Македонија
Промет од 300 илјади евра
Вкупниот промет на македонската берза за хартии од вредност во вторникот изнесуваше 18.434.684,84 денари (околу 300 илјади евра)
Вкупниот промет на македонската берза за хартии од вредност во вторникот изнесуваше 18.434.684,84 денари (околу 300 илјади евра)
На официјалниот пазар прометот беше 16.422.261,84 денари со реализирани 126 трансакции. Редовниот пазар при реализирани 30 трансакции оствари промет од 2.012.423,00 денари.
МБИ-10 продолжи со опаѓачкиот тренд со намалување од 2,91%, а вредноста се позиционираше на 2.577,35 индекни поени. МБИД се зголеми за 0,34% и оствари вредност од 2.399,36 индексни поени. ОМБ се намали за 0,18% со што вредноста му опадна на 104,81 индексни поени.
Најтргувана хартија од вредност на берзата беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 7.432.061,71 денари и реализирана количина од 156.450 обврзници. Просечната цена изнесуваше 77,63% од номиналната вредност што е намалување за 0,66% од претходниот трговски ден.
Акцијата на Комерцијална Банка како втора по обем на тргување од официјалниот пазар оствари промет од 3.168.791,00 денари. Просечната цена од 2.553,42 денари оствари подлабок пад од 6,31% при истргувани 1.241 акции. Максималната цена која се постигна изнесуваше 2.599,00 денари а минималната 2.521,00 денари.
Акцијата на Алкалоид оствари промет од 1.567.269,00 денари при што преку 29 трансакции беа истргувани вкупно 350 акции. Просечната цена изнесуваше 4.477,91 денари со нејзино намалување од 1,43%.
На редовниот пазар најмногу се тргуваше со акцијата на Македонски Телеком а прометот изнесуваше 594.245,00 денари. Се оформи просечна цена од 352,04 денари чие опаѓање изнесуваше 1,86%. Вкупно се истргуваа 1.688 акции.
Со акцијата на ПОЛИ МЗТ Скопје се оствари промет од 380.000,00 денари. Просечната цена која остана непроменета изнесуваше 4.000,00 денари при истргувани 95 акции./крај/мп
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Р.Македонија – Денационализација 08
2. Комерцијална Банка Скопје
3. Алкалоид Скопје
4. Реплек Скопје
5. Гранит Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 8,91%
2. ТТК Банка Скопје 0,12%
3. Р.Македонија – Девизни Влогови 0,11%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Комерцијална Банка Скопје 6,31%
2. Попова Кула Демир Капија 6,08%
3. Жито Лукс Скопје 4,35%
4. Гранит Скопје 3,02%
5. Стопанска Банка Скопје 2,86%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Велковски: Работничките права не се почитуваат, платите особено во здравството не се системски уредени
Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со претставници на повеќе грански синдикати, членови на Конфедерација на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ) на која работна средба се разговараше за проблемите со кои се соочуваат синдикатите и вработените во областа на здравството, одбраната, полицијата, Македонски железници и рударството.
„Работничките права не се почитуваат, платите особено во здравството не се системски уредени а големи се и проблеми поврзани со функционирањето на синдикатите во последните неколку години. Ова се клучните работи кои беа истакнати од страна на претставниците на синдикатите“, вели министерот Велковски.
Министерството за труд и социјална политика ќе преземе активности во насока на системско решавање на настанатите состојби и воспоставување на вистински партнерски дијалог помеѓу МТСП и Синдикатите, нешто за што се заложи и министерот Ѓоко Велковски.
Македонија
Левицата: Бугари во Уставот е предавство, на денешен ден почна бугарската фашистичка окупација на Македонија
,,На 18 април 1941 година, со одборение на Хитлеровата врховна команда, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија“, велат од Левица.
„Овој историски факт, под рефлекторите на денешното политичко препрочитување на историјата на Македонија, Бугарија настојува овој настан од историјата наместо окупација еуфемизирано да се третира како администрирање со Македонија. Но, историските факти говорат друго! Затоа во очи на претстојните парламентарни избори, направете го вистинскиот избор и гласајте за Левица, единствената партија која се залага за раскинување на договорот со Бугарија“, посочуваат оттаму и додаваат:
„Гласајте за Левица, затоа што Бугари во Устав е предавство!”, изјавија од Левица.
Македонија
Таравари: 800 евра минимална плата, економијата и емиграцијата бараат одговори
Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа, бидејќи на сите избори мнозинството гласови ги имала опозицијата.
„Претседателските избори се одржуваат во среда на 24 април, бројот 6 е број на промената која вреди. Каде и да одиме во кампањата, а сме отишле низ цела држава, гледаме дека најголем проблем е сиромаштијата, поскапувањето, невработеноста или ниските плати. Условите за живот станаа потешки. Ова го предизвикува и другиот многу голем проблем што го имаме. Емиграцијата на младите. Младите заминуваат токму затоа што платите се мали и тешко се наоѓа добра работа“, изјави Таравари.
Според него, економијата и иселувањето бараат одговори.
„Затоа, ние како коалиција ВЛЕН, во владата, мора да гарантираме и ќе гарантираме зголемување на минималната плата до 800 евра. Ја објавивме и дискутиравме за нашата претседателска програма, а на почетокот на следната недела ќе ја објавиме и програмата за парламентарните избори. Таа е единствената програма што вреди. Но, уште еднаш повторувам, за да дојде до промена, секој човек мора да биде посветен. Затоа што секој глас е важен. И го повикуваме секој гласач да излезе на денот на гласањето, за да ја гарантираме победата на промените“, изјави Таравари.