Македонија
Елем објави повик за набавка на струја
Меѓународен јавен повик за набавка на електрична енергија за периодот од 1 мај до 12 август 2009 година објави денеска „Електрани на Македонија“
Меѓународен јавен повик за набавка на електрична енергија за периодот од 1 мај до 12 август 2009 година објави денеска „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ).
Преку тендерот, кој е објавен во повеќе весници, планирана е набавка на 150.350 мегават-часови електрична енергија од кои 139.570 мегават-часови дневна енергија и 10.780 ноќна.
Основен критериум при избор на најдобар понудувач ќе биде цената, на која отпаѓаат 90 бода, начинот и рокот на плаќање со 10 бода.
Потенцијалните понудувачи не се обврзуваат да ја понудат сета потребна количина на електрична енергија, туку можат да понудат и само дел од неа, или пак д а понудат само за одреден месеци од наведениот период,
Од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна ќе се бара банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот издадена од првокласна банка во висина од 10 отсто од вредноста на договорот.
Крајниот рок за доставување на понудите е 13 април, кога и ќе биде јавното отворање на доставените понуди. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.