Македонија
Изборите нов тест за Македонија
Кревката стабилност на државата ги прави исклучително важни, па дури и „круцијални“ и „историски“ секои избори во Македонија, а претстојните ќе биде
Кревката стабилност на државата ги прави исклучително важни, па дури и „круцијални“ и „историски“ секои избори во Македонија, а претстојните ќе бидат тест за нејзиниот демократски капацитет и европска иднина.
Ова го оценуваат западните новински агенции во извештаите за неделните избори, на кои околу 1,8 милиони граѓани на Македонија ќе го избираат новиот шеф на државата и структурите на локални ниво, пренесува Макфакс.
Клучното прашање на овие избори помалку е кој ќе победи, а повеќе дали државата во срцето на Балканот конечно ќе исплива од грозната изборна пракса и ќе ги отвори своите европски перспективи, наведува германската агенција ДПА.
Истиот извор потсетува дека на последните парламентарни избори одржани минатата година се случиле бројни нерегуларности и оружени инциденти, во кои едно лице загина, а осум беа ранети.
На неделните избори Македонија ќе треба да потврди дека по добивањето на кандидатскиот статус во 2005, конечно созреала за потесни односи со Европската унија (ЕУ), за конечно реформирање на полицијата и судството, ефикасно сузбивање на корупцијата….
Сето ова е уште почуствително поради фактот дека и овие избори се одржуваат во сенка на меѓуетничката затегнатост, која не е намалена уште од конфликтот од 2001 и која се уште претставува закана за земјата.
Агенцијата оценува дека дури и изборите да минат во најдобар ред и да бидат спроведени неопходните реформи, патот на Македонија кон ЕУ нема да биде поплочен со рози, бидејќи се уште не се наѕира решение на бизарниот спор околу името со Грција.
Се тоа заедно ја остава Македонија во маѓепсан круг, бидејќи без реформи и прогрес, а со растечка сиромаштија и незадоволство, нејзината кревка стабилност, па дури и самиот опстанок може да биде доведен во прашање, заклучува ДПА.
Агенцијата Франс прес наведува дека неделните избори ќе бидат клучни за надежите на земјата за приклучување кон ЕУ.
Посочувајќи дека гласањето ќе биде спроведено помалку од една година од немирните парламентарни избори, агенцијата посочува дека властите планираат да ја засилат безбедноста во обид да не се повторат инцидентите и нерегуларностите. /крај/фонет/афп/дпа/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Апасиев: Дали е вистина дека директорот на велешката болница забранил да им се дава инфузија на деца со температура 40 – за да заштеди
„Дали е вистина дека директорот на велешката Болница – Зоран Арсовски од СДС забранил да им се дава инфузија на Детското одделение, на деца со температура 40 – за да заштеди“, прашува претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи.
„И дали е вистина дека за операција на жолчка, во истава болница, докторите отворено си бараат мито од пациентите – од 500 евра ‘по тарифа’“, додава Апасиев.