Контакт

Македонија

Кампања за заштита на жртвите на Мобинг

Објавено пред

Заштита на вработените жртви на Мобинг – малтретирање на работните места, како и застапување на нивните права

Заштита на вработените жртви на Мобинг – малтретирање на работните места, како и застапување на нивните права е цел на проектот на невладини организации, претставен денеска во Скопје. „Мобинг – Информирај се и препознај го” е мотото на организацијата која се залага за заштита на жртвите на работни места и дискриминарите работници. Во овој проект се вклучени здруженија на граѓани од Скопје, Тетово, Гостивар и Штип.Главна цел е проектот да создаде мрежа на прва генерација на здруженија на граѓани, кои ќе ги застапуваат правата на жртвите на „мобинг”, преку обуки кампањи и размена на искуства, рече денеска на прес конференција во Скопје раководителката на проектот  Катерина Миленкова.Во проектот ќе бидат е вклучени и организации од други градови, но и работодавачи во јавните институции и приватните компании, вработени и невработени,  како и претставници на трудова инспекција, психолози, психијатри, лекари, правници, претставници на општините и министерствата . Активности ќе се реализираат низ тренинг работилници, кампањи и други активности, а подготвена е и интернет страница -њњњ.моббингнет.орг, која веќе е достапна за заинтересираните./крај/р



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Стоилковски: Чекаме реакција од Јавното обвинителство да го испита случајот со уништениот инсулин

Објавено пред

Аферата со уништување на инсулин покажува дека се фатени живи во сомнеж за постоење на криминал. Документите несомнено покажуваат дека уништен е инсулин со валиден рок на траење. А, сето ова отвора простор за кривично гонење од основното јавно обвинителство, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Аргументите на министерството за здравство се лажни и неуверливи. Јавно ги повикуваме да го објават датумот кога уништениот инсулин е набавен. Ако се знае дека нема инсулин со рок на траење поголем од две години, а уништениот имал рок на траење уште 6 месеци, јасно е дека инсулинот е набавен во време на оваа власт. Дополнително министерството за здравство нема никакво образложение за причините зошто тој инсулин го прогласува за сомнителен.

Напротив ова е известување на Aгенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) од октомври 2017-та година, што покажува дека е направена анализа на инсулинот при што констатирала дека инсулинот е во одлична состојба и не се најдени никакви недостатоци.

Известување за Инсулин

Го повикувам Венко Филипче да каже кога е произведен инсулинот кој беше уништен, а беше со рок до 6-ти односно до 7-ми месец 2020 година. Ова известување на Агенцијата покажува дека Венко Филипче лаже кога тврди дека порано е набавуван инсулин со сомнителен квалитет. Ова не непобитен доказ дека е уништен здрав инсулин. Ова отвора сомнеж дека владата и Филипче уништиле здрав инсулин за да има нов тендер каде добитник ќе биде компанија блиска до власта. Филипче треба кривично да одговара за овој скандал.

Јавното Обвинителство би требало да реагира согласно нивните обврски, да реагира по допрен глас. Да реагира по се што е укажано од ВМРО-ДПМНЕ досега неколку пати го има посочено Јавното Обвинителство како место каде што се закочува правото и правдата и се отвора сомнеж за правната држава во оваа земја. Злоупотреба на службена должност не е само се сработи нешто, туку и непостапување е кршење на службената должност во Јавното Обвинителство. Чекаме одговор од Венко Филипче, а чекаме и реакција од Јавното Обвинителство да го испита случајот“ порача Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата а парите ги направив во евра

Објавено пред

По паузата во Кривичниот суд во Скопје продожи судењето за предметот „Рекет”, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа била девизен референт и благајничка во фирмите на Камчеви.

На прашање на обвинителката Вилма Русковска, Бошковска одговори дека во декември 2018 и февруари 2019 година вадела поголема сума пари од сметките на Ана Камчева, Ратка Камчева и Христина Камчева. Во три наврати извадила 12 милиони, и уште двапати по пет милиони денари.

“Вадев поголема сума од приватната сметка на Ана Камчева и Ратка Камчева. Јас тие пари требаше да ги направам во евра” рече сведокот.

Таа кажа дека во февруари 2019 година извадила од сметките на сестрата и мајката на Камчеви, 18 и 21 милион денари.

“Со обезбедување дојдов во менувачницата и ги направив во евра. Влегов од задната врата. Парите ги средивме со спецификација по апоени. И си отидов пак од задната врата”, рече Бошковска.

Таа кажа дека не го видела ниту еднаш Бојан Јовановски и дека ги видела снимките од броењето на парите. Додаде дека се сеќава оти 80% од парите биле со банкноти од по 50 евра и дека спецификацијата не била по сериски броеви, туку по банкноти.

Следното рочиште за „Рекет” е закажано за 25 декември кога треба да сведочат Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Влатко Бошков.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев и Борисов си закажале средба по Нова година, конкретни чекори за договорот со Бугарија по изборите

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов вчерашната куса средба на носачот на авиони „Хари С. Труман“ ја искористите да си закажат нова средба, по Нова година на која ќе се обидат да најдат решение за напредок за блокираните преговори за историските прашања, брифираат извори од Влада.

На последниот состанок Комисијата за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија не најде решение за средниот век во учебниците и за чествувањето на Гоце Делчев.

„Ќерката на премиерот студира во Софија. Тој планира да ја посети, а посетата ќе ја искористи и за средба со премиерот Бојко Борисов. Тој повеќе нема да е премиер, но на средбата ќе оди како политичар. На средбата е можно да дојде и министерот Никола Димитров, а планот е да поразговараат како во иднина да го одблокираат процесот на преговори. Конкретни чекори ќе има по изборите оти не е пожелно за време на избори да се решаваат вакви прашања“, велат од Владата.

Преговорите се во ќор-сокак, како што велат од Владата, поради тоа што сите сакаат од овие преговори да излезат како победници, посебно по прашањето за Гоце Делчев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата а парите ги направив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје продожи судењето за предметот „Рекет”, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија1 час

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија3 часа

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија3 часа

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија3 часа

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија3 часа

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија4 часа

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет4 часа

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет5 часа

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет5 часа

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет6 часа

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија17 часа

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион21 час

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ22 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија22 часа

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Македонија22 часа

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата...

Македонија1 ден

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени...

Регион1 ден

Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што...

Спорт1 ден

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на...

Свет1 ден

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулканот, секунди пред ерупцијата

Веб-камера открила најмалку десет туристи во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд, во момент пред ерупцијата, пренесуваат...

Досие