Македонија
Голем пад на МБИ 10 индексот
Македонскиот индекс на десетте најликвидни компании МБИ 10 денеска потона за 2,57 % и заврши на 1.826,47 индексни поени
Македонскиот индекс на десетте најликвидни компании МБИ 10 денеска потона за 2,57 % и заврши на 1.826,47 индексни поени.
Ваквата завршница на МБИ беше последица на падот на акциите на Земјоделски комбинат Пелагонија Битола од 7,41%, Макстил со пад од над 6% како и цената на акциите на Комерцијална банка Скопје која падна за повеќе од 5,50%.
Индексот на јавно поседуваните друштва падна за 0,31%, а индексот на обврзниците забележа пад од 0,18 %.
Во средата на домашниот пазар на капитал беше остварен промет од 14.247.304,29 милиони денари, каде повторно обврзниците од осмата емисија имаа најголемо учество во вкупниот промет.
Со нив се направи промет од над 8 милиони денари. Од вкупниот дневен промет, 13.563.461,29 денари се реализира на Официјалниот Пазар кои се оствари од 119 трансакции, додека остатокот од 683.843,00 денари се оствари на Редовниот Пазар од 20 трансакции.
Првото место по обем на тргување на Официјалниот Пазар и понатаму го држат обврзниците од осмата емисија од денационализација на Р. Македонија. Овој пат се истргуваа 175.823 обврзници по цена од 76,61 проценти од својата номинална вредност и при тоа остварија вредност на тргување од 8.242.864,97 денари на промет.
На второ место по висина на промет на Официјалниот Пазар беа акциите на Комерцијална банка Скопје со кои се истргуваа 1.031 акција по просечна цена од 1.962,45 денари по акција и при тоа нивната цена падна за 5,53 проценти. Вредноста на тргување со овие акции беше 2.023.285,00 денари.
Трети по обем беа акциите на Алкалоид Скопје со кои се истргуваа 462 акции по цена од 3.259,63 денари по акција, што значеше пад од 0,98 проценти и при тоа остварија вредност на тргување од 1.505.949,00 денари.
Нагорна промена на овој Пазар забележаа единствено обврзниците од третата емисија , кои пораснаа за 1,15 проценти, односно се тргуваа по цена од 88,00 проценти како и акцијата на Макпетрол Скопје која при вчерашното тргување достигна цена од 27.553,33 денари по акција односно забележа мал пораст од 0,19 проценти.
На Редовниот Пазар повторно како најтргувани акции беа акциите на Македонски телеком Скопје, кои се тргуваа по цена од 434,30 денари, со нив се истргуваа 870 акции или остварија вредност од тргување од 377.843,00 денари на промет.
Втори по обем на тргување на овој пазар беа акциите ПОЛИ МЗТ Скопје кои веќе подолго време се тргуваат по цена од 4.000,00 денари по акција, се истргуваа 31 акции, а вкупниот промет со нив изнесуваше 124.000,00 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Р.македонија-денационализација 08
2. Комерцијална банка Скопје
3. Алкалоид Скопје
4. Р.Македонија-денационализација 03
5. Македонски Телеком
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Р.Македонија-денационализација 03 1,15 %
2. Макпетрол Скопје 0,19%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Фершпед Скопје 7,71%
2. Земјоделски комбинат Пелагонија Битола 7,41%
3. Макстил Скопје 6,25 %
4. Комерцијална банка Скопје 5,53%
5. Тутунска банка Скопје 2,49%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг
Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.
„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.
На противкандидатите им честиташе за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот кој е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.
Рече дека е горд на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.
„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоивме повеќе од 80.000 гласови. Регистриравме субјект кој постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблираше на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади членови, а да освоите над 80.000 гласови. Искрено сум горд на секој тој еден глас што дојде, како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.
Порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој освои повеќе 100.000 гласови помалку од Гордана Сиљановска-Давкова.
„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.
Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.
Македонија
ДИК: Сиљановска Давкова освои 324 177, Пендаровски 161 393 гласа по обработени 89,97 отсто
Стево Пендаровски освои 161 393 гласа, 19,90 отсто, Гордана Сиљановска Давкова 324 177 односно 39,97 отсто од гласовите, Стевчо Јакимовски освои 7.499 односно 0,92 отсто од вкупниот број на гласовите.
Кандидатот Бујар Османи освои 110 903, односно 13, 68 отсто, Билјана Ванковска 35.949 односно 4,43 отсто од гласовите, Арбен Таравари 78.110 илјади односно 9,63 отсто, Максим Димитриевски 70,996, односно 8,75 отсто од гласовите се резултатите од обработените 89,97 отсто од гласовите, извести претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Тој додаде дека изборниот процес поминал мирно и достоинствено и смета дека 99 отсто работите поминале како што треба.
Македонија
Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови
„Влен“ е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците, изјави Билал Касами на прес конференција.
„Добитници на овие избори сме ние, коалицијата „Влен“. ДУИ има купено гласови од загрозените гласачи кои имаат потреби од пари. „Влен“ ги доби гласовите на Албанците, вели Касами.
„ДУИ го загуби последниот легитимитет да зборува во име на Албанците, затоа на 8 мај ние ќе победиме. Овој резултат и во мандати не е голема разлика со ДУИ и на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза. ДУИ успеа да ја загуби последната можност, еден кандидат Албанец да биде избран на директни избори во 2024 година. Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија. Ако биле заинтересирани Албанец да оди во вториот круг сигурно ќе беа координирани со нас и ќе беше возможно да биде избран Албанец. Затоа мислиме дека вредеше оваа борба“, рече Касами.
Тој се заблагодари на сите што го гласаа кандидатот Арбен Таравари и додаде дека ДУИ има изгубено гласови од помалите етнички заедници и од загрозените граѓани.
Таравари кажа дека коалицијата подоцна ќе разговара за тоа кому ќе ги даде гласовите во вториот круг на претседателските избори.