно обвинителство ако не пред, тогаш да го донесеме и по изборите, какви да се состојбите п изборите сепак тоа останува наша обврска бидејќи е двотретински закон, а можеме тоа да го направиме сега, додека работи парламентот, па да и дадеме плус аргументи на ЕУ, за да осигураме позитивна идна одлука на Европскиот совет. Иако тоа не е услов, не е дел од Извештајот за нашата земја, но ќе биде аргумент плус, но најголемиот аргумент за сите нас е тоа што овој закон е последниот од структурните закони во делот на правосудството, за после тоа да може да очекуваме максимална имплементација за законите од правосудството, а со тоа да ги подобриме и состојбите во правосудството“, порача Заев.

„Не би сакал, дополни Заев, политичарите да бираат судии и обвинители, туку да дадеме шанса на професионалците“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект кој оставил влог за коалиции со сите политички партии кои работат во интерес на државата.

„Остануваме отворени за соработка со сите, затоа што ние веројатно сме единствениот политички субјект кој заради нашиот влог што сме го направиле во минатото, денес да може да соработуваме со сите, секако освен со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи нормално, едната партија е власт а другата опозиција. Секако ние прво ќе носиме одлука што е најдобро за државата, а потоа и за тоа како е најдобро СДСМ да се позиционира во пресрет на победата што ја очекуваме. Подготвен сум да разговарам со сите за евентуални идни соработки, а во тие разговори интересите на државата да ги ставиме на прво место“, заклучи Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Дежурни инспекциски екипи утврдуваат зошто е црвена водата на реката Серава

Министерството за животна средина информира дека екипи излегле на терен за да спроведат вонреден инспекциски надзор по течението на реката...

Македонија2 часа

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Свет3 часа

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад...

Топ3 часа

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел...

Македонија4 часа

По 20 часа распит, Обвинителството бара притвор за Емил Јакимовски

По речиси 20 часовен распит во полициска станица, Oбвинителството бара притвор за Емил Јакимовски, поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен...

Економија5 часа

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет5 часа

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура6 часа

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија7 часа

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија8 часа

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Свет8 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт9 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет9 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет22 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа1 ден

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа1 ден

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет1 ден

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион1 ден

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ1 ден

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Досие