Македонија
Нема грип во Македонија
Новиот грип засега не е регистриран во Македонија, иако светската здравствена организација (СЗО) е на чекор од прогласување на пандемија
Новиот грип засега не е регистриран во Македонија, иако светската здравствена организација (СЗО) е на чекор од прогласување на пандемија.
Националниот Комитет за пандемиски грип на Република Македонија со којпретседаваше претседателот на Владата Никола Груевскисиноќа во Mинистерството за здравство одржа состанокза состојбата со новиот вирус на грип А(H1N1).
Премиерот Груевски најави дека ќе се набават 100.000 кутивчиња од лекот „тамифлу“ во случај грипот да се прошири во Македонија и оти 100.000 ќе бидат резервираниимајќи ја предвид брзината на ширење на вирусот.
Ветеринарната управа одлучи повторно дадозволи увоз наживи свињи, а предвидено е три термо камери да бидат монтирани на скопскиот аеродром и на два гранични премини .
Македонија има човечки, сместувачки и лабораториски капацитети да одговори на првиот бран на идентификација на грипот, оцени деновиве претставничката на СЗО во Македонија Марија Кишман.
Инаку во епицентарот на заразата Мексико, досега починале 12 лица, а 312 се заболени.
Вирусот на новиот грип А, како што го нарече СЗО е потврден во САД, каде има најмалку 118 заболени е една жртва.
Присуство на болеста потврдија и Канада (34), Германија (4), Британија (8), Израел (2), Нов Зеланд (4), Шпанија (13), Австрија (1), Костарика (2), Холандија (1) и Швајцарија (1).
Засега непотврдени сомневања за присуство на заразени со грипот има и во Аргентина, Чиле, Колумбија, Данска Финска, Франција, Ирска, Италија, Јапонија, Полска, Португалија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Шведска и Австралија.
Покрај Македонија забрана за увоз на живи свињи воведоа и Бахреин, Белорусија, Кина, Хрватска, Екватор, Габон, Индонезија, Казахстан, Црна Гора, Филипини, Либан, Русија, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Украина и Обединетите Арапски Емирати.
Досега Аргентина, Куба и Перу забранија летови во Мексико./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците
Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места.
Денеска ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.
Гласањето за претседател започна во саботата, први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат наши граѓани кои живеат во странство а кои се пријавиле за гласање.
Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Македонија
Време денес повремено со пороен дожд и грмежи, температурата ќе достигне 14 степени
Вренето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено пороен и проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени, јавува УХМР.
Ветерот долж Повардарието ќе продолжи да засилува и во среда. Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и услови за грмежи. Потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.