Контакт

Македонија

Македонскиот јазик да се изучува во Србија

Објавено пред

Воведување на македонскиот јазик како факултативен предмет во училиштата во Србија, побара новиот амбасадор на Макеоднија во Белград

Воведување на македонскиот јазик како факултативен предмет во училиштата во Србија, побара новиот амбасадор на Макеоднија во Белград Љубиша Георгиевски.

Барањето, како што пренесува Макфакс, било упатено на средба на амбасадорот Георгиевски со локалните власти во Војводина.Амбасадорот Георгиевски на средбата потенцирал дека во Србија живеат околу 14,000 лица, кои се изјаснуваат како Македонци, но мал е бројот на оние кои го научиле мајчиниот јазик.

Според Георгиевски, изучувањето на македонскиот јазик, како факултативен предмет, е „начин јазикот и историјата на македонскиот народ во Србија да се оттргнат од заборав“./крај/б/мс/ег/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Богоевски: Левица има повеќе од 30.000 евра во пропаднатата банка „Еуростандард“

Објавено пред

Поранешниот пратеник во Собранието Павле Богоевски на својот профил на Фејсбук напиша дека партијата Левица има повеќе од 30.000 евра во пропаднатата банка „Еуростандард“, што се гледа од партиската сметка на изборите, која е со кодот на банката.

„Извесно е дека правното лице Политичка партија Левица има депозит поголем од 30.000ЕУР во Еуростандард Банка. Партиската сметка за изборите е со код на Еуростандард Банка,“ вели Богоевски во објавата, која е своевиден одговор на денеска соопштените заложби на лидерот на Левица Димитар Апасиев за „антилихварско законодавство“.

„Затоа се изненадив кога димчевистиве со молскавична брзина се потресоа во име на „обесправениот работник и граѓанин“. Профата со 10,00 просек не ги забележал предупредувачките знаци кои ги забележале многу други и си ги повлекле сретствата. Затоа и во моментот на пропаѓањето само 74 ентитети имале депозити поголеми од 30.000 ЕУР во Еуростандард Банка. Па сега уште и пампари со некави реформи за „антилихварско банкарство“.

Да се разбереме – пропаѓањето на Еуростандард е трагедија која ќе ги влоши и искомплицира животите на голем број граѓани кои имаат заштедено во банката и ќе ја загрози ликвидноста на голем број фирми. Дополнително, Менаџментот и тимот на Еуростандард низ годиниве имаат донирано огромни пари во хуманитарни цели и имаат помогнато на голем број луѓе и ако ништо друго – од тој аспект ми е жал што повеќе нема да бидат на сцената и што броен и професионален кадар ќе треба да бара нови работни места.

Ама друштво – парите на ВИСТИНСКАТА работничка класа, таа што нема депозити поголеми од 30.000 ЕУР – се заштитени и ќе бидат директно обесштетени. Сретствата ќе може да си ги побараат и останатите доверители преку стечајната маса, ама за жал тоа ќе оди подолго и потешко. Тоа е реалноста.

Многу ми е криво што ќе му заглават парите на димче ама нели левица беше партија од народот за народот на која не и’ требаат тешко заработените пари на граѓаните???

Во меѓувреме со најавените реформи на банкарскиот сектор димче ќе може само да се слика и да држи пресови – бидејќи тој текст никогаш нема да биде преточен во Закон. И тој го знае тоа, ама не му е важна ниту реформата, ниту граѓаните – туку само публицитетот кој ќе си го добие пенавејќи се на сметка на „лошите капиталисти“.

А да – очигледно и многу му е гајле за парите на обесправените граѓани, се’ додека тој лично е „најобесправениот,“ напиша Богоевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хелсиншки комитет: Итно да се создадат услови за образование и на децата со попреченост

Објавено пред

Надлежните мора итно да создадат услови за образование на децата со попреченост, порачаа од Хелсиншкиот комитет за човекови права, од каде укажуваат дека уште со почетокот на пандемијата на Ковид-19, децата со посебни образовни потреби, а особено децата со попреченост, се соочле со бројни предизвици во образовниот процес.

Онлајн платформите за учење на далечина во нашата земја, кои го заменија редовното образование ги исклучуваа најголемиот дел од децата со попреченост. Организацијата на Обединетите нации укажа на опасноста од зголемена ексклузија на децата со попреченост во процесот на образование како резултат на моменталната криза. Се проценува дека децата со попреченост ќе имаат најмалку корист од примената на алтернативните решенија за учење на далечина, на што се надоврзува недостатокот од поддршка во домот, непристапноста до интернет, непостоењето на пристапен софтвер и наставни материјали.

„Со новиот Закон за основно образование, кој беше донесен пред точно една година и започна со примена во учебната 2019/2020 година, основното образование беше институционално, кадровски и содржински организирано да овозможи инклузија на сите деца во редовното образование. Меѓутоа, новата учебна година започнува за две седмици, а се уште не се донесени сите подзаконски акти кои требаше да обезбедат соодветна имплементација на Законот и инклузија на децата со посебни образовни потреби во образовниот процес од секој аспект. Дополнително, состојбата на пандемија само ги потенцираше бројните недостатоци во имплементацијата на Законот, за кои во неколку наврати алармираше и Хелсиншкиот комитет. Имајќи предвид дека се уште не е објавен оглас за избор на образовни асистенти, право кое во текот на претходната учебна година можеа да го користат само мал број деца од сите оние кои имаа потреба, постојат индиции дека и со почетокот на новата учебна година децата со попреченост нема да бидат во можност да го користат ова право“, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Оттука додаваат дека според препораките од Посебниот извештај на Народниот правобранител за предизвиците, проблемите и предностите на реализираната онлајн настава (далечинско учење) за учениците со попреченост во посебните основни и средни училишта, кој беше објавен на 10 август 2020 година, наставата за ученици со попреченост е најдобро да се изведува со физичко присуство на учениците во училиште, под директно водство од страна на наставниците и стручните лица, од причина што училиштето располага со потребните наставни, едукативно-дидактички материјали, средства, опрема и технички услови кои се неопходни за стекнување на знаења и вештини кај учениците, како и за нивен целокупен сестран развој.

На прагот на новата учебна година, се уште голем дел од учениците немаат пристап до интернет и компјутерска опрема, а немаат пристап ниту до соодветни наставни материјали за реализирање на онлајн настава, кои се од особена важност за децата со попреченост. Оттука, Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира до сите релевантни институции при донесувањето на одлуката за изборот на модалитетот на работа на училиштата во новата учебна година, да ги земат предвид и потребите на децата со попреченост односно да обезбедат соодветни услови за нивно непречено вклучување во образовниот процес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Велосипедизам на Осоговските Планини и обнова на планинарскиот дом со средства од Европската Унија

Објавено пред

Извршен беше увид во градежните работи на проектот „Планински велосипедски рај“ на Осоговските Планини, кој се реализира со средства за локална и регионална конкурентност, финансиран од грант од Европската Унија.

За проширување на туристичкиот потенцијал и за создавање услови за развој на авантуристичкиот туризам на Осоговските Планини, со овој проект се предвидени вкупно 30.674.272 денара, од кои 10 проценти се учество на Општина Кочани.

Увидот го извршија вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, преставникот на ЕУ, Никола Бертолини, и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кои одржаа и работен состанок.

Целта на проектот „Планински велосипедски рај“ е да развие уникатно планинско авантуристичко искуство. Тоа ќе се овозможи со изградба и обновување велосипедски планински патеки, обновување на планинарскиот дом и развој на други услуги за поддршка на овој вид туризам.

На состанокот се разговараше и за развој на други инфраструктури проекти во општина Кочани, кои се значајни за подобрување на туризмот и условите во општината.

Преку проектот за Ллокална и регионална конкурентност досега се потпишани 61 договор за реализација на проекти со кои се инвестира во секторот туризам во целата држава. Од нив, 25 се целосно завршени, а во тек е реализацијата на уште 36.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ30 минути

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Македонија53 минути

Хелсиншки комитет: Итно да се создадат услови за образование и на децата со попреченост

Надлежните мора итно да создадат услови за образование на децата со попреченост, порачаа од Хелсиншкиот комитет за човекови права, од...

Топ2 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија2 часа

Апасиев најавува предлог мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по...

Македонија3 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ3 часа

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Свет4 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет4 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет6 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет15 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет15 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа17 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија18 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија18 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ20 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија20 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија22 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија23 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија23 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Досие