Македонија
МВР – лични карти и за викендот

Службите за издавање лични карти ќе работат и денеска и в недела, со цел граѓаните да можат непречено да го остварат нивното гласачко право
Службите за издавање лични карти ќе работат и денеска и в недела, со цел граѓаните да можат непречено да го остварат нивното гласачко право на неделните избори.
Во сабота, од 07.00 до 19.00 часот ќе бидат примани барањата за лични карти, а заинтересираните граѓани истото ќе може да го сторат и во недела од 7.00 часот до 12.00 часот.
Изработените лични карти ќе се издаваат се до затворањето на избирачките./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Заев: Делото на Свети Климент Охридски нѐ потсетува трпеливо и мудро да се соочуваме со предизвиците

Премиерот Зоран Заев вечерва имаше свое обраќање на духовната академија во чест на празникот Свети Климент Охридски, патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
„Во мое лично име и во името на Владата, на сите православни верници, и на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, упатувам честитки по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски“, со оваа порака Заев го започна своето обраќање и истакна дека Свети Климент Охридски е основоположник на македонската духовност.
Во продолжение, премиерот се осврна на дејноста на Свети Климент Охридски.
„Тој бил еден од најблиските и најревносните соработници и соучесници во мисијата на светите браќа Кирил и Методиј во Моравија за описменување на народите со словенски происход. Свети Климент, како голем човек и силна личност е жив паметник на нашата историјата и како основач на Охридската школа, позната и како ‘прв балкански и европски универзитет’“, посочи Заев.
Ставајќи ги заложбите на Свети Климет Охридски во денешен контекст, премиерот рече дека денеска Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици и никој повеќе нема дилеми и не го оспорува тоа.
„Тоа е остварено постојано имајќи го предвид и големото дело на Свети Климент, како и делата на сите останати црковни и духовни големци во редот на нашата историја, вградени во создавањето и афирмацијата на идентитетот на македонскиот народ. Ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик и за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“, кажа Заев.
Повика со предизвиците да се соочуваме трпеливо и мудро, како што тоа го правел Свети Климент Охридски и изрази убеденост дека Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе се ангажира уште поактивно во надминување на предизвиците исправени пред неа и дека наскоро ќе биде прифатена како реалност во православниот свет.
Македонија
Турскиот министер Мевљут Чавушоглу во Истанбул прими делегација на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за надворешни на Турција, Мевљут Чавушоглу, денеска во Истанбул беше домаќин на делегација од ВМРО-ДПМНЕ претставувана од потпретседателите на партијата Александар Николоски и Владо Мисајловски, како и генералниот секретар Игор Јанушев.
Од опозициската партија информираат дека на средбата се разговарало за односите и соработката меѓу турската партија АКП и ВМРО-ДПМНЕ како две партии со десничарска ориентација.
„На средбата стана збор и за односите меѓу Македонија и Турција. Се констатираше дека односите се добри, но е потребно подобрување особено во делот на економската соработка и инвестициите. ВМРО-ДПМНЕ планира по победата на изборите да работи силно на привлекување инвеститори“, се наведува во партиското соопштение за средбата.
Теми во разговорот биле и турската заедница во Македонија и културите односи меѓу Македонија и Турција, за што исто така било оценето дека постои простор за дополнително продлабочување.
Македонија
Полесно повредените македонски патници во автобуската несреќа во Србија се враќаат дома

Според последните информации добиени од болницата во Прокупље, каде беа згрижени 16 од вкупно 26 патници повредени откако се преврте македонски автобус кој превезувал патници за Копаоник, сите тие се пуштени на домашно лекување.
Според информациите од МНР, во моментов се очекува да пристигне автобус кој ќе ги превезе кон дома. Повеќе нема згрижени пациенти ни во болницата во Блаце и сите тие се пуштени на домашно лекување.
Една потешко повредена пациентка е хоспитализирана во Ниш и таа ќе биде задржана на понатамошно лекување.
Официјалните резултати за причините за несреќата српските власти сѐ уште не ги доставиле до нашата амбасада во Белград.
Македонски автобус околу 10 часот изутринава се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце. Крајната дестинација на патниците билa Копаоник.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци