Македонија
89 нови случаи на Ковид-19 и двајца починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.221 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 59, Битола – 7, Кавадарци – 4, Охрид и Делчево по 3, Куманово, Прилеп, Штип и Берово по 2 и по еден заразен од Гостивар, Струмица, Кочани, Гевгелија и од Демир Хисар.
Од вкупниот број позитивни (89), регистрирани се 20 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (85 години). Починало во болнички услови. Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (70 години). Починало во домашни услови на 30 април годинава.
Во изминатото дноноќие регистрирани сe 87 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 30, Битола – 26, Охрид – 6, Прилеп и Ресен по 4, Штип и Кичево по 3, Гевгелија и Велес по 2 и по еден оздравен од Куманово, Берово, Струмица, Дебар, Валандово, Богданци и Кратово.
Направените 1.221 тест се преку: ИЈЗ-130, ЦЈЗ Скопје-89, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-28, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, УК Пулмологија со алергологија –5, Институт за микробиологија–68, Жан Митрев (Филип Втори)-38, Авицена-25, Биотек-33, Систина-29, лабораторија Лаор-24, Синлаб-4, Ремедика-6, Плодност-13, Генеа-10, Никоб лаб-72, ВФВ медикал-8, Ели медика плус-6, Ројал медика–8, Спектра-ММ-3, Жан Митрев Струмица–2, Нова лаб дијагностика–3, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 560.
Досега во земјата се направени вкупно 2.035.877 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 310.684, бројот на оздравени пациенти е 300.761, на починати е 9.289, а бројот на активни случаи изнесува 634.
Според епидемиолошките анализи, ситуацијата по градови е следна:
Скопје 146.068, Активни 307
Куманово 16.653, Активни 14
Битола 15.525, Активни 112
Прилеп 14.184, Активни 30
Тетово 13.468, Активни 11
Кавадарци 10.670, Активни 26
Велес 9.781, Активни 11
Гостивар 9.597, Активни 12
Охрид 8.882, Активни 28
Струмица 8.071, Активни 8
Штип 8.037, Активни 12
Кичево 5.634, Активни 8
Кочани 5.084, Активни 6
Струга 4.723, Активни 5
Гевгелија 4.414, Активни 7
Неготино 3.685, Активни 6
Ресен 2.737, Активни 12
Свети Николе 2.626, Активни 2
Радовиш 2.530, Активни 1
Крива Паланка 2.415, Активни 2
Делчево 1.983, Активни 4
Дебар 1.674, Активни 0
Берово 1.663, Активни 3
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.393, Активни 2
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.021, Активни 1
Кратово 966, Активни 1
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 834, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ за „криминални парцели“: Лицето кое се спомнува никогаш не било во работен однос во партијата

И вака оркестрирано обвинителство од СДСМ не можеше да најде ништо спорно кај претседателот Мицкоски, лицето кое се спомнува никогаш не било во работен однос во партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на владејачката партија дека во случајот „криминални парцели” вмешани се соработници на Мицкоски.
„Со новите кривични пријави на органите на прогон излезе на површина и виделина дека и вака оркестрираното обвинителство не можеше да најде ништо спорно кај лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наспроти невистините диригирани од центрите под контрола на СДС.
Да потсетиме, СДСМ е партија која е осуден за клевета и лажни вести.
СДСМ според пресудата на Основниот суд треба да му се извини на претседателот Мицкоски за тоа што шири лажни вести и невистини.
Доколку имаше и најмал сомнеж, партиските обвинители и инспектори кои работат исклучиво по нарачка на СДС ќе направеа голем скандал од случајот. Наспроти тоа се докажа дека со месеци наназад центрите на СДСМ ја лажеа јавноста за што не е прв пат, исто како што нема да биде прв пат потребата да се извинуваат поради тоа.
Посоченото лице во случајот никогаш немал работен однос во ВМРО ДПМНЕ, а другото претставува фабрикувана и злонамерна лага од СДСМ да се одвлече вниманието од инфлацијата, поскапените производи, сиромаштијата, неуспесите на владата.
За разлика од СДСМ јасно кажуваме дека секој кој се огрешил прес законот треба да одговара низ законита и транспарентна постапка“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Македонија
СДСМ: Случајот ,,Криминални парцели” со кривични пријави, вмешани соработници на Мицкоски

„Криминалиот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои јавноста беше информирана пред локалните избори добива епилог.
Поднесени се кривични пријави против седум лица, дел од нив функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски.
Сите тие се сомничат дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра.
Аферата криминални плацеви води директно до Мицкоски и Белиот дворец.
Надлежните институции мора до крај да го расчистат овој криминал а одговорните да бидат соодветно санкционирани.
Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки“.
Соопштение на СДСМ
Македонија
Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ-ОА е уште една афирмација на македонскиот идентитет

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во парламентот во однос на одлуката за автокефалноста на МПЦ-ОА оцени дека иако сме секуларна држава, оваа одлука како историски факт има огромни импликации за иднината на нашата држава.
Тој истакна дека ова мислење го споделил и со архиепископот на православната црква, г. г. Стефан, на нивната средба бидејќи, како што рече, со ваквата одлука се затвори последното идентитетско прашање и се оствари историското заслужено и природно право православните верници во нашата земја да имаат канонски признаена и прифатена црква од заедниците во целиот православен свет.
„Оваа канонски исправна одлука со голема радост, што можеше да се види од сите верници, ја дочекавме на заедничка служба на претставниците на СПЦ и МПЦ како две рамноправни сестрински цркви. Македонските граѓани и македонските владици и целото општество со децении беа трпеливи, меѓутоа и истрајни да дојдеме до денот кога практично беше објавен почетокот на постапката за остварување на автокефалноста на нашата православна црква“, рече Ковачевски.
Тој констатира дека во историскиот чин за прифаќањето на МПЦ-ОА како канонска и автокефална црква се вградени и големите дела и на светите Кирил и Методиј, на свети Климент, меѓутоа и на сите историски црковни достојници, кои ја претставувале нашата црква пред граѓаните.
Тој изрази признание дека во донесувањето на оваа одлука учествуваа и редица наши истакнати дејци во историјата и во нашето современие, кои учествуваа во решението на идентитетското финално прашање на македонскиот православен народ.
„Од духовните плодови и придонесите што нашите големци во историската низа на нашиот континуитет го правеле, денес Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици и никој нема повеќе дилеми и никој повеќе тоа не го оспорува“, додаде Ковачевски.
„На оваа одлука, посочи Ковачевски, исто така гледам и како на унапредување на традиционалното добрососедство со Република Србија и со српскиот народ. Тоа е и гест на уште една подадена рака за заеднички просперитет на нашите земји, нашите држави, на нашите граѓани и чин што покажува како треба да се градат односи во регионот на држави и граѓани што одат напред“, потенцира претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.