Контакт

Македонија

Оштетени тетовски училишта

Објавено пред

Поголема материјална штета е предизвикана во две основни училишта во Тетово, во кои се искршени прозорските стакла, соопшти денеска полицијата

Поголема материјална штета е предизвикана во две основни училишта во Тетово, во кои се искршени прозорските стакла, соопшти денеска полицијата.

Според истиот извор, засега непознати сторители во текот на викендот ги оштетиле училиштата “Истикбал” и “Андреја Савевски-Кикиш”.

Во училиштето “Истикбал” биле искршени 33 прозорски стакла. Преку еден од скршените прозорци во приземјето, сторителите влегле во училиштето, насилно ја отвориле наставничката канцеларија, но при тоа не зеле ништо.

Се претпоставува дека ги барале училишните дневници.

Вкупната штета се проценува на околу 1.500 евра.

Оштетени биле и осум прозорци во училиштето “Андреја Савевски-Кикиш”. Сторителите не влегле во училиштето.

Причинета е штета од околу 100 евра.

Во друг инцидент, засега непознати сторители ги оштетиле бравите во основното училиштето “Луиѓ Гуракуќи” во тетовското село Желино./крај/с/ег/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ го осуди упадот на Трипуновски во подрачната единица на Министерството за земјоделство

Објавено пред

„Со упадот во подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство од страна на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски граѓаните на дело видоа што значи враќање на режимот. Однесувањето на Трипуновски е класично режимско однесување кое потсети на времињата на груевизмот кога ВМРО-ДПМНЕ ја малтретираше и се изживуваше со администрацијата“ соопшти СДСМ.

Според партијата, со неовластеното снимање на вработените во подрачната единица Трипуновски сторил грубо прекршување на Законот за приватност на вработени во јавен или приватен сектор.

„Ништо друго и не може да се очекува од кадар на Груевски, лице против кое се води кривична пријава за злоупотреба на службената должност и човек кој организира протести на лажни земјоделци.Неовластено снимање, упади, заплашување малтретирање и закани кон вработени во администрацијата, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар надвор од насилничката, режимска матрица и затоа се што може да очекува на 12 април е нов убедлив пораз.СДСМ и граѓаните нема да дозволат администрацијата да биде заплашувана, уценувана и понижувана од кого било а најмалку од кадри на Мицкоски и Груевски“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се одржа првиот меѓувладин состанок на Комитетот за управување со сливот на Охридското езеро

Објавено пред

Во Охрид се одржа првиот меѓувладин состанок на Комитетот за управување со сливот на Охридското езеро, согласно договорот меѓу Владата и Советот на министри на Република Албанија, потпишан 2004 година.

Состанокот го отвори градоначалникот на град Охрид, Костантин Ѓеоѓиевски а поздравни говори имаа и министерот и претседател на Националната комисија за УНЕСКО – Едмонд Адеми и претставниците од Албанија. За време на пленарниот состанок за претседавач на Комитетот беше избран Костантин Ѓеорѓиевски,а за секретар градоначалникот на општина Поградец,Илир Џаколи.

Во продолжение беше усвоен деловникот за работа на Комитетот и се дискутираше за посетата на Реактивната мисија на УНЕСКО во Северна Македонија и Албанија, која треба да се оствари на крајот од овој месец.Воедно, беше одлучено наредниот состанок да се реализира во текот на месец јуни 2020 год.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ : Повеќе нема присилно извршување за социјално загрозените граѓани

Објавено пред

„СДСМ продолжува со реализацијата на одговорните политики кои обезбедуваат подобар животен стандард за граѓаните и го враќаат достоинството.Измените во законот за извршување, усвоени во Собранието на предлог СДСМ, особено се во интерес на загрозените категории на граѓани, чии приходи целосно се изземаат од присилно извршување“, соопшти партијата.

Според СДСМ, примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита,примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на возрасните лица, отсега целосно се изземаат од присилно извршување.

„Со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана од примањата на граѓаните.Наместо досегашните 1/3 од примањата, износот кој може да биде извршен се намалува на 1/5 од плата или пензија за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.

Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не енормни, само така ќе изградиме фер и праведно општество.
СДСМ како одговорна партија спроведува политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на семејните буџети и подобар животен стандард за сите“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија22 минути

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија58 минути

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Нема функционер на СДСМ што не си ја вработил цела фамилија во администрација

Eпидемија на непотизам владее во Македонија. СДСМ го цеди буџетот и безмилосно ги троши парите на граѓаните за вработување сопруги,...

Свет2 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт2 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет2 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет15 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа17 часа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија18 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа20 часа

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет22 часа

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион23 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ24 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет24 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија1 ден

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија1 ден

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет1 ден

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион1 ден

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет1 ден

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Досие