Контакт

Македонија

Нафтените деривати поскапуваат од 0,5-1,5 денари

Објавено пред

Нафтените деривати ноќеска на полноќ поскапуваат од 0,5 до 1,5 денари, во зависност од дериватот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика

Нафтените деривати ноќеска на полноќ поскапуваат од 0,5 до 1,5 денари, во зависност од дериватот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Најмалку поскапува ЕУРОСУПЕР-98, кој од ноќеска наместо по 57, ќе се продава за 57,50 ден/лит. ЕУРОСУПЕР-95, МБ-96 поскапуваат по еден денар, со што нивната нова цена изнесува 54,50 ден/лит, односно 57,50 ден/лит.

Дизелот и Екстра лесното за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит,. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е IV) ќе изнесува 44,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 33,00 ден/лит.

Единствено поевтинува мазутот и тоа за 0,113 ден/кг, со што новата цена на мазутот изнесува М-2 17,751 ден/кг. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумираше резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со највисоките претставници на Европската комисија и на Европскиот парламент.

„Ви се обраќам од Мисијата на Северна Македонија, тука од срцето на Европската Унија, од Брисел. Имавме интензивни средби со највисоките претставници на европските институции – и осигуравме дека и во Европската комисија и во Европскиот парламент и во било која друга европска институција, клучните претставници знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет не е за преговори и никогаш нема да биде за преговори.

Фон дер Лајен, Вархеји, Сасоли, Борел, Тимерманс, Лајчак, Вебер, Ќучук, Чолош – сите европски лидери и претставници ја знаат и ја разбираат нашата позиција – додека некој се обидува, а гледаме дека се обидува, македонскиот јазик и македонскиот идентитет да го стави на европската маса за преговори, ние нема да преговараме“, рече Заев во обраќањето.

Премиерот порача дека македонскиот народ има гордост и сопствен идентитет.

„Гордоста можеме да ја засилуваме или смируваме, но идентитетот и јазикот македонски ни е неприкосновен, еден и единствен, непроменлив. Тргнете ја секоја дискусија за македонскиот јазик и македонскиот идентитет од масата за разговори во Брисел – после тоа можеме да продолжиме да разговараме за нашата европска иднина“, е пораката на Заев до европските челници.

Тој вели дека со македонскиот идентитет не смее и нема да си игра ниту оваа Влада, ниту било која друга Влада, а уште помалку друга држава или Унија во која не сме членка.

„На овој заеднички пат, секој треба да си ги заврши своите обврски – Северна Македонија многу сработи, испорачавме реформи, испорачавме и правда – време е и ЕУ да го испорача ветеното кон нас“, порача македонскиот премиер.

Тој најави дека европската агенда продолжува, од Брисел во Мадрид, а потоа и на економскиот форум Делфи во Атина.

Заев во Брисел е придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев на средба со европратениците Ќучук и Чолош: Поддршка за отворање на пристапните преговори со ЕУ

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, во рамки на дводневната работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, денеска, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ, Агнеза Руси-Поповска одржа одделни средби и со европратеникот Илхан Ќучук, кој е и известувач за Република Северна Македонија, како и со претседавачот на парламентарната група на „Обнова на Европа“, Дачијан Чолош.

На двете средби во Мисијата на Северна Македонија во Брисел, кои беа оценети како одлични, беше изразена силна поддршка за отворање на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, која како што беше нагласено, од своја страна ги исполни сите обврски, известуваат владините служби.

Соговорниците оцениле дека пристапниот процес треба да биде фокусиран на европското законодавство АКИ и било заклучено дека сите други прашања, кои немаат поврзаност со европското АКИ треба да се адресираат билатерално.

Премиерот Заев на одделните средби со европратениците Чолош и Ќучук се заблагодарил на досегашната принципиелна поддршка од парламентарната група на „Обнова на Европа“,во Европскиот парламент, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи континуирано и понатаму.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Објавено пред

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани се вкупно 15.781 материјал во лабораториите за тестирање за присуство на коронавирусот, што е зголемување од 5,4 % во однос на претходната недела.

Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 града во државата, со намалување од 37,2 % во однос на неделата претходно.

Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1 % помалку во однос на минатата недела.

Повеќето од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37,0 %), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 2,5 до 12,2 %, односно во просек 7,5 %.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

„Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години (n=508, 39,0 %). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40 до 49 (n=227; 17,4 %), 50-59 (n=208; 16,0 %), 30-39 (n=176; 13,5 %) и 20-29 (n=106; 8,1 %). Најмал број е регистрирани има кај децата до 9 години (n=26; 2,0 %) и 10-19 години (n=53; 4,1 %). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1 %)“, информираат од ИЈЗ.

Кај починатите лица, во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50 до 59 години, 5 лица на возраст од 40 до 49 години, 2 лица на возраст од 30 до 39 години и едно лице на возраст од 20 до 29 години.

По добиени два негативни теста, статус оздравени стекнале 4.502 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2 % во споредба со претходната недела.

Детаљниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 3 до 9 мај, како и кумулативната состојба на Ковид-19 во државата, се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумираше резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија34 минути

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 час

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет3 часа

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија4 часа

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион5 часа

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија5 часа

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет6 часа

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет6 часа

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион17 часа

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија23 часа

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Македонија24 часа

Инспекторатот за животна средина: Рудникот „Казандол“ не претставува опасност

Рудникот „Казандол“ во моментот не претставува опасност за животната средина и локалното население, соопшти Државниот инспекторат за животна средина, кој...

Македонија1 ден

Средба Заев – Фон дер Лаен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба и со претседателката...

Македонија1 ден

Заев од Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и...

Македонија1 ден

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до...

Свет1 ден

(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умираат, лекарите се кријат

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени од коронавирус, кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле...

Свет1 ден

(Видео) Пет лица повредени при напад со нож на Нов Зеланд

Пет лица се повредени, а три се во критична состојба кога биле прободени со нож во супермаркет на Нов Зеланд,...

Свет1 ден

Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, фокусот е Западен Балкан

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат дискусија за посилен политички ангажман на ЕУ со партнерите...

Свет1 ден

(Видео) Седум лица убиени на роденденска забава во Колорадо

Седум лица, вклучително и напаѓачот, беа убиени синоќа во пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо,...

Македонија2 дена

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Досие