Македонија
ЕП: Решение за името “побргу“
Европскиот парламент (ЕП) денеска ги повика Македонија и Грција “брзо“ да го решат проблемот со името
Европскиот парламент (ЕП) денеска ги повика Македонија и Грција “брзо“ да го решат проблемот со името, во спротивно, тоа може да ја одложи евроинтеграција на Македонија.
– Парламентот потврди дека доколку двете држави не постигнат договор набргу, тоа може да доведе до долго одложување на приемот на Македонија во ЕУ, се наведува во необврзувачката Резолуција на ЕП, што денеска ја усвоија европратениците.
Европскиот парламент (ЕП) гласаше по Извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ за 2008 година, подготвен од известувачот Ерик Мејер, и усвоија резолуција со 478 гласа „за”, 92 „против” и 42 „воздржани“.
Европарламентарците ги повикаа Македонија и Грција да најдат заеднички прифатливо решение за името и да ги продолжат преговорите под покровителство на ООН, и покрај судскиот процес пред Меѓународниот суд на правдата.
Законодавното тело на Европската унија (ЕУ) ја повтори поддршката за аспирациите на Македонија кон ЕУ, и го повика Советот на ЕУ да го забрза процесот и годинава да препорача датум за преговори за членство на Македонија во Унијата.
– Европскиот парламент жали што преговорите со Македонија се уште не започнале и го повикува Советот да го забрза процесот и да утврди датум за почеток на преговорите, се наведува во Резолуцијата.
Според нив тоа е недопустлива ситуација, која има демотивирачко влијание врз Македонија и носи ризик од дестабилизација на регионот.
Европарламентот, во документот, го пофали прогресот во неколку области, вклучително за визните прашања, борба против трговија со луѓе и нелегална миграција, и и предложи на Европската комисија (ЕК), до крајот на годината, да го олесни визниот режим за Македонија.
Усвоената резолуција го поздравува прогресот во областа на менаџирање на Инструментот за претпристапна помош, но ја предупредува Македонија да биде солидарна со соседите во однос на нивната култура и историја без да се користи “јазикот на омраза“.
Европарламентарците повикуваат и на поголема слобода на печатот, и се загрижени за “големата финансиска зависност на весниците и ТВ од владината кампања“, што како што велат, “може да го одвлече критичкиот новинарски пристап“./крај/ис
Copyright 2008 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрони на неколку патни правци
ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.
За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.
Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.
„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.
Македонија
Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука
Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.
Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, велат од МОН.
Од Министерството потсетуваат дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.
„Потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја“, додаваат од МОН.
Македонија
Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег
Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ беа извадени јајчник, бубрег и матка. Наредбата за супервештачење доаѓа откога судот доби целосно спротивни вештачења од Обвинителството и од одбраната. Вештачењето од Институтот за судска медицина, приложено од Обвинителството, посочи одговорност кај лекарите од струшката болница, а вештачењето нарачано од одбраната, кое го направи вештакот Драге Дабески, заклучи дека лекарите ѝ го спасиле животот на родилката.
„Со супервештачењето верувам дека, конечно,. вистината ќе излезе на виделина и правдата ќе биде задоволена. Вештакот на одбраната не најде лекарска грешка, ме убедува дека со вадење три органи по породувањето со царски рез, ми го спасиле животот иако вештачењето од Судска медицина покажа дека лекарите имаат вина. Јас здравјето не можам да си го вратам, органите ми се извадени и функционирам како половина човек, но очекувам супервештачењето на лекарите да им покаже дека има лекарска грешка и на пациентите да им порачам дека не треба да молчат, треба да се охрабрат и да се борат за вистината“, вели Вепоска за „Макфакс“.
Се пожали дека секое судење дополнително ја исцрпува, а извадените органи ја ограничуваат во мајчинството, во работата и во секојдневниот живот.
„Здравјето целосно ми е нарушено. Освен физички, имам и психички проблеми, се лекувам и од тоа. Особено тешко ги поднесувам судењата, ми треба време да закрепнам од нив. Работам со скратено работно време оти немам сила за осумчасовна работа. Како мајка не можам да им се посветам на децата онака како што треба оти постојано имам здравствени проблеми, еве сега тукушто ја испив терапијата“, рече Веапоска по денешното судење.
Судијата Јодран Јованов, кој го побара супервештачењето, е трет судија што го добива нејзиниот случај откога претхдните двајца се пензионираа. Следното рочиште е закажано за 3 јуни кога Вепоска очекува да биде готово и супервештачењето.
За извадените органи по породувањето со царски рез на Веапоска, обвинети за несовесно лекување се гинекологот Мухамед Асани, кој во 2020, кога беше направено породувањето, беше директор на болницата, син му Блертон Асани и докторката Лилјана Јовановска.